fbpx
Таг: Холандија

таг: Холандија

Поради нападот во Канада, затворени четири џамии во Холандија

Четири големи џамии во Холандија се привремено затворени од безбедносни причини, по вооружениот напад што се случи во џамија во Канада. Ваквата одлука била донесена на итен состанок на официјални лица од четирите големи џамии, по нападот што се случи во Квебек. На состанокот било одлучено дека поради загриженост за безбедноста, верниците нема да можат да ги извршуваат молитвите во џамиите во...

Видеопорака на Кундерс: Македонија е на крстопат, излезете и гласајте за својата иднина

За да се доближат до Европа, македонските гласачи треба да се заложат за владеење на правото, за слободни медиуми и против корупцијата, вели во видеопорака министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс. Тој ги повика македонските гласачи на 11 декември да излезат на гласачките места и да донесат одлука за иднината на земјата. „Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија....

Холандскиот парламент изгласа делумна забрана за носење бурка и зар

Долниот дом на холандскиот парламент го поддржа предлог-законот за делумна забрана за носење зар (дел од муслиманска женска облека што го покрива лицето) и бурка на јавни места, како што се школите, болниците и јавниот превоз, јавуваат светските медиуми. Ваквата мерка, која ја има владината поддршка, треба да помине и во холандскиот Сенат за да добие статус на закон. „Облеката што го покрива...

Холандскиот политичар Вилдерс не се појави на судењето

Почна судењето на холандскиот политичар Герт Вилдерс поради поттикнување омраза и дискриминација и тоа во негово отсуство. Неговиот адвокат рече дека Вилдерс нема да се појави во судот затоа што смета дека станува збор за политички процес. - Како политичар, имам право да зборувам за сè – порача Вилдерс. Лидерот на холандската Слободарска партија го опиша судењето како фарса и обид да...

Холандскиот парламент потврди: Судот за злосторствата на Косово ќе биде во Хаг

Долниот дом на холандскиот парламент го усвои предлогот на министерството за надворешни работи на Холандија, седиштето на Специјалниот суд за злосторствата извршени од поранешните членови на ОВК да биде во Хаг, пишува „Косово сот“. Функционер на холандското МНР рече дека не е сигурно колку долго Специјалниот суд ќе работи затоа што тоа зависи од бројот на обвиненија, но оти неговиот...

Заев и Пломп разговараа за изборниот процес

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. Тема на состанокот беше неопходноста од регуларен предизборен и изборен процес, како и програмата на СДСМ, која содржи мерки за надминување на економско-социјалните проблеми во Македонија. „Европската Унија бара да види добар и фер натпревар на изборите во декември е пораката што ја...

Странските инвестиции изнесуваат 122,92 милиони евра во првите шест месеци

Странските инвестиции во првите шест месеци од годината изнесуваат 122,92 милиони евра и се за 13,3 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, кога изнесувале 109,6 милиони евра, објави Народна банка. Најголем прилив на странски капитал во земјава во истиот период има од Германија и тоа 15 милиони евра, потоа следуваат Италија со 8,6 милиони евра, Луксембург со 9,7 милиони...

Холандската медицинска помош за поплавените пристигна во Скопје

Холандската донација на медицинска помош за поплавените денеска пристигна во Скопје, соопштија од Амбасадата во Холандија во Македонија. Холандија, по барањето за помош испратено од македонската Влада во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, донесе одлука за донирање на контингент медицински материјали во вредност од преку половина милион евра. Пратката, која се состои од...

Холандија донира медицинска помош вредна повеќе од 500.000 евра

Холандската донација на медицинска помош, вредна повеќе од 500.000 евра неделава ќе пристигне во Скопје, соопшти денеска холандската амбасада во Скопје на својата официјална страница на „Фејсбук“. „Штетите во некои реони се толку големи и затоа испраќаме медицинска помош. Многу е важно овие производи да стигнат што е можно поскоро во погодените места за да се превенира состојбата, да не...

Холандија изрази сочувство за жртвите од поплавите

Холандскиот mинистер за надворешни работи, Берт Кундерс вчера му прати писмо со сочувство на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово. „Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со...

