fbpx

ИЗИИС затвора училници и занимални, надлежните смируваат дека сè е нормално

-

Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) и денеска беше во посета на училиштата и на градинките низ градот за да ја увиди состојбата со објектите по земјотресите од неделата и од понеделникот. Од Институтот за денеска најавија целосен извештај за состојбата во училиштата и во градинките.

Како што информираат, пак, од Општина Центар, регистрирани се напукнувања на малтерот во едно училиште и во две градинки во таа општина. Оттаму велат дека по проверката на луѓе од ИЗИИС, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Општина Центар, забранети се за користење две училници во основното училиште „11 Октомври“, а во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ и во клонот „Јасмин“ на градинката „13 Ноември“, поради паѓање на малтерот во некои занимални, децата се префрлени на згрижување во други простории. Сепак, од Општината велат дека наставата и згрижувањето на децата се одвиваат непречено и инсистираат ИЗИИС побргу да им го достави записникот за да може Општината да ги санира нарушувањата.

Како што нè информираше Васко Лазаревски, директор на скопското училиште „11 Октомври“, претставници на ИЗИИС биле во тоа училиште и забраниле да се користат две училници. Тој вели дека денеска треба да дојде и екипа од Општина Центар за да ги увидат нарушувањата и да се санираат штетите. И тој ни потврди дека направена е реорганизација на користењето на училници во училиштето и дека наставата се одвива непречено.

Според информациите на „Мета“ од терен, во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава се присутни половина или една третина од децата.

Од Министерството за образование велат дека тие не можат да донесат одлука за затворање на училиштата, ниту да влијаат врз индивидуалната одлука на родителите, туку чекаат инструкции од Управувачкиот комитет за справување со кризи, како централно тело за справување со кризи.

Некои од општините веќе презеле одредени мерки, па така градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, свикал состанок со директорите на деветолетките. Тие го известиле дека презеле соодветни мерки предвидени за вонредни ситуации.

– Во училиштата беа поставени знаци (насоки) за движење при евакуација на децата и на персоналот. Испратени се пишани известувања во секоја училница за однесување на децата и на наставниците за време на земјотрес и одржани се две показни вежби на кои учество зедоа сите ученици и наставници од училиштата. Освен во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, каде што има одредени оштетувања на вториот кат од училиштето изградено во 50-тите години од миниот век и каде што наскоро ќе се преземат мерки за санирање на штетите, во другите училишта нема никакви оштетувања што можат да го загрозат непреченото одржување на редовната настава. Иста е ситуацијата и во објектите на градинките – информираат од Општина Ѓорче Петров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...