fbpx

Сo спортски активности до меѓусебно запознавање на ученици од различни етникуми

-

Учениците од различни етнички заедници од основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ од Гостивар, кои посетувале мултиетнички градинки „Мозаик“, денеска се дружеа и се рекреираа со спортски активности на училишното игралиште.

Настанот е дел од проектот „Мозаик-модел за интегрирано мултикултурно образование“, што го спроведува организацијата Центар за заедничка основа од Скопје, во партнерство со Отворени забавни фудбалски школи.

Главна цел на проектот е да се овозможи промовирање на социјалните и на човековите права на различните етнички заедници.

„Настаните како денешниот треба да придонесат за зголемување на јавната свест за придобивките од овој модел. Иако преку спортските игри се поттикнува натпреварувачкиот дух, најважно е дружењето и соработката меѓу децата“, велат организаторите.

Според најавите, во Гостивар повторно ќе се отвораат мултиетнички групи „Мозаик“ во градинките, кои би требало да профункционираат во септември. Проектот е финансиран од Европската унија.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...