fbpx
Таг: ФЗОМ

таг: ФЗОМ

Ден Дончев, нов директор на Фондот за здравство, на местото на Виктор Мизо – Александар Младеновски

Владата на Република Македонија ја објави листата на новите директори на различни агенции, фондови, државни управи и казнено-поправни установи што се во нејзина надлежност. Сите именувани се само вршители на должноста. Од позначајните функции, Ден Дончев е нов директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на чело на Агенција за филм на Република Македонија е именуван Горјан Тозија, додека...

ФЗОМ склучи договори со нови шест специјалистички ординации

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во зејава, кои станаа дел од мрежата на здравствени установи и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот. Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договор со приватните здравствени установи „Д-р Александар Манолев“ во Бутел, Скопје, „Вита мед-ЛД“...

ФЗОМ одобри пари за лекување на Мартин Мицев

Фондот за здравствено осигурување денеска соопшти дека лекувањето за бебето Мартин Мицев е одобрено. Како што пишува во соопштението на фондот, Мартин Мицев ќе се лекува во Германија, а неговото лекување, кое во целост ќе биде покриено од ФЗОМ, ќе чини 280.000 евра. „Почитувани, по повод пишувањата на определени веб-портали и социјални мрежи кои повикуваат за донации, сакаме да ја известиме...

ФЗОМ: Ако лекот на рецепт ви го нема во првата аптека, прошетајте малку!

Надоместоците што ФЗОМ ги исплаќа на аптеките се доволни за да има континуирана достапност на лекови на рецепт, тврдат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), по вчерашната реакција на граѓани, кои тврдеа дека лекови на рецепт не можат да најдат во ниту една аптека. „Доколку лекот за кој има потреба осигуреникот го нема во една аптека, поради искористеност на квотата, истиот има...

Нема лекови на рецепт во аптеките, пациентите протестираат – и плаќаат

Нема лекови на рецет во аптеките, реагираат Скопјани, тврдејќи дека со денови бараат лекови, но не можат да ги набават освен ако не ги купат „приватно“. Како што велат тие за „Мета“, станува збор за антибиотици и за лекови за луѓе болни од рак, кои никаде низ Скопје ги нема на рецепт. Од аптеките низ градот тврдат дека тие работат со квоти...

Апелацискиот суд го укина ослободувањето, Тренкоски пак ќе оди на суд

Апелацискиот суд - Скопје, по разгледувањето на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, донел одлука со која го укинал ослободувањето од обвинение на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Георги Тренковски, и на Весна Огненоска и предметот го вратил на повторно судење, соопшти денеска Основниот суд - Скопје 1. Според упатствата на Апелација, повтореното судење ќе го води целосно...

ФЗОМ промовираше три нови услуги

Tри нови електронски услуги денеска на својот портал промовираше Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Услугите се однесуваат на правата што се гарантирани врз основа на закон за осигуреници, кои досега беа достапни само во хартиена форма. Оттаму велат дека осигурениците отсега ќе можат да ги добијат поедноставно, побрзо и поефикасно по електронски пат услугите: - Барање за добивање решение за ослободување...

Подигнати една третина од изработените електронски здравствени картички

По три недели од изработката и oд дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега биле подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541, за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките. - Во оваа пригода ги повикуваме граѓаните кои не си ги подигнале картичките да дојдат и да си ги подигнат во...

ФЗОМ експресно одговори: Ханита в петок да дојде на преглед на Клиниката за ортопедија

По протестот по повод едногодишнината од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, каде што говореше и Садула Салиу, татко на 11-годишната Ханита, која има иста дијагноза како и починатото девојче, експресно реагираше Фондот за здравствено осигурување. Оттаму во соопштение велат дека „Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска...

Македонците може да користат бесплатно здравство во Словачка

На 1 декември 2015 година стапи на сила договорот меѓу Македонија и Словачка за социјално осигурувањ. Врз основа на овој договор, осигурените лица за време на привремен или постојан престој на територија на другата држава, можат да користат бесплатни здравствени услуги, информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). - На основа на европската картичка за здравствено осигурување, осигурените лица на Словачка...

