fbpx
Таг: финансии

таг: финансии

ОН: Без финансиска помош, повеќе од милион лица во Нигерија ќе остане без храна

Доставувањето храна за повеќе од еден милион луѓе во Нигерија ќе биде прекинато доколку не се исполни ветеното финансирање од меѓународната заедница, соопшти денеска заменик-координаторот за хуманитарна помош при ОН, Петер Лундберг. - Без доволно финансирање, Светската програма за храна ќе ја намали својата најважна поддршка - изјави Лундберг, додавајќи дека во северниот дел на Нигерија половина милион деца страдаат од...

„Карван на парите“ денеска во Велес и во Неготино

Како дел од одбележувањето на Глобалната недела на парите (27 март ‒ 2 април), во Велес и во Неготино денеска ученици - основци и средношколци, ќе слушаат објаснувања за парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и за други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи. По денешната посета на „Карванот на парите“ на Велес и на Неготино,...

Македонија со слаб систем за бесплатна правна помош за своите граѓани

Иако законот за бесплатна правна помош постои седум години, пристапот до помош е рестриктивен и селективен, а според истражувањата, може да го користат само 1,1 отсто или околу 18.000 граѓани. Ова беше кажано на денешната прес-конференција оддржана во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје, каде беа презентирани резултатите од досегашното спроведување на проектот за „Пристап до правдата“, кој е финасиски поддржан од ЕУ,...

Светска банка ќе издвои 57 милијарди долари за Африка

Светска банка соопшти дека ќе издвои околу 57 милијарди долари за инвестиции во следните три години во државите во Африка. Најголем дел од тие средства, 45 милијарди долари, ќе ги издвои Агенцијата за меѓународен развој во рамките на Светска банка, која ќе дава бескаматни кредити на најсиромашните земји. Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, оваа недела ќе ги посети Руанда...

Банките имаат вишок пари за кредити кои малку се бараат поради кризата, велат од НБРМ

Ликвидноста во банкарскиот систем се зголемува петти месец по ред, што се должи на редовните трансакции на државата, како и на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар за нето-откуп на девизи, велат од Народна банка. Во услови на солидна девизна ликвидност кон средината на месецот, на меѓубанкарскиот пазар се јави вишок понуда на девизи. - Порастот на потенцијалната ликвидност на...

Полиција во седиштето на партијата на Марин ле Пен

Француската полиција врши истрага во седиштето на Националниот фронт во Париз за наводни злоупотреби на фондовите на Европската Унија, пишува „Гардијан“. Од Европскиот парламент наведуваат дека врвот на партијата во периодот од 2011 до 2012 година партиските функционери ги плаќал од фондовите на ЕУ. „Гардијан“ истакнува дека правилата на ЕУ наложуваат нивните фондови да се користат само за асистентите на европарламентарците. Ле Пен ги...

На земјите од Западен Балкан, ЕУ ќе им додели 50 милиони евра за енергетски проекти

Педесет милиони евра за финансирање енергетски проекти ќе добијат земјите од Западен Балкан од Европската Унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст. Договорите за финансиите ги потпишаа претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и банкарскиот концерн KfW, во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (РЕЕП) и Фондот...

Азески: Блокадите на Евзони негативно влијаат врз економијата и на двете земји

Блокадите на граничниот премин Евзони негативно се одразуваат врз економско-финансиското работење на стопанството во Македонија, а негативни ефекти чувствува и стопанството во Грција, пишува во писмото на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори, Константин Михалос, како и до амбасадорот и шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, Димитриос...

Трамп го потпиша указот за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот за изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико. Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието, изрази жалење и ја осуди таквата одлука. - Мексико не верува во ѕидови. Неколкупати кажав дека Мексико нема да плати за ѕидот - напиша Пења Нието на „Твитер“. Тој размислува дали да ја откаже планираната посета на Вашингтон на...

БИРН: Странците инвестирале седум пати помалку од најавеното

Странските инвеститори инвестирале седум пати помалку од најавеното и отвориле три пати помалку работни места отколку што ветиле, покажува базата на податоци  „Странски инвестиции под лупа“ изработена од новинарскиот тим на БИРН Македонија. Истражувањето опфатило 138 инвестиции што биле најавени или промовирани од Владата во период од 2007 до 2016 година. Тоа покажува дека дури 43 од најавените странски инвестиции...

