вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Ѓорге Иванов | 975 резултати

Претседателот Иванов го прими претседавачот на Воениот комитет на Европска Унија

ноември 21, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседавачот на Воениот комитет на Европска Унија, генерал Патрик де Роусиерс. На средбата, Иванов и Де Роусиерс разговарале за македонските евроатлантски интеграции, учеството на АРМ во борбените групи предводени од Европскаа Унија, како и за унапредувањето на натамошната соработка на Република Македонија во рамки на заедничката […]

Иванов: Треба да се слушне гласот на студентите

ноември 19, 2014

Треба да се слушне гласот на студентите и да се разговара за нивните сознанија и ставови. Треба да се поттикне дијалогот со надлежните институции за да можеме сите да имаме корист од овие промени, и студентите, и стопанството, институциите, како и целото општество, бидејќи високото образование, пред сè, е подготовка на луѓе за самостоен живот, […]

Претседателот Иванов петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“

ноември 16, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година, петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“. Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за […]

Доделени 20 стипендии за Универзитетот „Шефилд“

ноември 10, 2014

Стипендии за постдипломски студии на „Сити-колеџ“ во Солун, кој е дел од Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, денеска добија 20 најдобри студенти. Стипендиите, кои го носат името на поранешниот претседател Борис Трајковски, се доделуваат традиционално веќе петта година по ред. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на „Сити-колеџ“ и изнесува 14.890 евра, од кои […]

Иванов: Македонија останува посветена на патот кон НАТО

ноември 7, 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс. На средбата беа разменети мислења и информации во однос на македонските евроатлантски интеграции, учеството на АРМ во мировните мисии предводени од НАТО, како и за унапредувањето и за продлабочувањето на натамошната соработка на Република Македонија […]

(ФОТОГРАФИИ) Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“ во Свети Николе

ноември 3, 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски бон-тон“ што се одржа во Свети Николе. Целта на проектот е промовирање на „Спортски бон-тон“ како модел на интегрирање на децата од училишна возраст, во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe на традицијата, културата и обичаите.

Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“

ноември 3, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација во општина Свети Николе, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“. Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“ се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе. Во 2013 година проектот „Социјална и етничка […]

Иванов се обрати на средбата на Европската група

ноември 2, 2014

Претседателот Ѓорге Иванов се обрати на вчерашната средба на 38. Европска група на Трилатералната комисија во Белград. Тој се осврнал на проблемите со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО, селективниот пристап и двојните стандарди кон Македонија, толерирањето на непочитувањето на меѓународното право и меѓународните обврски, на пресудата од Меѓународниот суд за […]

Иванов на средба на Европската група на Трилатералната комисијa во Белград

ноември 1, 2014

Скопје – Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на 38. средба на Европската група на Трилатералната комисијa, која ќе се одржи во Белград. Според протоколот, тој треба да оствари средба и со српскиот премиер Александар Вучиќ. Иванов ќе се обрати и пред најголемите светски и европски банкари и индустријалци, како и поранешни и сегашни политичари, […]

Иванов се сретна со Николиќ

октомври 31, 2014

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, ја почна официјалната посета на Србија. Иванов пред Палатата „Србија“ беше пречекан од својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ, по што двајцата шефови на држави разговараа за евроатлантските интеграции и за состојбите и предизвиците во регионот, економските и културните релации, како и за претстојното претседавање на Србија со ОБСЕ. […]

Денеска средба Иванов-Николиќ

октомври 31, 2014

Разликите околу некои прашања не смеат да бидат пречка за зајакнување на соработката на двете држави. Односите меѓу Македонија и Србија се на исклучително високо ниво, соопштија од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во пресрет на средбата со неговиот српски домаќин, Томислав Николиќ, денеска во Белград. Од кабинетот додаваат дека потврда за одличните односи меѓу Скопје […]

Страна 49 од 49