вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Ѓорге Иванов | 975 резултати

Иванов: Да се почитува меѓународното право и за Македонија

февруари 8, 2015

Општа оцена е дека постои огромна загриженост, пред сè, за состојбите во Украина. Тоа носи многу емоции, како што се виде во излагањата на учесниците, а се чувствува и вознемиреност на 51. Минхенската безбедносна конференција, каде на еден од најзначајните глобални форуми, се расправа за прашања од безбедноста, но и за сите прашања кои се […]

Иванов се сретна со претседателот на Азербејџан и со секретарот на ОБСЕ

февруари 7, 2015

Во рамки на учеството на 51. Минхенска безбедносна конференција, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера попладне се сретна со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, како и со генералниот секретар на ОБСЕ, Роберто Заниер. На средбата со претседателот Алијев е разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Азербејџан, како […]

Иванов на безбедносна конференција во Минхен

февруари 6, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска до недела ќе учествува на 51. Минхенска безбедносна конференција. Во фокусот на конференцијата оваа година ќе бидат борбата против тероризмот, нерешените конфликти во Европа, со акцент на Украина, состојбата на Блискиот Исток, како и ризиците од бегалска криза. На конференцијата ќе учествуваат […]

ДУИ: Разрешувањето на Исмаили е непринципиелно

февруари 4, 2015

Од ДУИ сметаат дека разрешување на заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, е непринципиелен чекор. Од партијата соопштуваат дека оваа одлука ја одразува кризата на легитимитет што ја има претседателот и ја засилува нивната идеја за консензуален претседател. „За ДУИ, оваа одлука, исто како и одлуката за именување членови на Советот за национална безбедност пред неколку […]

Иванов ги посети поплавените подрачја во Пелагонија

февруари 3, 2015

Претседателот  на државта, Ѓорге Иванов, денеска ги посети поплавените подрачја околу Црна Река во Пелагонија, како и селата Тројкрсти и Лознани. Припадниците на АРМ, вработени во јавните претпријатија од Прилеп и во Противпожарната единица поставуваа вреќи со песок како заштита по најавата за нови дождови.

Иванов: Холокаустот не смее да се заборави

јануари 28, 2015

По вчерашното одбележување на 70 годишнината од ослободувањето на концентрацискиот логор Аушвиц, македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, изјави дека комеморацијата е момент на потсетување на едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото и потсетување до што сè може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на разликите меѓу луѓето. Кабинетот на Иванов, кој присуствуваше со повеќе лидери […]

Дипломатскиот кор на прием кај Иванов во Крушево

јануари 23, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Крушево ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија. „На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божикните празници, ќе се обратат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото“, стои во соопштението од […]

Иванов на средба со министерката за одбрана на Албанија, Кодели

јануари 22, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со албанската министерка за одбрана, Мими Кодели. На средбата било констатирано задоволство од севкупната соработка меѓу Македонија и Албанија на билатерален и на мултилатерален план, особено во сферата на одбраната. Иванов ги поздрави досегашните заеднички ангажмани во интегративните процеси, особено во рамки на Јадранската повелба и изрази очекување за […]

Зошто Иванов ги потпиша указите на законите?

јануари 22, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов вчера ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 14 јануари 2015 година. Тоа предизвика негодување кај студентскиот и професорскиот пленум, кои најавија дека ќе продолжат со акциите против овие, за нив, неуставни закони. Реакции имаше и на социјалните […]

Иванов денеска ќе прими акредитиви на нови амбасадори

јануари 22, 2015

Акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Канада, на Република Намибија и на Екваторијална Гвинеја ќе ги прими денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Новоименуван канадски амбасадор во Македонија со седиште во Белград е Филип Пинингтон, на Намибија со седиште во Виена, Симон Мадјумо, а на Екваторијална Гвинеја со седиште во Рим, Сесилиа Обоно Ндонг.

Иванов се сретна со Курц

јануари 21, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц. Министерот Курц истакнал дека стратегиски интерес на Република Австрија е целосна интеграција на регионот во евроатланските структури и дека ќе продолжат со нивната активна улога и заложби за влез на Македонија во ЕУ. На интерес на соговорникот, претседателот Иванов истакна дека […]

Иванов денеска го прими албанскиот спикер Мета

јануари 20, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Илир Мета, претседател на Собранието на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Македонскиот претседател и претседателот на албанското собрание ја истакнале потребата од понатамошно унапредување на економската соработка помеѓу двете земји, особено во областа на трговијата, туризмот и на инфраструктурата, констатирајќи дека тоа е од […]

Претседателот Иванов упати честитка за празникот Богојавление-Водици

јануари 18, 2015

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охрдиска архиепископија, г.г. Стефан, и до сите православни верници, по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици. – Водици е празник кој го истакнува значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Одбележувајќи го денот кога свети Јован Крстител го крстил Исус […]

Средба на Иванов со Пахор

јануари 16, 2015

Неформална средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, денеска во Доха, Катар, имаше претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, двајцата претседатели разговарале за продолжување на регионалната соработка и за активностите во рамките на процесот Брдо-Бриони, состојбите во регионот, европските и евроатланските интеграции на регионот и […]

Иванов се сретна со македонските ракометари во Катар

јануари 15, 2015

Претседатело на државата, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна посета на Катар, денеска се сретна со членовите на македонската ракоментна репрезентација, во пресрет на почетокот на Светското првенство во ракомет. Македонските ракометари првиот дуел ќе го имаат со репрезентацијата на Тунис утре, во 15 часот по македонско време.

Иванов се сретна со катарскиот емир

јануари 15, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при дводневната посета на Катар се сретна со катарскиот емир, шеик Тамим Бин Хамад ал Тани. Иванов работната посета на Катар денеска ја почна со средба со катарскиот емир, прва по стапувањето на должноста на емирот Тамим Бин Хамад ал Тани, на која соговорниците изразиле заемно задоволство од подготвеноста […]

Иванов од утре во дводневна посета на Катар

јануари 14, 2015

На дводневна посета, во Катар од утре ќе престојува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Предвидено е да се сретне со емирот на  Катар, шеик Тамим Бин Хамад ал Тани, а ќе се сретне и со главниот извршен директор на „Катар инвестмент ауторити“, шеик Абдула Бин Мохамед Бин Сауд ал Тани. Иванов ќе присуствува на церемонијата на отворање на […]

Иванов со истиот став и пред „контрапленумот“

јануари 13, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со преставниците на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, го повторил ставот од вчера, дека дијалогот, размената на идеи и на иницијативи е единствениот начин што може да доведе до успешна трансформација на високото образование. Иванов изразил жалење што била одбиена иницијативата за одржување заедничка средба на претставниците […]

Пленумците му побараа вето, Иванов повика на единство и на дијалог

јануари 12, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов, кога ќе одлучува дали ќе го потпише законот за високо образование, ќе настапи како државник, а не како професор. Тој ова им го соопштил на претставниците на професорскиот и на студентскиот пленум на денешната средба, на која тие побараа тој да стави вето на законските измени. На средбата кај Иванов, која траеше […]

Страна 47 од 49