fbpx

Книгата „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“ од Мишо Јузмески и на холандски јазик

-

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе најновата книга од охридскиот писател и публицист Мишо Јузмески со наслов „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“. Книгата е објавена на холандски јазик, додека на оригиналниот македонски јазик беше објавена на почетокот од оваа година.

Централна фигура е холандскиот писател и новинар А. ден Долард, најголемиот промотор на Македонија, заслужен за традиционалното холандско-македонско пријателство, кое од средината на минатиот век се остварува преку холандските туристи кои ја посетуваат Македонија.

Во поговорот, Холанѓанецот, Херард Пулвејк, кој е уредник и преведувач на книгата, пишува: „Скитникот, новинарот и писателот А. ден Долард своето срце му го имаше подарено на Балканот, пред сè на Македонија и посебно на Охрид. Како скитник им се насладуваше на земјата, луѓето, планините, фолклорот. Како новинар беше фасциниран од сложените политички состојби кои македонскиот народ со векови го држеа под власт на околните сили и во своите написи за регионот јасно и остро ја избра страната на експлоатираниот и поробен Македонец“.

– Во македонските срца израсна посебен однос со Холандија и со Холанѓаните. За таа врска и за благодарноста на Македонија кон тој посебен холандски писател станува збор во оваа книга, којашто, се надеваме, ќе си го најде патот до секој што има интерес за оваа земја со нејзината вековна историја и секако уште повеќе до Холанѓаните кои веројатно (повторно) се запознаваат со еден прочуен холандски писател, новинар и голем граѓанин на светот – вели авторот Јузмески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...