fbpx

Подигнати една третина од изработените електронски здравствени картички

-

По три недели од изработката и oд дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега биле подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541, за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките.

– Во оваа пригода ги повикуваме граѓаните кои не си ги подигнале картичките да дојдат и да си ги подигнат во подрачните служби, при што можат веднаш да направат и активирање на новите картички или тоа да го направат кај својот матичен лекар. При првата употреба на електронска здравствена картичка кај матичниот лекар, осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и за заштита на електронската здравствена картичка – соопштуваат од ФЗОМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...