fbpx

ФЗОМ експресно одговори: Ханита в петок да дојде на преглед на Клиниката за ортопедија

-

По протестот по повод едногодишнината од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, каде што говореше и Садула Салиу, татко на 11-годишната Ханита, која има иста дијагноза како и починатото девојче, експресно реагираше Фондот за здравствено осигурување.

Оттаму во соопштение велат дека „Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена клиника, нема поднесено барање за лекување во странство и поради тоа закажа преглед на Универзитетската клиника за ортопедија в петок, каде лекарите ќе го дадат својот наод и стручно мислење. Доколку биде поднесено барање за лекување во странство, Фондот во законски утврдените рамки ќе донесе одлука“.

Салиу на протестот рече дека тој за неговата ќерка Ханита двапати побарал помош од државата, но биле одбиени со образложение дека маната била вродена.

– Случајот на Ханита е ист како тој на Тамара. Таа има искривување на пршлените и ако оваа година не добие помош, количка не ѝ бега. Досега четирипати сме биле во Анкара и сè е на наш трошок. Повеќе немаме сили. Операцијата, колку што знам, чини 20.000 евра. Испративме барања до фондот, но двапати нè одбија – изјави Салиу.

Од Фондот, исто така, информираа дека ги контактирале и родителите на И.П. и утврдиле дека сè уште немаат добиено конзилијарно мислење, ниту, пак, имаат доставено барање до Фондот.

„Поради тоа, закажан е преглед в петок на Универзитетската клиника за ортопедија, за да можат лекарите да дадат наод и стручно мислење. Фондот ќе излезе во пресрет и ќе одговори на барањето за лекување во странство за осигурените лица, доколку е конзилијарно потврдено од соодветните клиники и во согласност со законските прописи“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...