fbpx

Владата објави конкурс за директор на ФЗОМ

-

Владата денеска објави јавен повик за вработување директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Сите заинтересирани кандидати, најдоцна до 15 март 2015 година, треба да пополнат електронска апликација, која може да се најде на веб-страницата на Владата.

– По аплицирањето ќе следува процес на селекција и на интервјуирање на кандидатите. Апелираме заинтересираните кандидати да се пријават и со своите капацитети да придонесат во реализацијата на програмата и на проектите – рече портпаролот на Влада, Александар Ѓорѓиев.

Дел од критериумите што треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати се да се државјани на Република Македонија, да имаат стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, да имаат минимум пет години работно искуство од областа на финансиите или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, а дополнителна специјализација или посетена обука од областа ќе се смета за предност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...