fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Слаби ефекти од ланскиот скопски буџет за екологија

Најавени, па делумно реализирани активности, одложени проекти, ненаправени испитувања на влијанијата врз животната средина, ова е билансот на реализацијата на минатогодишниот буџет за животна средина на Град Скопје. Иако беше најавуван како една од прогресивните мерки на градските власти за справување со проблемите од областа на животната средина веќе и поради тоа што беше за 32 проценти повисок од...

Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето (инфографик)

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а ќе останеа и доволно...

Дечињата го дочекаа Дедо Мраз на скопскиот плоштад, новогодишната забава од 20:30 часот

Новогодишната магија на „Винтерленд“ денеска ја надополни доаѓањето на Дедо Мраз кој меѓу насобраните деца на плоштадот „Македонија“ пристигна точно во 12 часот, и тоа на електричен тротинет. Доаѓањето на Дедо Мраз предизвика радост меѓу најмладите на плоштадот кои се фотографираа со својот омилен лик, пееја новогодишни песни и се радуваа. Како што информираат од Град Скопје, на присутните деца...

Шилегов ја разреши директорката на гимназијата „Никола Карев“ (видео)

Градоначалникот Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, а по објавената снимка каде Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата им се заканува со последици ако излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување. „Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да...

33 години неуспешни обиди за изградба на трамвај во Скопје (хронологија)

Приказната за изградба на трамвај во Скопје е стара неколку децении, исто како и реалната работа на градските власти за неговата реализација. Пребарувањето низ архивите околу темата за трамвајот, „Мета.мк“ ја однесе назад во далечната 1986 година, кога започнала изработката на првичната документација за воведување на новото средство за масовен транспорт во Скопје. По 33 години, Владата и Градот Скопје...

Почна реконструкцијата и проширувањето на Пластичарската улица во Скопје

Градот Скопје денеска ја почна првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица. Градежни работи на оваа сообраќајница ќе се изведуваат на потегот од клучката кај Бит - пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Увид во градежните активности на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и...

Субвенциите за еколошки мотори на автобусите и годинава останаа неискористени од приватниците

Приватните автобуски превозници од скопскиот јавен превоз и годинава не пројавија интерес за искористување на субвенциите на Град Скопје за адаптирање на моторите на автобусите на еколошки горива. Минатата година останаа неискористени средства во висина од 20 милиони денари, а идентичниот износ ќе остане неискористен и во 2019 година поради непостоење на интерес од приватните превозници. - Градот Скопје на...

Нема анализа колку паркинг места му фалат на Скопје

Градот Скопје активно го следи проблемот за недостигот на паркинг места низ главниот град, но досега немаат направено анализа за тоа колку места за паркирање недостасуваат во Скопје иако скопскиот градоначалник Петре Шилегов пролетва изјави дека на главниот град му недостигаат околу 8.000 паркинг места. Градските власти изработиле физибилити сообраќајна студија за паркирањето на подрачјето на Град Скопје, но...

Град Скопје ќе ги блокира сметките на должниците за 2018 година

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите...

Запалени осум контејнери во една ноќ на две различни локации

Во текот на изминатата ноќ непознати сторители запалиле осум контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите Ѓорче Петров и во Ново Лисиче, со што е предизвикана голема материјална штета, а од огнот се оштетени и две возила кои биле паркирани во близина на опожарените садови за отпад, информираат од Град Скопје. „Според информациите од ЈП „Комунална хигиена“, два...

Новата Градска куќа продадена на ЕВН-Македонија за 12,7 милиони евра

Град Скопје соопшти дека на вчера одржаната електронска аукција за продажба на зградата под Кале, која беше планирана за нова Градска куќа, нов сопственик на објектот што почна да се гради во времето на Коце Трајановски и уште не е завршен, станала компанијата ЕВН Македонија. Таа била единствениот заинтересиран купувач, а била постигната цена од 785.031.818 денари (12.764.745 евра) „Вчера...

Заев од Собранието ја потврди изградбата на трамвај во Скопје

На пратеничко прашање за загадувањето во Скопје поставено од Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев денеска од Собранието информираше дека владата ќе се вклучи во изградбата на електричен трамвај во Скопје. Првата трамвајска линија во главниот град би чинела околу 100 милиони евра. - Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне...

Времен сообраќаен режим на улица Бихаќка

Градот Скопје информира дека утре 29 октомври, поради завршно асфалтирање на улица Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќќа, и тоа на потегот од улица Востаничка до влезната капија на МВР. „Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да...

Со новиот ГУП за Скопје до 2032 година ќе се развива северниот дел на градот

Акцент при изработката на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје за периодот 2022 - 2032 година ќе биде ставен на развојот на северните делови на градот. Ваквата најава ја даде скопскиот градоначалник Петре Шилегов во пресрет на отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот ГУП. На денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Шилегов посочи...

Идеја постои, нема волја за инвестирање во воз до аеродром (видео + инфографик)

Патувањето од скопските населби до Меѓународниот аеродром знае да чини и до 20 евра во еден правец, односно да биде поскапо и од самиот лет со нискобуџетна компанија. Доколку не се користи такси, цената на билетот за директната автобуска линија до аеродромот е 180 денари, но возниот ред не секогаш одговара на полетувањата и слетувањата на авионите од аеродромот....

Градот Скопје за јавни набавки троши колку 46 други општини заедно

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година чија вредност изнесува 97 милиони евра што е 17 милиони евра, односно за 21 проценти повеќе од 2017 година. Базата содржи податоци за сите 3.898 договори за јавни набавки што локалните власти ги склучиле со 1.331 фирма. „На врвот според договорите за јавни...

АГОРА: Скопје е машки град, само 4 улици, 2 плоштада и еден мост се именувани според жени

Од вкупниот број од 156 улици под надлежност на Град Скопје повеќето од половина, 91 улица или 58 проценти, се именувани по личности. Од тие личности пак, 87 се имиња на мажи или 96 проценти, и четири се имиња на жени или само четири проценти. Ова се вели во анализата на имињата на улиците од страна на Центарот за промовирање...

Град Скопје ангажираше 16 асистенти кои ќе работат со средношколците со посебни образовни потреби

Градот Скопје во новата учебна година ангажира 16 образовни асистенти кои ќе работат со средношколците со посебни образовни потреби, информираат од таму. „Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дадоа согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата општинско – корисна работа, а дел се од буџетот на градот.Месечниот надоместок за асистентите изнесува нето...

Дрвјата низ Скопје на умирање, Градот штеди вода

Летниот урбан пејсаж на градот и годинава е во знакот на сувата, уништена вегетација и соголени крошни на повеќегодишните дрвја кои едвај да преживуваат без капка вода. Суви или во фаза на сушење се значителен дел од повеќегодишните липи, младите и старите јасени како и други укасни дрвја, а трева на многу од тревниците речиси и да нема. На...

Еколозите и експертите се согласни: На Водно му треба построга заштита, а не нови објекти

Со бројни критики за предвидениот начин и обем на заштита од страна на претставници на еколошките здруженија и на експерти од Шумарскиот факултет во Скопје, денес во Скопје се одржа јавна расправа по новата Студија за валоризација на заштитено подрачје парк-шума Водно. Студијата треба да му претходи на донесувањето на закон за заштита на Водно, ветен од страна на Владата...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...