fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Поради короната ќе доцни пристигнувањето на новите автобуси за ЈСП – Скопје

Пандемијата на корона вирусот ќе влијае и на испораката на новите еколошки автобуси за ЈСП - Скопје. Првата пратка од новиот возен парк требаше да пристигне до крајот на март, но поради околностите со вирусот Ковид-19 во речиси цела Европа таа ќе се одложи на неодредено време. Од Јавното сообраќајно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се во постојана комуникација...

Загадувачите во Скопје работат турбо, а инспекторите до 16.30 часот поради короната

Инспекциите немаат сознанија што е причината на високото загадување на воздухот во Скопје измерено синоќа во текот на ноќните часови. Од Државниот инспекторат за животна средина, во чија надлежност се контролите над големите индустриски капацитети во градот, со А интегрирани дозволи, велат дека вршат редовни контроли според планот за месец март, иако имаат скратено работно време поради епидемијата со...

Град Скопје нема да презема мерки за неплатен данок на имот и фирмарина

Град Скопје ги демантира дезинформациите во одредени медиуми и ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои што сега поштенски пристигнуваат на нивните адреси, биле испратени пред да се случи епидемијата со корона вирусот, но поради новонастанатата состојба, нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници. „Градот Скопје, согласно со одредбите на Законот за даноци на...

Апел од Град Скопје, носете маски и ракавици ако се возите во автобус

Град Скопје им препорачува на корисниците на јавниот автобуски превоз да користат средства за лична заштита, маски и ракавици. Оваа препорака е во согласност со мерките за заштита на здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот. „Град Скопје ги потсетува граѓаните дека сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред две недели. Имено,...

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат да се искористат во...

Со пари од ЕБОР ќе се изработува Студија за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје

По одлуката на македонската влада за поддршка на проектот за воведување на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ќе го поддржи Градот Скопје во овој проект преку издвојување на средства од подигнатиот кредит за изработка на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во Скопје. „Целта на оваа задача е да...

Од утре редуциран возен ред на автобусите од јавниот превоз во Скопје

Градот Скопје и ЈСП ги известуваат граѓаните дека од утре, 12 март, автобусите на јавниот превоз ќе сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст. Редуцираниот возен ред се воведува согласно со актуелната состојба со корона вирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и како една од мерките...

Шилегов: Инверторите стартуваат наскоро, аплицирањето или електронски или по стандардна процедура  

Град Скопје привршува со подготовките околу објавувањето на огласот за субвенционирање на граѓаните за купување на инвертори како замена за нееколошките начини на загревање на домаќинствата, но нема прецизна информација кога конечно ќе заврши постапката. „При крај сме со постапката за огласот за инверторите. Потребно е да се усогласиме уште само со Министерството за информатичко општество околу нивното барање да...

Автопат Скопје – Блаце: Две децении ветувања за 12,5 километри дупки и нерамнини (видео)

Македонскиот главен град го делат околу 20 километри пат до границата со Косово. Јадранската магистрала денес е преполна со дупки и нерамнини има застарена сообраќајна сигнализација и заштитни огради на патот, како и неосветлен тунел што се наоѓа на трасата. Максималната брзина на движење на возилата е од 60 до 80 километри на час, па требаат 30 минути да...

Шилегов: Средношколските екскурзии за Италија се одложени на неодредено време

Градот Скопје во рамките на своите надлежности ги презема сите неопходни мерки за да се спречи ширење на вирусот Ковид 19, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов. Согласно со задолженијата добиени од владата, сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време. - За сите други патувања и екскурзии да...

„Гранит“ ќе го гради пробивањето на булеварот АСНОМ и мостот кон Керамидница

Градот Скопје ја избра компанијата „Гранит“ за пробивањето на булеварот АСНОМ кон населбата Керамидница и за изградба на новиот мост на реката Вардар. Станува збор за втора фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, со која се предвидува изведба на трасата во должина од 400 метри, вклучувајќи го и мостот што ќе биде долг 120 метри. Идниот мост ќе има по...

И овој викенд на Водно ќе има засилени инспекциски контроли за непрописно паркирање

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, информираат од Град Скопје. „Град Скопје воведе две нови автобуски линии -...

Екипата на „Медена земја“ ќе добие и 10.000 евра од Град Скопје

По Владата која ќе ја награди филмската екипа на „Медена земја“ со околу 50.000 евра, и Градот Скопје ќе додели парична награда во вредност од 10.000 евра за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја“. Ваква одлука се очекува да донесе Советот на Град Скопје, на денешната седница. Оваа награда се доделува за придонесот на ова филмско ремек-дело...

Анализа: „Панорамското тркало“ и „Вртелешката во Луна парк“ под лупа на ревизорите

Како се делеле јавни набавки, колку пати и со која цел се менувале Годишните планови за јавни набaвки, кои се слабостите и последиците – ова се клучните прашања кои ги третира државниот ревизор во извештајот „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на договорите за јавни набавки на ниво на ЈП на Град Скопје“, пишува неделната економска анализа на...

Брзиот скопски „трамвај на тркала“ запре на бавната реакција за финансирање на проектот

„Трамвајот на тркала“ (брз автобуски систем - БРТ) во Скопје на почетокот од декември помпезно се најави дека ќе добие владина поддршка за пронаоѓање средства, но засега нема информации кои чекори досега се преземени за неговата реализација. Министерството за финансии повеќе од три недели не одговара на прашањата на „Мета.мк“ за тоа до каде е процедурата за аплицирање за...

Скопје и владата се подготвени за објавување на повикот за субвенционирање на инвертерите

Градските власти и владата ги прават последните подготовки пред распишувањето на повикот за доделување на субвенции за набавка на инвертер клима уреди од домаќинствата во главниот град. Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните субвенции. „Во основниот буџет на...

Град Скопје: Денеска на пладне запираат вонредните мерки за загадувањето

Град Скопје информира дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. „На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10-честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175...

ЈП „Градски паркинг“ и годинава ќе добие субвенции, но не за нови паркинзи

Скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ и годинава од градскиот буџет ќе добие субвенции за потешкотии во работењето. Станува збор за средства во висина од 7,5 милиони денари (околу 120.000 евра), но во Буџетот на Град Скопје нема дополнителни средства што би се издвоиле за изградба на нови паркинзи во главниот град за решавање на актуелниот проблем со паркирањето. Од Град...

За комбинираниот билет за јавен превоз сите надлежни се прогласуваат за ненадлежни

Никој не е надлежен за воведувањето на комбиниран билет за јавен превоз за граѓаните кои секојдневно патуваат во Скопје од околните градови. Она што е нормална пракса за било која развиена земја, кај нас не може да се воведе со години наназад, и покрај тоа што жителите на Велес, Куманово и Тетово редовно ја бараат. Комбинираниот билет би им...

Изедначувањето на цената за паркирање допрва ќе се договара меѓу ПОЦ, Градски паркинг и АДСДП

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) постојано е во комуникација со Град Скопје и АД за станбен и деловен простор, но засега нема конкретен договор за изедначување на цената за паркирање во центарот на Скопје. Откако ПОЦ ја зголеми цената за паркирање на 70 денари за еден час на нивните паркинзи, граѓаните почнаа да реагираат дека ваквата услуга е...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...