fbpx
Таг: Холандија

таг: Холандија

По 208 дена преговори, Холандија ќе добие влада

Лидерите на четири холандски партии денеска постигнаа договор за нацрт-програмата на новата коалиција на десниот центар, по 208 дена преговори. Лидерите утринава ја напуштиле преговарачката маса за да им го претстават коалициониот план на пратениците од своите партии, кои може да сугерираат промени. Се очекува премиерот Марк Руте утре официјално да ја претстави програмата на новата влада, заедно со лидерите на...

Димитров и Кундерс потпишаа декларација за соработка меѓу Македонија и Холандија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот холандски колега, Берт Кундерс, денеска во Хаг потпишаа Декларација за партнерство и за соработка меѓу Република Македонија и Кралството Холандија. - За кратко време покажавте големо лидерство во враќањето на Македонија на европскиот пат – изјавил Кундерс по потпишување на декларацијата. Декларацијата предвидува двете земји да продолжат со унапредувањето на заемната соработка за...

Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, соопшти владината прес-служба. На денешната агенда на македонскиот премиер е предвидена средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Виетнам, Фан Бин Мин, како и кратка средба со премиерот на Непал, Шер...

Токсични јајца пронајдени во дури 40 земји

Европска Унија денеска соопшти дека дури во 40 земји, меѓу кои 24 се членки на ЕУ, биле пронајдени јајца контаминирани со „фипронил“. Претставникот на Европската комисија, Вијтенис Андриукаитис, кој е задолжен за здравје и за безбедност на храната, денеска изјави дека само во четири од 28 членки на ЕУ немало јајца заразени со токсичниот инсектицид „фипронил“. Земјите кои не се погодени...

Нова дипломатска војна – Унгарија го повлекува амбасадорот од Холандија

Унгарија го врача амбасадорот од Хаг „на консултации“ после острите критики кои холандскиот амбасадор во Будимпешта ги упати кон унгарската влада. - Унгарија го повика на консултации својот амбасадор во Холандија – соопшти шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Холандскиот амбасадор, Гајус Шелем, кој го завршува својот мандат во Будимпешта, во интервју за еден унгарски неделник ги спореди методите на премиерот...

Апсења во Холандија поради скандалот со затруените јајца

Две лица се уапсени во Холандија во рамки на истрагата за затруените јајца под сомневање дека нелегално користеле инсектицид фипронил на живинарските фарми. Холандското обвинителство соопшти дека двајцата осомничени се директори на компанијата која, наводно, го користела фипронилот на фармите. Иако нема извештаи дека некој се разболел, обвинителите рекле дека имаат докази дека јавното здравје е загрозено со „примената на биоцидот...

Во пожар во Шевенинген, загина еден затвореник

Еден затвореник загина во пожарот кој изби во притворска единица во Шевенинген, соопшти холандското министерство за правда. Како што јавуваат холандските медиуми, пожарот избил во психијатрискиот оддел на притворската единица во рамки на комплексот. Еден маж почина во својата ќелија како последица на пожарот, соопшти министерството за правда, наведувајќи дека станува збор за психијатриски оддел на казнената установа. Идентитетот на настраданиот не...

Димитров: Нашиот пат е премногу долг, но следува клучен период

Нашиот пат можеби е премногу долг, но следува клучен период. Следува период во кој во Македонија мора да завладее правото. Во Македонија мора да се зајакнат институциите. Македонија мора да ги исполни овие предуслови за конечно да стекнеме полноправно членство во ЕУ и НАТО. Оваа нова Влада на Република Македонија е одлучна да ги спроведе неопходните реформи. Со таква порака...

Џафери – Пломп: Да има експерти во собраниските комисии за поквалитетни закони

Поголема транспарентност и видливост на Собранието, како и можност за поголема вклученост на експертите во работата на собраниските комисии, биле дел од темите на кои на денешната средба разговарале претседателот на Собранието, Талат Џафери, и амбасадорот на Холандија во земјава, Ваутер Пломп. Пломп, како што се наведува во соопштеноето од Собранието за средбата, ја пренел пораката за подготвеноста на холандската...

Холандските туристи ја отворија летната сезона во Охрид

Првиот сезонски чартер-лет со 180 патници од Амстердам, кои допатуваа со авиокомпанијата „Корендон“ на аеродромот „Св. Апостол Павле“, ја отвори летната сезона во Охрид. - Покрај редовните линии кои ги имаме преку целата година на охридскиот аеродром – за Базел, Цирих и за Лондон, како и традиционалните чартер-летови од Холандија, ова лето ќе продолжат сезонските летови кои ги отворивме во...