Словачка од денеска го презема претседавањето со ЕУ

Словачка од денеска го презема претседавањето со Европската Унија, кое ќе трае до 1 јануари 2017 година. Претходните шест месеци со ЕУ претседаваше Кралството Холандија. Главна тема на која ќе биде фокусирана Словачка, во текот на своето претседавање со Унијата, ќе биде кризата по референдумот во Велика Британија, на кој граѓаните одлучија земјата да ја напушти ЕУ. Словачкиот министер за надворешни...

Холандскиот парламент рече „не“ за референдум за членството во ЕУ

Парламентот на Холандија денеска со големо мнозинство гласови ја отфрли иницијативата за организирање референдум за иднината на земјата во Европската Унија. Предлогот за одржување референдум за излез на Холандија од ЕУ го поднесе лидерот на десничарската популистичка Партија на слободата, Герт Вилдерс, кој по одлуката на Британците да ја напуштат Унијата вети дека ако следната година биде избран за премиер, ќе...

Министерот Попоски во посета на Холандија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска е во посета на Кралството Холандија, која е актуелен претседавач со Европската Унија. Од МНР информираат дека Попоски ќе има средби со шефот на дипломатијата на Холандија, Берт Коендерс, со претседателот и членови на комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент, како и со раководството на Институтот за надворешни работи во Клингендал, каде што ќе одржи предавање...

Котевски за „Мета“: ВМРО-ДМПНЕ е подготвена за техничка влада пред избори

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и има намера да го почитува Договорот од Пржино, кој предвидува формирање на техничка влада за организирање на избори кои треба да го трасираат патот за излез од политичката криза, изјави за „Мета“ директорот на Центарот за комуникации на владејчката партија, Иво Котевски, запрашан за коментар за последните најави на СДСМ за формирање на нова техничка...

Роберт де Хроут изрази загриженост за сегашната состојба

Генералниот директор за европска соработка, Роберт де Хроут, кој е претставник на ниво на заменик-министер за надворешни работи на Кралството Холандија ја посети Македонија со цел да разговара за моменталната политичка ситуација. Во рамките на посетата тој оствари средби со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, лидерите на политичките партии кои се потписници на Договорот од Пржино и...

Сите реакции на странците за кризата на едно место

Меѓународната заедница овие два дена ја поздрави одлуката на Уставниот суд за замрзнување на изборите и изборната кампања, но повика следниот чекор да биде целосно укинување на аболицијата. Ова се сите реакции по одлуката на Судот: Амбасада на САД во Македонија Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и евокомесарот за проширување Јоханес Хан Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг Британскиот амбасадор...

Холандија бара Иванов без одлагање да ја повлече аболицијата

Министерството за надворешни работи на Холандија целосно се придружува на изјавите дадени вчера од страна на Европската Унија и САД, пишува во соопштението испратено од амбасадата. „Холандија, која во моментов го има претседателството со Советот на Европската Унија, ги повикува сите страни сега да преземат одговорни, одлучни и инклузивни активности кои ќе ја изведат Македонија од тековната криза“, пишува во...

Амбасада на Холандија: Кундерс ја повтори загриженоста за состојбата во земјата

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, испрати писмо до четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, во кое ја повторува загриженоста на ЕУ и на Холандија, како актуелен претседавач со Унијата, во однос на политичката ситуација во земјата, соопштија попладнево од амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. Во писмото, како што велат од амбасадата, Кундерс уште еднаш...

Холандските туристи ја најавија летната сезона во Охрид

Претпладнево, првите 180 туристи од Амстердам, Холандија, пристигнаа во Охрид на аеродромот „Св. Апостол Павле“ со чартер-летот на компанијата „Корендон“. Од „ТАВ Македонија“ истакнуваат дека се презадоволни што чартер-летовите со холандски туристи се реализираат веќе шеста година по ред. - Очекуваме ова лето „Корендон“ да носи туристи од Холандија, на почетокот со два лета неделно, а потоа во екот на сезоната, во...

Книгата „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“ од Мишо Јузмески и на холандски јазик

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе најновата книга од охридскиот писател и публицист Мишо Јузмески со наслов „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“. Книгата е објавена на холандски јазик, додека на оригиналниот македонски јазик беше објавена на почетокот од оваа година. Централна фигура е холандскиот писател и новинар А. ден Долард, најголемиот промотор на Македонија,...

Горел дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Пожар го зафатил домот за стари лица во селото Банско, синоќа околу полноќ, информира регионалниот Центар за управување со кризи од Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари...