вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Ѓорге Иванов | 975 резултати

Иванов го прими Волерс на проштална средба

јануари 12, 2015

Денеска, на проштална средба, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Пол Волерс. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, двајцата соговорници изразиле задоволство од одличните билатерални односи и од долгогодишното стратегиско партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Иванов испрати писмо со сочувство до францускиот претседател

јануари 8, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Француската Република,  Франсоа Оланд. „Почитуван господине Претседателе, Со шокираност, длабока тага и со чувство на огорченост ја примив веста за масакрот во Париз и искрено жалам за загубените животи од овој злосторнички чин. Нападите против „Шарли ебдо“ претставуваат и ги доживуваме како […]

„Професорски пленум“: Претседателе, застанете до вашите колеги и до студентите

јануари 8, 2015

„Професорски пленум“, преку соопштение, извести дека е отворена петиција за собирање потписи што ќе му бидат испратени на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за да стави вето на Законот за високото образование. Преку петицијата, професорите се надеваат дека ќе го натераат шефот на државата да застане на страната на колегите професори, но и студентите. „Професорски пленум“ денеска […]

Претседателот Иванов им го честита Божик на верниците и на г.г. Стефан

јануари 6, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Раѓањето Христово – Божик. „Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод […]

Претседателот Иванов ја посети касарната „Илинден“

јануари 1, 2015

Претседателот на држвата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од началникот на Генералштабот, генерал-полковник Горанчо Котевски, денеска традиционално, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ, пренесува „24 Вести“. Иванов беше во посета на батаљонот за специјални намени во скопската касарна „Илинден“, […]

Новогодишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов

декември 31, 2014

Празниците се момент кога си посакуваме многу здравје, многу радост и многу среќа во годината што доаѓа. На прагот на новата година, благодарни сме на сите граѓани кои нѐ израдуваа, охрабрија и нѐ поттикнаа на добри мисли и на добри дела, вели претседателот Ѓорге Иванов во своето новогодишно обраќање. – Благодарни сме на трудољубивите стопанственици […]

Иванов ќе ѝ додели „Орден за заслуги за Македонија“ на МРТВ

декември 26, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“. Орденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија и за нејзиниот придонес за негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности и на културното творештво на Република Македонија.

Промоција на книгата „Спортски бон-тон“

декември 25, 2014

Денеска ќе биде промовирана сликовницата „Спортски бон-тон“. Настанот ќе се одржи во Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во Скопје . Со промоцијата ќе се заокружи проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го имплементираше Геостратешкиот институт „Глобал“. Сликовницата ќе ја промовираат претседателот на „Глобал“, […]

Иванов со честитка до христијаните што го слават Божик според Грегоријанскиот календар

декември 24, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници што го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар. „Ми претставува задоволство во овие празнични денови на сите верници што го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар да им го честитам претстојниот празник на Раѓањето Христово. Божик е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата […]

Давутоглу: Македонија може да смета на безусловна поддршка и помош од Турција

декември 23, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. На средбата, како што соопштија од кабинетот на претседателот, било разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи како и за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција. Иванов и Давутоглу изразиле задоволство од традиционалното пријателство и партнерство, и од […]

Иванов и Вељаноски го честитаа Денот на наставата на турски јазик

декември 21, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, им го честиташе Денот на наставата на турски јазик – 21 декември на сите припадниците на турската заедница во Македонија. „Јазикот ја претставува душата на една нација. Во него е содржан кодот на идентитетот на еден народ. Можностa за образување, творење и за напредување на својот мајчин јазик е […]

Иванов во Прилеп на одбележувањето на Свети Никола

декември 19, 2014

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Прилеп ќе присуствува на одбележувањето на верскиот празник Свети Никола. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов за време на престојот во Прилеп ќе ја посети и изложбата „Уметниците во чест на св. Никола“ во Ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“, како и компанијата „Микросам“.

Иванов: Да се слушне мислењето на сите за новите образовни мерки

декември 18, 2014

„Ја следам дебатата за предложените нови законски мерки. Неопходно е да се слушнат сите страни  и заеднички сите да го најдеме најдоброто решение. Автономијата на универзитетите е уставно загарантирана категорија и мора да се почитува“, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов на годишното обраќање во Собранието. Тој додаде дека образованието се трансформира секаде во светот и ако […]

Иванов денеска ќе има обраќање пред пратениците

декември 18, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати пред Собранието. Ова е редовно обраќање на претседателот на државата пред пратениците што секоја година се одржува пред крајот на календарската година.

Иванов повика сите да се вклучат во кампањата против насилство врз жени и девојчиња

декември 6, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја поддржа кампањата против насилство врз жени и девојчиња „Обој го светот во портокалово за 16 дена“. Во пораката, Иванов истакна дека правата на жените и на девојчињата се неотуѓив дел од универзалните човекови права и правото на човечко достоинство. „Жената е столб на семејството и нераздвоен дел од […]

Иванов садеше дрвца со децата со посебни потреби

декември 3, 2014

По повод Меѓународниот ден на децата со хендикеп, претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, денеска, во во својот дом, ги примија учениците од училиштето за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“ од Ново Село. Иванов и децата засадија дрвца во дворот од резиденцијата, со што се вклучија во денешната акција „Ден на […]

Вељаноски и Иванов на средба со заменик-претседетелката на Виетнам

декември 2, 2014

Денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се сретне со заменик-претседателката на Виетнам, Нгујен Ти Доан, која ќе престојува во официјална посета на Македонија. Заменик-претседателката на Виетнам во текот на денот ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Иванов: На овој свет му требаат лидери

ноември 29, 2014

Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат политиката, економијата, безбедноста и комуникациите и во тој свет се потребни лидери кои ќе знаат да носат одлуки, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, пред учесниците на денешната Конференција за млади лидери, посветена на предизивиците и на можностите за балканското лидерство, која се одржува во Охрид. […]

Иванов ќе се обрати на Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

ноември 29, 2014

На дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“, која почнува денеска, ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, и поранешниот претседател на Албанија, Бамир Топи. Во рамки на дводневната Конференција за млади лидери […]

Иванов со честитка по повод Денот на албанската азбука

ноември 21, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка по повод Денот на албанската азбука. „Прославувањето на 22 Ноември значи негување на културните вредности и особености на албанската етничка заедница во Република Македонија. Почитувајќи ги, зацврстувајќи ги и унапредувајќи ги меѓусебните односи, ние придонесуваме во градењето заеднички соживот. Богатството на еден народ се темели врз […]

Страна 48 од 49