Наместо нови избори – нова влада, порачаа Пломп, Стефансон и Јазбец

Амбасадорите на Шведска, на Холандија и на Словенија, Матс Стефансон, Ваутер Пломп и Милан Јазбец, денеска порачаа дека Брисел не гледа потреба за одржување на нови предвремени парламентарни избори, особено зашто последните биле оценети како фер и слободни, а новите избори би значеле само продлабочување на политичката криза во Македонија. - Изборите што се одржаа во декември беа слободни и...

Парламентарни избори во Холандија

Изборните места во Холандија се отворени утринава, а резултатите од овие парламентарни избори со нетрпение се очекуваат во Европа поради тоа што тие би можеле да бидат индикатор за силата на крајната десница пред изборите во Франција и во Германија, кои треба да се одржат во текот на годинава. Во анкетите пред изборите, најдобро котираше актуелниот премиер Марк Руте со својата...

Специјалците во Ротердам имале дозвола да пукаат во турскиот конзулат

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, соопшти дека специјалните сили кои во саботата вечерта ги испрати во турскиот конзулат во градот, каде се наоѓаше турската министерка за семејни прашања, Фатма Бетул Сајан Каја, имале дозвола да отворат оган доколку тоа било потребно. Градоначалникот на овој холандски град синоќа за холандска телевизија рече дека пратил специјална единица за вооружена интервенција во турскиот...

Повикот за смирување од ЕУ нема важност за Анкара

Министерството за надворешни работи на Турција ја нападна Европската Унија затоа што побара од Анкара да се воздржи од несоодветни изјави. Од Анкара се наведува дека е многу лошо што европскиот блок ја поддржал Холандија, која, како што сметаат во Турција, ги прекршила човековите права и европските вредности. Во соопштението на турското министерство за надворешни работи, се наведува дека Европската Унија се...

Столтенберг повика да се смират страстите меѓу Турција и Холандија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги повика Турција и европските земји членки на Алијансата, да ги смират тензиите поради дипломатската криза што настана меѓу Холандија и Турција. - Ги повикувам сите сојузници на меѓусебно почитување и на умерен пристап кон решавање на тензиите – рече Столтенберг на прашање за дипломатската криза во односите на Турција со Холандија и со Германија. Тој...

Турција упати протестна нота до Холандија

Официјална Анкара денеска на холандскиот дипломатски претставник во Турција му врачи нота со која протестира поради акцијата на полицијата во Ротердам, против „турските демонстранти во текот на изминатиот викенд“. Во протестната нота, како што соопшти турското МНР, се наведува дека полициската интервенција била несразмерна и се бараат правни мерки поради непримерното однесување на полицајците. Холандската полиција вчера со употреба на водени...

Холандија ја забрани посетата на Чавушоглу

Холандската влада денеска ја повлече дозволата за слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, требаше да пристигне на митинг во Ротердам, јави телевизијата „Си-ен-ен Турк“. Причината за ваквата одлука, како што стои во образложението од холандската влада, е стравот дека престојот на Чавушоглу во Ротердам би можел да ги загрози јавниот ред...

Чавушоглу е непожелен во Холандија

Холандската влада смета дека планираната посета на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, е „непожелна“, изјави шефот на холандска дипломатија, Берт Кундерс. Тој наведе дека холандската влада нема да пружи никаква помош доколку Чавушоглу в сабота, сепак, дојде во Холандија за да учествува на митинг за поддршка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Кундерс рече дека „владата е...

Пратка кокаин вредна 145 милиони евра запленета во Германија

Во пристаништето Хамбург службеници на германската царина фатиле пратка од 717 килограми кокаин, која доколку била продадена на улица, според проценките, би донела 145 милиони евра за шверцерите. Шефот на истражната канцеларија во царината во Хамбург, Рене Мачке, за германските медиуми изјавил дека тоа е најголемата поединечна заплена на дрога во историјата на Германија и дека кокаинот бил со...

Амбасадорот Пломп твитна слика на билборд од Хаг со реклама за одмор во Охрид

Холандскиот амбасадор во земјава, Ваутер Пломп, на својот твитер-профил сподели слика од реклама за туризам во Македонија на билборд во Холандија. „Заебележано во Холандија (сликано од возот Хаг - Лајден) дестинација за одмор #Македонија #Охрид“, напиша Пломп на „Твитер“. На рекламата е претставен Охрид и се вели дека холандските туристи можат да добијат осум дена одмор за 189 евра. Рекламата е од тур-операторот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...