fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК нека ги проверува сите, само побргу да се заврши работата

-

„СДСМ со месеци претставува лажна слика во јавноста дека имало огромен број на таканаречени фантомски гласачи, еднаш велеа 30.000, другпат 100.000, за да стигнат и до половина милион. Бројот често го менуваа како дел од нивната пропаганда и алиби за одложување на изборите. Фантомски гласачи ниту имало ниту, пак, ќе има, но сега дојде време да се расчистат работите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во текот на вчерашниот ден, СДСМ вршеше терор врз ДИК, користејќи ги сите средства и манипулации, во обид да издејствува што повисока бројка на граѓани да биде предмет на проверка, да не случајно некој од нив се покаже како фантомски гласач. Обидот е, всушност, таканаречено меко приземјување. Од 500.000, колку што лажеа тие и нивните медиуми, нивната битка во текот на вчерашниот ден се сведе на обид барем да се проверат 150.000 или 160.000 за да не биде одеднаш од 500.000 да паднат на 5.000 проверки, па одложувањето на изборите на 24 април да ја изгуби својата смисла и да се види големата лага и манипулација што ја правеа веќе две години во земјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие појаснуваат дека проверката не значи дека некој е фантомски гласач или дека некој направил некоја неправилност. Проверката е едноставно само проверка.

„По неа СДСМ ќе ја има најтешката задача кога ќе се обелодени дека фантомски гласачи, всушност, воопшто немало. За да не го губиме времето во неродуктивни дебати, кавги, расправии, закани и малтретирање на граѓаните со разни дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ им порачува на СДСМ и на ДИК, не 150.000 или 160.000, туку 2 милиони и 150.000 и 160.000 ако сакаат нека ги проверуваат. Најважно е да се видиме на избори. Проверувајте колку сакате, па се гледаме на избори. Колку повеќе ги проверувате и тормозите луѓето, толку повеќе и побргу ќе разберат дека цело време ги манипулирате. Луѓе кои се чесни граѓани, со проверките ги сомничите за наводни фантоми и нивниот одговор, како и одговорот на стотици илјади други, ќе го добиете на 5 јуни“, велат од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...