fbpx

Членовите на ДИК од СДСМ ја напуштија седницата

-

Игор Милев и Виолета Дума, членови на Државната изборна комисија од СДСМ,  ја напуштија седницата на која се расправа колку од 310.000 гласачи теренски ќе се проверуваат, потврдија за „Мета“ од ДИК.

Пред паузата, членовите на ДИК разговарале за гласачите што се иселени од државата, а се наоѓаат на избирачкиот список и можат да гласаат од дијаспората.

Претходно, ДИК едногласно го усвои експертскиот извештај од вкрстената проверка на избирачкиот список, односно на базите со податоци на Министерството за внатрешни работи и на десет други институции.

Анализата покажала дека неконзистентни се податоците што се однесуваат на околу 310.000 гласачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Нема казни за предизвикувањето на шумските пожари

Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се...