fbpx

Ден Дончев, нов директор на Фондот за здравство, на местото на Виктор Мизо – Александар Младеновски

-

Владата на Република Македонија ја објави листата на новите директори на различни агенции, фондови, државни управи и казнено-поправни установи што се во нејзина надлежност. Сите именувани се само вршители на должноста.

Од позначајните функции, Ден Дончев е нов директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на чело на Агенција за филм на Република Македонија е именуван Горјан Тозија, додека директор на Управата за финансиска полиција ќе биде Арифат Муареми.

На местото на Виктор Мизо во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони седнува Александар Младеновски, а нов прв човек на Управата за културно наследство е Елеонора Петрова.

Другите измени на раководни позиции може да се видат на владината веб-страница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Многу жртви во Источна Европа по првиот обилен снег

Обилните снежни врнежи оваа недела во првиот голем студен бран сезонава низ источноевропските држави резултираа со бројни жртви и оставија илјадници градови и села без струја. Во Молдавија, изминатиот викенд...