fbpx

ФЗОМ воведува отворени денови за осигурениците

-

Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува нова практика на отворени денови за осигурениците и за нивните идеи, предлози и прашања. Денеска во Струмица, директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, во рамките на работната посета на подрачната служба на Фондот во Струмица, директно ги информираа осигурениците дека вратите на ФЗОМ се отворени за сите нивни дилеми и потреби кои се во надлежмност на ФЗОМ.

Директорот Стефаноски информираше дека од оваа недела (четврток, 9 април 2015 година) отворените денови на ФЗОМ ќе се организираат секој четврток од 10 до 15 часот во просториите на сите 30 подрачни служби на Фондот.

Овие отворени денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници кои се активни учесници во процесот на креирање политики за подобро функционирање на Фондот за здравствено осигурување. Во овој период, сите заинтересирани осигурени лица ќе може да ги претстават своите идеи, предлози, тешкотии со кои се соочуваат на стручните тимови на Фондот. Во секоја подрачна единица ќе има задолжено лице кое ќе дава повратни информации за начинот како да се надминат одредени тешкотии со кои осигурениците се соочуваат, а се во надлежност на Фонот. Оваа практика се планира да се одржува до крајот на јуни.

Директорот Рамадани истакна дека целта на отворените денови е на сите осигуреници да им се овозможи директно да учествуваат во креирањето и во реализацијата на здравствените политики, придонесувајќи, на тој начин, за подобрувањето на состојбите во здравствениот систем. Исто така, сите осигуреници може да побараат информации на веб-страницата на Фондот (www.fzo.org.mk) или на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“. Може директно да се обратат во подрачните служби или да се јават на бесплатниот телефноски број 0800 33 222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 часот или по маил на [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...