fbpx

Нови квоти за приватните аптеки

-

Од 1 јули ќе почнат да важат новите квоти за приватните здравствени установи – аптеки. Со оваа прераспределба, Фондот има цел да овозможи посоодветна дистрибуција на средствата за лекови, односно подобра снабденост за осигурениците. Новите квоти за аптеките беа усвоени на вчерашната седница на управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за издадени лекови на рецепт од листата на лекови на товар на Фондот, соопштија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

„Во согласност со правилникот, ревидирањето на квотите е направено врз основа на просечно месечно реализирани износи на квоти, во согласност со податоците со кои располага Фондот во последните шест месеци, при што квотата се зголемува или намалува во зависност од нивната реализација според дефинираната скала од правилникот.
Средствата се распределени на вкупно 768 аптеки, кои во моментов имаат активен договор. Од нив, кај вкупно 634 аптеки квотата се зголемува, кај 74 аптеки се намалува, кај 37 аптеки квотата не се менува, додека кај 23 нови аптеки кои до ФЗОМ доставија комплетна понуда за склучување договор и се дел од мрежата на здравствени установи се определуваат нови квоти (15 аптекарски станици, пет подвижни аптеки, две аптеки и една рурална аптека). Буџетот на Фондот за здравствено осигурвање на Македонија за квоти за аптеките за 2015 година е 2 милијарди и 450 милиони денари“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...