Дончев: Болницата од Германија не испрати понуда за лечење на Ева
23 август 2018
Вкупно три понуди од странски болници добил Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за лекување на малата Ева Крстановска, од кои две од турски болници и една од болница од Италија. Од болницата во Германија не стаса понуда и демантираме дека лекувањето во неа би чинело 200.000 евра, рече на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. […]