fbpx
Таг: градинки

таг: градинки

Граѓанските организации од Струмица направија пародија на проектот 140 градинки

Граѓанските организации од Струмица денеска направија пародија на проектот за изградба на 140 детски градинки, кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го најави минатата недела. На настанот тие кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ветува, а владата исполнува, па оттука ја пуштиле првата од 140 ветени градинки која ја нарекоа „Трета радост“. - Ние ќе направиме детски градинки во сите населени места, бидејќи во...

Груевски најави изградба на 140 градинки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, промовираше проект за изградба на 140 државни детски градинки, од кои 100 ќе бидат комплетно нови. Проектот, според проекциите, ќе чини околу 25 милиони евра. Груевски смета дека Владата предводената од ВМРО-ДПМНЕ изминативе години целосно се посветила на потребата од зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, односно отворање на нови детски...

ИЗИИС затвора училници и занимални, надлежните смируваат дека сè е нормално

Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) и денеска беше во посета на училиштата и на градинките низ градот за да ја увиди состојбата со објектите по земјотресите од неделата и од понеделникот. Од Институтот за денеска најавија целосен извештај за состојбата во училиштата и во градинките. Како што информираат, пак, од Општина Центар, регистрирани се напукнувања на малтерот во...

СДСМ: Аеродром ќе беше рајска градина ако 14 милиони евра се инвестираа за граѓаните

„Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на граѓаните на Аеродром. Своето 10-годишно расипничко трошење на парите на граѓаните, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, решил да го заврши со рајска градина со мајмуни и со желки, вредна 14 милиони евра“, обвинува советничката група на СДСМ од Аеродром. „Додека ЕЛЕМ молчи поради кои аргументи одобриле да се потрошат 14 милиони...

СДСМ: Учителки и негователки ги оставија децата поради парадите на Груевски

За денешната посета на Никола Груевски во Охрид, голем број вработени во јавната администрација и во локалната самоуправа биле принудувани да го напуштат работното место за да присуствуваат на настаните од неговата агенда, обвинија од општинската организација на СДСМ во Охрид. „Тоа е уште една потврда дека граѓаните го напуштија Никола Груевски. Осамен, Груевски ги принудува вработените во администрацијата и во...

Хонорарците и волонтерите во градинките ќе добијат решенија за вработување

Договорите за хонорарци и за волонтери ќе се трансформираат во редовен работен однос на 662 вработени во детските градинки во земјава. – Трансформацијата ќе се реализира во три фази, односно околу 230 согласности и договори за транформација ќе бидат потпишани веднаш или до крајот на овој месец, потоа во втората фаза се околу 220 договори и во третата фаза околу 200 договори....

Сo спортски активности до меѓусебно запознавање на ученици од различни етникуми

Учениците од различни етнички заедници од основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ од Гостивар, кои посетувале мултиетнички градинки „Мозаик“, денеска се дружеа и се рекреираа со спортски активности на училишното игралиште. Настанот е дел од проектот „Мозаик-модел за интегрирано мултикултурно образование“, што го спроведува организацијата Центар за заедничка основа од Скопје, во партнерство со Отворени забавни фудбалски школи. Главна цел на проектот...

СДСМ бара смена на директорката на градинката „ Јасна Ристеска“ во Охрид

СДСМ од Охрид, ја обвини директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, и од градоначалникот Никола Бакрачески побара нејзина смена. - Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја зголемила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари. Исто така, самоволно, преку ноќ, донела одлука престојот на дечињата да се плаќа однапред, пред први...

На Денот на дрвото градинките ќе згрижуваат деца

Министерството за труд и социјална политка соопшти дека утре ќе биде неработен ден за граѓаните на Република Македонија поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Од Министерството велат дека детските градинки ќе работат за родителите што ќе имаат потреба од згрижување на нивните деца. „Родителите што имаат потреба за згрижување на нивните деца на 3 декември (среда...

Ѓеорѓиев: Изградени 20, за четири години уште 40 нови детски градинки

Владата, заедно со општините, за шест месеци обезбедила 20 нови градинки, во кои се очекува да престојуваат 860 деца, а за следните четири години се планира да бидат изградени најмалку 40 детски градинки, соопшти портпарлот на владата, Александар Ѓеорѓиев. Како што појасни Ѓеорѓиев, станува збор за три типа објекти, односно новоградби, доградби и адаптација на веќе постоечки објекти. Од буџетот на...

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...