Саманта Пауер го повика Трамп да не гo намалува финансирањето во ОН

Американската амбасадорка во заминување при Обединетите нации, Саманта Пауер, ја повика администрацијата на Доналд Трамп да не го намали финансирањето во Обединети нации. Таа рече дека тоа ќе биде штетно за САД и ќе биде во корист на земји како Кина и Русија. - Ние делумно го водиме светот затоа што сме водечка земја при Обединетите нации – рече амбасадорката на...

Партиите не прикажале расходи за комунални, комуникациски и транспортни услуги

Голем дел од политичките партии немаат прикажано расходи за комунални и за комуникациски услуги, како и расходи за превоз и транспортни услуги, покажува извештајот на „Транспарентност Македонија“, која врши надзор на трошењата од буџетите и на политичките партии во предизборниот и изборниот процес. - Осум политички партии немаат прикажани расходи за комунални услуги и за греење, а исто толку партии...

Партиите до ДИК треба да достават извештаи за трошењето на парите во кампањата

Политичките партии до полноќ треба да ги достават финансиските извештаи за трошењето на парите во првите десет дена од изборната кампања. Според членот 84б од Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и за расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот...

ХЕРА: Потребна е поголема поддршка од владите и од донаторите во борбата против ХИВ

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против сида. По овој повод денеска се одржа првиот дел од дводневниот регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ, на кој учествуваат 50 претставници од Глобалниот фонд, државни институции, граѓанскиот сектор и претставници од заедниците од вкупно осум земји. „Целта на регионалниот состанок е да се дискутираат механизмите за одржливост, вклучување на заедниците во...

„Цивил“ бара партиите да ги соопштат изворите на финансии за кампањите

Од „Цивил“ посочуваат дека во Република Македонија се води исклучително скапа предизборна кампања, а политичките партии не даваат информации од каде им се финансиските средства за тоа. Центарот за слобода „Цивил“, со две мобилни екипи, викендов престојува во Охрид – Се води скапа кампања, нетранспарентна, никој не знае од каде партиите наоѓаат средства за кампањата. Ние се обидовме да им испратиме...

Општината Бујукчекмеџе од Турција финансира изградба на училиште во Струга

Општина Струга почна да го гради новиот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“, зафат што целосно го финансира општината Бујукчекмеџе, од Република Турција. Камен-темелникот го поставија градоначалниците Зијадин Села и Хасан Акгун. Вкупната површина на објектот изнесува 1.300 квадратни метри покриен простор. Современиот објект ќе располага со 13 училници, пет административни канцеларии и една сала за состаноци. Идното училиште ќе го носи името...

Партиите кријат од каде ги финансираат кампањите, кои чинат околу 1 милион евра

Американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања потроши 600 милиони долари, додека неговата противкандидатка Хилари Клинтон трката ја чинеше повеќе од 1 милијарда долари. Во Македонија, пак, за изборните кампањи на кандидатите на најголемите политички партии за претседателските избори во 2014 година беа потрошени околу еден милион евра. За изборната кампања за Ѓорге Иванов, ВМРО-ДПМНЕ потрошиле 878.781 евра, покажува нивниот финансискиот...

Наумов: Јавниот долг и во ноември продолжува да се зголемува

„И покрај тоа што во периодот од 8 до 15 ноември, за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал, не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември побарува 12,2 милиони евра. Jавниот долг ќе го зголеми за нови 12,2 милиони евра“, се вели во соопштението од кабинетот...

ДИК побара 7,5 милиони евра за изборите, Финансии ќе ѝ ги даде

Државната изборна комисија (ДИК) побара од Министерството за финансии 7,5 милиони евра за организирање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, дознава „Мета“. Тоа е истата сума што ДИК ја побара и за одложените избори на 5 јуни. Од комисијата, исто така, информираа дека денеска ќе одржат седница на која треба да се усвои роковникот за активностите на ДИК до изборите. Од Министерството за...

Глобалниот долг на историски највисоко ниво

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е загрижен поради проблемот со зголемување на глобалниот долг, кој достигна 225 отсто од светскиот домашен бруто-производ (БДП), што може да доведе до нова финансиска криза. Бруто-долгот во нефинансискиот сектор номинално е повеќе од двојно зголемен од почетокот на овој век, достигнувајќи 152 милијарди долари со тренд на зголемување, наведува ММФ во своето најново полугодишно издание...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...