fbpx
Таг: гласачи

таг: гласачи

МВР ја извести ДИК дека сè уште постапува по голем дел од нејзините барања

Во врска со барањата на Државната изборна комисија (ДИК) испратени до Министерство за внатрешни работи за проверка на податоци за гласачи, МВР ја известило ДИК дека сè уште постапува по голем дел од нејзините барања. - Заради фактот што се работи за многу комплексна и обемна задача, обработката на податоците неопходно е да се извршува сукцесивно. За дел од прашањата што се...

Денеска јавна седница на ДИК за конечните бројки

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница треба да ги гласа извештаите за конечните бројки на спорни гласачи од теренската и од административната проверка. Денеска се очекува надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи (МВР) и Управата за евиденција на матични книги (УЕМК), да ги достават сите информации што се бараат со дополнителните проверки. Во нив спаѓаат информациите за повеќе од 107.000 гласачи за кои...

ДИК денеска расправа за гласачите од Пустец

Државната изборна комисија денеска има седница на која членовите ќе разговараат за жителите од Пустец кои имаат право на гласправо на глас во Македонија. Како што пишува во соопштението на ДИК, за прва точка на дневен ред на денешната седница стои: „Расправа по предлогот да се обратиме до Министерството за внатрешни работи да ни достават список на лица, државјани на...

ДИК напладне ќе одлучува што понатаму со избирачкиот список

Сите податоци од теренската проверка на спорните гласачи во избирачкиот список се внесени во системот на Државната изборна комисија (ДИК), по што денеска ќе се обелоденат на јавна седница, која треба да се одржи во 12 часот. За „Мета“, членови од ДИК информираат дека тие интензивно продолжуваат со редовна работа за целосна проверка на спорните гласачи. Мината недела со осум гласа „за“...

ДИК едногласно го усвои извештајот за вкрстената и теренската проверка на гласачите

Државната изборна комисија (ДИК) со осум гласа „за“ и ниту еден „против“ го изгласа извештајот за досегашната обработка на спорните гласачи опфатени со вкрстена и со теренска проверка. Како што соопштија од ДИК, од 87.128 лица кои теренски беа проверувани, 37.435 лица не биле пронајдени дома. ДИК побарала од избирачкиот список да се избришат околу 4.000 лица, за кои според евиденцијата на МВР и матичната...

ДИК поделена и раскарана околу подготвеноста на избирачкиот список

Од 87.128 лица кои теренски беа проверувани, 37.435 лица не биле пронајдени дома, покажуваат податоците од теренската проверка на спорните гласачи на Државната изборна комисија. Членовите на ДИК од СДСМ сметаат дека избирачкиот список не е прочистен, додека за членовите од ВМРО-ДПМНЕ останува само уште малку работа. Виолета Дума вели дека прочистени се само починатите лица, а за другите сè уште се...

ДИК со 374 анкетари ја почна теренската проверка на спорните гласачи

Теренската проверка на 89.383 спорни гласачи, почна денеска, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Од таму велат дека за тоа се задолжени 374 анкетари кои ќе ги посетуваат гласачите на адресите каде се регистрирани и ќе пополнуваат прашалник. На прашалниците се отпечатени имињата и презимињата на гласачите, а анкетарите податоците треба да ги земаат единствено од овие лица. Анкетарот секој...

ДИК ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

Државната изборна комисија од денеска до 3 април ќе врши теренска проверка на 89.383 гласачи од Избирачкиот список, кои се покажале како спорни по вкрстената проверка. Како што соопштија од ДИК, заедно со проверката почна и информативната кампања „Отворени врати“. Од ДИК соопштија дека бришењето на податоците ќе се врши по три основи, односно на барање на граѓани, на барање на...

Манчевски: Застануваме на патот на урбаната мафија во Карпош

„Ќе застанеме на патот на урбаната мафија. Не е дозволиво во подножјето на Водно да се градат висококатници и да се уништува зеленилото, а на неколку метри оттука да нема ни водовод ни канализација, да нема основни услови за живот“, изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој беше меѓу граѓаните во Карпош. Тој истакна дека сè додека во секоја општина, град,...

Ванхауте за „Мета“: Велосипедот нема да им го дадам во Музејот на ВМРО

Белгискиот експерт, Питер Ванхауте, кој ги олеснуваше преговорите за Договорот од Пржино и тие во работните групи, денеска си замина за Брисел. Договорот како независен експерт му завршува на 27 март, но тој најавува дека во Македонија се враќа на 4 април и вели дека ќе продолжи да работи и да ѝ помага на државата да оди напред. За постигнатото...

