fbpx

„Цивил“ бара партиите да ги соопштат изворите на финансии за кампањите

-

Од „Цивил“ посочуваат дека во Република Македонија се води исклучително скапа предизборна кампања, а политичките партии не даваат информации од каде им се финансиските средства за тоа.

Центарот за слобода „Цивил“, со две мобилни екипи, викендов престојува во Охрид

– Се води скапа кампања, нетранспарентна, никој не знае од каде партиите наоѓаат средства за кампањата. Ние се обидовме да им испратиме барање на сите партии, да ги кажат изворите на финансирање. За жал, од 70 политички субјекти, само пет партии ни одговорија како ќе ја финансираат својата кампања. Медиумите се посебна приказна. За жал, ништо од она што е договорено во Пржино, не е остварено. Сè уште има говор на омраза – вели Синиша Станковиќ, уредник на „Цивил“.

Пред локалните медиуми „Цивил“ ги презентираше извештаите и анализите од изборниот надзор. Од центарот за слобода ги повторија барањата до институциите и до политичките партии да се придржуваат кон Уставот, законите и демократските стандарди.

Според „Цивил“, во Македонија во моментов не постојат услови за вистински и фер демократски избори, но нема време и простор за уште еднаш да се одложат.

– Главните забелешки на „Цивил“  се сведуваат на работата на Државната изборна комисија, која не ја заврши својата задача, влегуваме во изборен дел со непрочистен избирачки список, со луѓе со двојни адреси, 200 случаи на лица фантоми за кои ние известивме. Во една таква ситуација, во која граѓаните и граѓанките немаат доверба во ниту една институција во системот, тие главно ги пријавуваат сите притисоци, закани, уцени во невладиниот центар. Ние имаме сознанија за бројни злоупотреби, како користењето на јавните ресурси, така во користењето на државни пари во партиски цели, има злоупотреби на малолетници, на социјално ранливи категории, особено се бројни заканите и притисоците на работно место во јавната администрација, па дури и во приватниот сектор – додава Станковиќ.

„Цивил“ ги набљудува состојбите во целата земја подолг временски период, а денот на гласање ќе го набљудуваат со околу триста краткорочни и долгорочни набљудувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...