fbpx
Таг: финансии

таг: финансии

Градоначалниците да подготват проекти за гасифицирање на општините

Градоначалниците да подготват проектна документација за гасификација на општините и да одлучат дали сами ќе инвестираат, дали ќе најдат инвеститори или тоа ќе го сторат преку јавно-приватно партнерство, порача премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Министерство за финансии. Прашан за гасификацијата на Скопје, Заев додаде дека има гасоводна цевка до градот, но дека нејзината искористеност е од 15 до 20...

Буџетот за 2018 денеска без опозицијата на пленарана седница во Собранието

Пленарната седница на која ќе се расправа за предлог-буџетот за 2018 година, е закажана за денеска во 11 часот. Пратениците на опозицијата не учествуваа во комисиската расправа за буџетот, а нивно присуство не се очекува ниту на денешната пленарна седница, па оттука можно е буџетот да биде изгласан уште денеска. Министерот за финансии, Драган Тевдовски вчера изјави дека жали што опозицијата...

Германската влада со финансиска поддршка за Македонија во висина од 9 милиони евра

Aмбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски ја потпишаа спогодбата помеѓу владата на Македонија и владата на СР Германија, за финансиска соработка во висина од девет милиони евра. Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекти, Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2,...

Бектеши: Финансиска поддршка за малите претпријатија ќе има и догодина

Министерството за економија, во рамки на годишната Програма за конкурентност, иновации и претприемништво, годинава поддржало 89 претпријатија, 23 занаетчии и 30 проекти на фондации, кои ги исполниле условите. На манифестацијата „Претприемач на годината“, министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека и догодина претприемачите ќе може да добијат поголем финансиски стимул за реализација на своите бизнис активности. - Значењето на малите и средните...

Комисиската расправа за буџетот повторно закажана во 13 часот

Собранието денеска го закажа, го одложи и пак го закажа првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Според последната информација од собраниските служби за односи со јавноста, продолжението на расправата е закажано за денеска во 13 часот. Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и оттогаш нејзиното одржување се одложува пет пати. Предлог-буџетот за 2018 година тежи...

Локалитетите за спортско качување ќе се користат за привлекување туристи

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Македонската спортско-качувачка федерација ќе го промовира авантуристичкиот туризам во земјава преку спортското качување. За подобрување на условите на качувачките локалитети кај Матка, Маврово и кај Кадина во близина на Скопје, поставени се добро оклинчени спортско-качувачки насоки и сидришта, обележани и лесно достапни за секого. „Туристичките трендови се во прилог на Македонија и...

Владата финансиски ќе ја помогне „Колска“

Владата на денешната седница одлучи финансиски да ја поддржи фабриката за шински возила „Колска“ за да се воспостави редовен тек на работите во фабриката и грижата за работниците, соопшти владината прес-служба. „За оваа цел на седницата е донесена одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со буџетот на Република Македонија за 2017 година, најдоцна до 15...

Тевдовски: Се подготвува буџетот за 2018 година, ќе се кратат непродуктивните трошоци

Работиме на подготовка на буџетот за 2018 година и ги прецизираме макроекономските проекции, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, во интервју за телевизија „Сител“. Тој додаде дека за следната година може да се очекува повисок економски пораст од годинава. Најави дека и следната година ќе се кратат непродуктивнтие трошоци, за, како што посочи, да им се даде шанса на оние...

Германија и Египет постигнаа договор за намалување на приливот на мигранти

Германија и Египет постигнаа договор за намалување на приливот на мигранти од таа северноафриканска земја. Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави дека Египет според новиот договор ќе добие дополнителни средства за програми кои имаат за цел на луѓето да им помогнат да пронајдат подобро вработување, како и за школување на Египќани во Германија. Германија исто така на Египет ќе му...

СДСМ: Јавниот долг е намален за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал

Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви, ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите, бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и доспеаните рати за стари долгови, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со очигледната разлика во управувањето...