Фондот за здравство воведе нов софтвер

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија воведе нов електронски софтвер за унапредување и за олеснување на административните работи во здравствените институции. Директорот на Фондот, Сашо Стефаноски, денеска на прес-конференција рече дека во изминатиот период работеле на електронски систем кој ќе значи замена на досегашното класично административно работење на здравствените установи со ФЗОМ и преминување на комплетно електронско работење.

Усвоена одлуката за бесплатно ин витро за трето и за четврто дете

На денешната седница, Владата донесе одлука со која беа прифатени предлог-измени за Законот за здравствено осигурување, со кои на брачните двојки ќе им се овозможи бесплатно ин витро оплодување за трето и за четврто дете, соопшти денеска од Штип, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски. - Со измените на Законот се предвидува ослободување од партиципација на граѓаните, кои ќе добијат право да...

ФЗОМ донираше детски играчки на четири здравствени установи

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) донираше играчки, камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца во четири јавни здравствени установи: Детска клиника - Скопје, Институт за белодробни заболувања „Козле“, Клиничка болница - Тетово и Општа болница - Охрид. - Со овие играчки ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години, кои престојуваат во овие здравствени установи. Се надеваме дека оваа донација на детски...

Нови квоти за приватните аптеки

Од 1 јули ќе почнат да важат новите квоти за приватните здравствени установи - аптеки. Со оваа прераспределба, Фондот има цел да овозможи посоодветна дистрибуција на средствата за лекови, односно подобра снабденост за осигурениците. Новите квоти за аптеките беа усвоени на вчерашната седница на управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за издадени лекови на рецепт од листата на...

ФЗОМ воведува отворени денови за осигурениците

Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува нова практика на отворени денови за осигурениците и за нивните идеи, предлози и прашања. Денеска во Струмица, директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, во рамките на работната посета на подрачната служба на Фондот во Струмица, директно ги информираа осигурениците дека вратите на ФЗОМ се отворени...

Владата објави конкурс за директор на ФЗОМ

Владата денеска објави јавен повик за вработување директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Сите заинтересирани кандидати, најдоцна до 15 март 2015 година, треба да пополнат електронска апликација, која може да се најде на веб-страницата на Владата. - По аплицирањето ќе следува процес на селекција и на интервјуирање на кандидатите. Апелираме заинтересираните кандидати да се пријават и со своите...

Владата назначи нови директори на ФЗОМ

Сања Минкова и Орхан Рамадани се новите вршители на должност директор на Фондот за здравствено осигурување, дознава „Здравство24.мк“. На директорските функции се назначени на вчерашната владина седница. На седницата, Владата ги прифати оставките на Маја Парнарџиева-Змејкова и на Џемали Мехази, кои вчера си поднесоа оставки. Рамадани е поранешен директор на Аеродроми „Македонија“, а Минкова е вработена во Владата.

ЛДП бара неотповиклива оставка од Тодоров

Либерално-демократската партија бара неотповиклива оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на малата Тамара од Велес. Партијата изрази сочувство до семејството на Тамара и жалeње за прерано заминатиот млад живот. Велат дека се револтирани од односот на институциите што беа задолжени за лекувањето на малата Тамара. „Македонската јавност знае дека Министерството за здравство преку министерот Тодоров даде јавно ветување дека...

Хелсиншки комитет ќе бара кривична одговорност за смртта на Тамара

Хелсиншки комитет за човекови права ќе покрене кривична пријава за несовесно работење против директорката и членови на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување доколку тие не преземат одговорност за смртта на Тамара, а доколку постои согласност од родителите, ќе биде поднесен предлог за кривично гонење против одговорните лица во Министерството за здравство, велат од Хелсиншки комитет. Според мислењето на Хелсиншки...

Фондот за здравство не чувствува одговорност за смртта на Тамара

Одговорност за случајот на Тамара од Велес ќе има само ако родителите покренат кривична постапка, рече денеска на прес-конференција Бранко Аџигогов, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. - Во договор со родителите на Тамара, датумот за заминувањето требаше да биде познат по 8 февруари. Излеговме да ги објасниме причините за овој случај затоа што некои од...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...