fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

За возење над 50 километри на час, казни од 10 до 400 евра

Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е предвидена задолжителна употреба на вклучени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до целосно разденување, како и дење во случај на намалена видливост. За мотоциклите светлата ќе бидат задолжителни дење и ноќе, а за велосипедистите задолжително е соодветно светлосно обележување. Казните за возачите...

Грција гласа: Први избори со неизвесност за победникот

По само осум месеци од изборот на владата на СИРИЗА, грчкиот народ денеска повторно излегува да гласа на парламентарни избори. Повеќе од 9,8 милиони Грци што имаат право на глас, денеска ќе треба да се определат која партија и политичка опција да одлучува за нивната иднина и за спроведувањето на новиот договорен пакет мерки. Што ќе биде изборот на народот останува загатка...

Ван Хојте: Многу сме блиску до договор

Денеска разговаравме за изборните закони и морам да кажам дека има сериозен напредок, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте, по завршувањето на средбата на работните групи на која се разговараше за Изборниот законик. Како што вели тој, разговорите изминативе неколку дена биле многу продуктивни и конструктивни како и преговарачите кои давале огромен напор за да се постигне резултат. Ван Хојте...

Изборна математика: 3+3+3 за ДИК и 2+2 за Избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска ќе немаат средба, а продолжуваат утре со прашањата околу Избирачкиот список и гласањето на дијспората. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да...

Груевски: Ставот ВМРО-ДПМНЕ е воведување класичен мнозински систем

Пропорционалниот систем со шест изборни единици не прави никаков проблем, а ако разговараме за промена на системот, воведување на мнозински систем на гласање е систем којшто може да биде нова додадена вредност, рече премиерот Никола Груевски. - Веќе долги години во Македонија имаме пропорционален систем со шест изборни единици. Од она што можам да го забележам тоа не прави никакви...

Активната регистрација договорена, на маса Македонија како една изборна единица

Почна денешната средба на претставниците на работните групи во Клубот на пратениците на која се очекува да се дојде до некое решени околу регистрацијата на избирачите во Избирачкиот список. Најверојатно ќе се прифати решението за активна регистрација на гласачите, а СДСМ исто така денеска ќе предложи Македонија да биде една изборна единица. Претставници од СДСМ во работните групи денеска ќе бидат...

Изборен законик, ДИК, дијаспора: Што бараа, а што ќе договорат партиите?

По завршувањето на последната средба на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино во делот за  околу изборното законодавство, ДИК, избирачкиот список, гласањето на дијаспората, неофицијални извори од преговарачки тимови брифираа дека е постигнат „некаков напредок“ за избирачкиот список и дека денеска би можело и да се очекува официјална изјава од преговарачките тимови. Во меѓувреме во медиумите се појавија низа...

Ибраимоски: Казна од 1.000 евра за оние кои нема да гласаат на избори

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимоски, смета дека ако се воведе казна за секој оној што е внесен во Избирачкиот список, а нема да излезе да гласа, нема да има можност за манипулации со гласовите на оние кои не излегле на избори, пишува „Фокус“.  Неговата партија предлага казната да биде во висина од 1.000...

Расцеп во СИРИЗА по гласањето за грчкиот меморандум?

Грчката влада денеска е одново на тест. Гласањето за новиот кредит и пакет мерки за Грција ќе покаже колкава е поддршката од внатрешноста на СИРИЗА за владата и за напорите на премиерот Алексис Ципрас. Левичарската партија сè поизвесно е дека се наоѓа пред распад по утринскиот апел на поранешниот министер за енергетика, Панајотис Лафазанис, кој повика на формирање ново политичко...

Заев: СДСМ е за гласање на дијаспората, но со одредени измени

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека гласањето на дијаспората треба да се задржи, но со одредени измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, при денешната средба со жителите на реканскиот крај. - Нашинците во странство, кои им помагаат на своите семејства, но и индиректно ја крепат и економијата на државата,...

Пекинг ја доби организацијата на ЗОИ 2022

Главниот град на Кина, Пекинг, ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2022 година, одлучи Меѓународниот олимписки комитет (МОК) со денешното гласање, јавуваат светските агенции. Со тоа, Пекинг е единствената светска метропола што била домаќин и на летни и на зимски олимписки игри. На денешното гласање, Пекинг со тесен резултат, 44-40, го победи Алмату, во Казахстан, кој беше кандидат и...

