fbpx

Ципрас во „војна“ со бунтовниците од СИРИЗА

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отвори битка со бунтовниците во СИРИЗА неколку часа пред денешното гласање за втората листа приоритетни мерки.

Според владини извори, Ципрас во разговор со своите соработници индиректно ги нападнал поранешните министри Јанис Варуфакис и Панајотис Лафазанис, кои деновиве продолжуваат со остри напади против него, коментирајќи дека не понудиле алтернативно решение за спас на државата и за нејзино задржување во еврозоната ниту кога тоа од нив директно го побарал.

– Нека престанат да се кријат зад гаранцијата за државата која дојде со мојот потпис – истакнал Ципрас, критикувајќи ги дека нивните алтернативни решенија се нереални и во иста линија со предлозите на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, односно излез на државата од еврозонта и враќање на драхмата.

Ципрас со ова јасно стави до знаење дека не планира да слуша или да прифаќа совети за исфрлање на државата од еврозоната и строго ќе ја задржи линијата за спроведување на пакетот мерки за да не се ниша одново бродот со европската перспектива на Грција.

Оваа изјава на грчкиот премиер доаѓа непосредно пред денешното гласање на кое ќе се види дали 30 бунтовници кои минатиот пат гласаа против мерките ќе го сменат мислењето или и понатаму ќе ѝ вртат грб на владината одлука за договор со кредиторите.

Ципрас несомнено ќе ја има поддршката од трите опозициски партии, Нова демократија, ПАСОК и Река, кои бараат мерките да се спроведат и да се направат реформи, а остро се противат на сценаријата за предвремени избори.

Вечерашното гласање, покрај тоа што ќе го отвори патот за спроведување нови реформи, речиси сигурно ќе доведе до нови промени во СИРИЗА и до можен конгрес на партијата за суштински внатрешни промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...