СДСМ: Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните

Со поднесената интерпелација против министерот за финансии, Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии и буџет во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните и на зајакнување на економијата, се вели во реакцијата на СДСМ. Од владејачката партија велат дека со интерпелацијата, ВМРО-ДПМНЕ е против...

Дополнителни 450 милиони евра за иновативните претпријатија од ЕИФ

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и „Прокредит групацијата“ обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании, што вкупно изнесува 820 милиони евра пласман во кредити за бизнисите во 11 земји. Финансирањето обезбедено од ЕИФ е пласирано преку банките „Прокредит“ во Европа (Германија, Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Молдова, Украина и Грузија) и е наменто...

Перински: Oд 840 предложени амандмани, беа разгледани само 62 и ниту еден прифатен

СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт, изјави на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински. Тој додаде дека за тоа најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 амандмани и ниту еден не беше прифатен. - Владата на СДС својата негрижа и неодговорност ја покажаа со отфрлањето на амандманите...

И покрај предизвиците, лани финансискиот систем ја одржал стабилноста

Финансискиот систем и македонската економија се соочија со силен предизвик за стабилноста поради домашните политички случувања, кои кулминираа со оркестрирано ширење шпекулации во април и во мај лани, се вели во извештајот на Народната банка за финансиската стабилност во Македонија во 2016 година. Во извештајот се спомнува и високата побарувачка за девизи на менувачкиот пазар и на девизниот пазар, при што...

Заев најави решение за проблемот со колекторот за прочистување на Охридско Езеро

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, доцна вчера попладнето имал одделни средби со в.д. градоначалникот на Општина Струга, Мустафа Забзун, и со градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на кои било разговарано за финансиските и за проблемите со колекторот за прочистување на Охридско Езеро. „Еден од заедничките проблеми за кои стана збор на оваа средба се проблемите...

Тевдовски: Долгот на државните институции изнесува 363 милиони евра

Долгот на државните инстутиции заклучно со 31 мај годинава изнесува 363 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека прегледот на неплатените обврски е изработен врз основа на податоци кои буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини ги доставиле до Министерството и оттука не може да се гарантира нивната веродостојност. - Неплатените обврски на буџетските корисници изнесуваат...

ЕК: Македонија треба да развие конкретна фискална стратегија

На годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел државите се согласиле да ги забрзаат економските и социјалните реформи, со цел зајакнување на макроекономската стабилност, зголемување на конкурентноста и инклузивен пораст. Како што е наведено во заедничките заклучоци, Македонија се согласила да развие конкретна стратегија за фискална консолидација, да ги заштити инвестициите, да...

УСАИД финансира 27 проекти за развој на економијата и на демократијата во Македонија

Американската развојна агенција УСАИД во Македонија во моментот финансира вкупно 27 проекти, посветени на економскиот развој, демократијата и на развојот на општеството. Како и во изминатите 25 години, колку што УСАИД работи во Македонија, проектите се реализираат во блиска соработка со приватниот сектор, владата и со граѓанските организации. Ова денеска во Штип, пред присутните во Американското катче, го објаснуваше Едвард...

Жените претприемачи полесно до финансии преку програмата ИМЕ

Жените претприемачи ќе можат да си го олеснат пристапот кон финансии и да ги зголемат продуктивноста, конкурентноста и квалитетот на своите компании преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Жаклина Гештаковска-Алексовска, експерт за родови прашања во рамките на ИМЕ, истакна дека од сите претпријатија во Македонија 30 отсто се во сопствеништво на жени,...

„ЕУ за тебе“ в среда во Неготино

В среда, на 19 април, шефот на Делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, ќе оди во посета на Неготино како дел од кампањата „ЕУ за тебе“. Кампањата има цел да ја информира јавноста за помошта што ЕУ ѝ ја дава на земјата. Во Неготино амбасадорот ќе се сретне со градоначалникот Ванчо Апостолов и ќе ги посети проектите финансирани од ЕУ. Амбасадорот Жбогар и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...