Утре ќе се одржи нов состанок на работната група за ДИК

Членовите на работната група за Државната изборна комисија (ДИК) утре повторно ќе седнат на маса.

Тема на разговорите, како и на првиот состанок, ќе бидат измените на законите поврзани со изборите, составот на ДИК и избирачкиот список, а можно е утре првпат да се отвори и темата за гласањето на дијаспората.

Измените во ДИК и во изборното законодавство беа предвидени со Договорот од Пржино.

На состанокот ќе присуствува и белгискиот експерт Питер ван Хојте.