fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Фантом е членот на секое семејство што СДСМ излажа дека ќе го вработи

-

Фантом е членот од секое семејство што Радмила Шекеринска и СДСМ излажаа дека ќе го вработат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дамјан Манчевски.

„Фантомска е пругата што СДСМ не ја изгради кон Бугарија. Фантомска е индустриската зона Сачево во Струмица, во која нема ниту трага ниту глас од 3.000 вработувања во 300 капацитети што ги вети Заев. Не се фантоми половината милион Македонци кои не ја поддржуваат политиката на деструкција, манипулација и на фабрикување афери на СДСМ, единствената активност на оваа партија со години наназад. Не се фантоми половината милион Македонци што го казнуваат СДСМ затоа што СДСМ не им го признава правото на демократски глас, па ги нарекува „народот кој греши“, „стока“ и „стадо овци“. Овие граѓани се вистински, за разлика од бројките што манипулантите од фабриките на СДСМ ги вадат од ракав секој ден“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека нема да успее сценариото со кое СДСМ сака повторно да бара алиби за бегање од избори, за одложување на изборите или за непризнавање на резултатите.

„На сите им се јасни лагите на СДСМ и измислиците и конструкциите што оваа партија постојано ги прави. На сите им се јасни празните изговори и обиди на СДСМ по секоја цена да се саботира функционирањето на државата“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...