СДСМ е за дијаспората да гласа, но секој глас мора еднакво да вреди

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретна со Александар Митрески, коосновач и заменик-претседател на Обединета македонска дијаспора, информираат од СДСМ. Тема на разговорот била актуелната ситуација во Македонија и начинот на кој македонската дијаспора може да ги помогне реформите неопходни за враќање на демократијата и на економскиот пораст. - Македонија има огромен човечки капитал надвор од своите граници. Ни треба подобра...

ДОМ: Дијаспората да гласа електронски

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) смета дека најрационално и најправично гласање на дијаспората ќе се овозможи со електронско гласање. Според партијата, со тоа ќе се обезбеди поголемо учество на дијаспората во изборниот процес, а истовремено ќе се овозможи намалување на трошоците. „Електронското гласање на дијаспората може овојпат да биде применето и како пилот-проект за цела Македонија и како подготовка за некои следни избори...

Алексов: Има време до избори, списокот може да се направи за неколку месеци

На вчерашниот состанок на работната група на политичките партии за спроведување на Договорот од Пржино, имаше идеја да се направи нов избирачки список, а граѓаните да се регистрираат со отпечаток од прст. На истиот тој начин треба да се спроведува и гласањето. Според Дарко Алексов, првиот човек на граѓанската организација „Мост“, идентификацијата на гласачите на гласачките места со отпечаток од прст...

Утре ќе се одржи нов состанок на работната група за ДИК

Членовите на работната група за Државната изборна комисија (ДИК) утре повторно ќе седнат на маса. Тема на разговорите, како и на првиот состанок, ќе бидат измените на законите поврзани со изборите, составот на ДИК и избирачкиот список, а можно е утре првпат да се отвори и темата за гласањето на дијаспората. Измените во ДИК и во изборното законодавство беа предвидени со...

Гласањето за вториот пакет мерки, нов удар за СИРИЗА и за Ципрас

Новите приоритени мерки за Грција поминаа, но не помина одново барањето на Ципрас за посилна поддршка од СИРИЗА. Во маратонската парламентарна дискусија, која финишираше со гласање во 4 часот изутрина, мерките ги поддржаа 230 од 298 присутни пратеници, против гласаа 63 пратеници, а воздржани беа пет. Дури 36 пратеници од левичарската партија се спротиставија на мерките и покрај последниот повик од...

Ципрас во „војна“ со бунтовниците од СИРИЗА

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отвори битка со бунтовниците во СИРИЗА неколку часа пред денешното гласање за втората листа приоритетни мерки. Според владини извори, Ципрас во разговор со своите соработници индиректно ги нападнал поранешните министри Јанис Варуфакис и Панајотис Лафазанис, кои деновиве продолжуваат со остри напади против него, коментирајќи дека не понудиле алтернативно решение за спас на државата и за нејзино задржување...

Владата на Ципрас утре на нов тест во парламентот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас тактизира за полесно да се изгласа втората листа приоритетни мерки договорени со кредиторите. Пред грчкиот парламент, кој утре треба да се изјасни за мерките, нема да се најдат две болни мерки како реформирањето на пензинскиот систем преку зголемување на границата за пензионирање, укинување на прераното пензионирање и извесните придонеси за пензионерите, а нема да се...

Меркел: Договорот со Грција е последна шанса да се избегне хаос

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска на вонредна седница пратениците на Бундестагот за да гласаат за продолжување на помошта на Грција и предупреди дека алтернатива на тоа е хаос во Грција и во Европа. - Ние сме за тоа, Грција да остане во еврозоната. Наспроти енормните грчки напори е енормната солидарност на Европа - изјави Меркел на седницата на...

Ципрас до пратениците на СИРИЗА: Или сме заедно или паѓа владата

Премиерот Алексис Ципрас побара поддршка од пратеничката група на СИРИЗА со ултиматум дека ако нема поддршка, нема веќе ни да има влада на левицата. „Или сите ќе бидеме заедно, или паѓа владата на левицата“, истакнал Ципрас на дискусијата на парламентарната група пред почетокот на расправата за гласањето на новиот пакет мерки, на кои се противат десетици пратеници на СИРИЗА. Гласањето на мерките...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...