ВМРО-ДПМНЕ: Фантом е членот на секое семејство што СДСМ излажа дека ќе го вработи

Фантом е членот од секое семејство што Радмила Шекеринска и СДСМ излажаа дека ќе го вработат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дамјан Манчевски. „Фантомска е пругата што СДСМ не ја изгради кон Бугарија. Фантомска е индустриската зона Сачево во Струмица, во која нема ниту трага ниту глас од 3.000 вработувања во 300 капацитети што ги вети Заев. Не се фантоми...

Манчевски: Во избирачкиот список не смее да има ни малку сомнеж

„Во избирачкиот список има точно 330.588 сомнителни гласачи. Изборниот криминал на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ е целосно потврден“, објави Дамјан Манчевски од СДСМ на денешната прес-конференција. - Вкупно 330.588 сомнителни гласачи се доказ дека последните изборни циклуси во Македонија не биле регуларни. Во Македонија владее криминална банда без легитимитет, која не само што ги крадела парите на граѓаните, туку...

Членовите на ДИК од СДСМ ја напуштија седницата

Игор Милев и Виолета Дума, членови на Државната изборна комисија од СДСМ,  ја напуштија седницата на која се расправа колку од 310.000 гласачи теренски ќе се проверуваат, потврдија за „Мета“ од ДИК. Пред паузата, членовите на ДИК разговарале за гласачите што се иселени од државата, а се наоѓаат на избирачкиот список и можат да гласаат од дијаспората. Претходно, ДИК едногласно го...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК нека ги проверува сите, само побргу да се заврши работата

„СДСМ со месеци претставува лажна слика во јавноста дека имало огромен број на таканаречени фантомски гласачи, еднаш велеа 30.000, другпат 100.000, за да стигнат и до половина милион. Бројот често го менуваа како дел од нивната пропаганда и алиби за одложување на изборите. Фантомски гласачи ниту имало ниту, пак, ќе има, но сега дојде време да се расчистат работите“,...

СДСМ: Стравот кај Груевски го покажуваат нарачаните лажни анкети  

Колкав е стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат нарачаните лажни анкети на нивниот партиски институт „Павел Шатев“, кој глуми дека спроведува некакво јавно истражување, реагираат од СДСМ на денешните анкета на Институтот „Павел Шатев“. „Преку изборни грабежи, закани, уцени, злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта. Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за...

ДИК: Бројките за спорните гласачи се само шпекулација

Сè додека членовите на Државната изборна комисија не го усвојат извештајот за резултатите од вкрстените проверки, сите бројки што се појавуваат во јавноста се на база на шпекулации - рече денеска на прес-конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК. Таа не сакаше да одговори на новинарски прашања дали бројката е иста или барем приближна на таа што се појавува во неофицијалниот извештај. - По првичното...

Половина милион гласачи се спорни во избирачкиот список?

Tочно 495.258 гласачи се спорни и треба да подлежат на дополнителна проверка, пишува во извештајот од вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и на 10 други институции, до кој дошла „Телма“. Повеќе од 190.000 се евидентирани како фиктивни гласачи, односно, според извештајот, тоа се гласачи кои ги има во базата на податоци во МВР, но не се појавуваат во базите...

Рангелова: Правото на глас не може да биде оспорено од стравот на СДСМ од избори

„СДСМ нема одговор, ниту капацитет за да ѝ парира на ВМРО-ДПМНЕ на конструктивен начин кога станува збор за проекти од општо добро за граѓаните. Единствен одговор кој може да го понуди СДСМ е деструкцијата и фабрикувањето нови афери и манипулации“, вели Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. - Граѓаните се свесни како гласале и за кого гласале....

„Мост“: Нефункционалниот систем е причина за недоверба во избирачкиот список

Што и да направи Државната изборна комисија во овој период, нема да може да го прочисти списокот без соработка со другите институции надлежни за доставување податоци за избирачкиот список, сметаат од граѓанската асоцијација „Мост“. „Моменталната состојба е последица на немањето функционален систем со прецизни процедури и алоцирани одговорности, што остава можност за злоупотреби. За да добиеме веродостоен избирачки список, сите институции инволвирани...

Чичаковски: Ќе направиме сè да го прочистиме избирачкиот список до 17 април

Државната изборна комисија ќе ги преземе сите активности за да стигне до 17 април да го прочисти избирачкиот список, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, по денешната средба со претставници на 20 амбасади во Клубот на пратеници во Скопје. Според него, на денешната седница во ДИК треба да се најде решение и за тоа како ќе се проверуваат поплаките што пристигнуваат...