Таг: финансии
таг: финансии
Путин: Грција не побарала помош од Русија
Грција не побарала помош од Русија за решавање на должничкиот проблем, изјави Владимир Путин.
Тој рече дека на кризата гледаат со големо внимание, но дека се надеваат оти кризата ќе биде решена наскоро.
Путин запраша каде била Европската комисија кога се трупале проблемите на Грција и зошто не ја корегирала економската политика на претходната грчка Влада.
Грција има пет дена да постигне договор со ЕУ
Шефовите на држави и на влади, кои се состанаа за да најдат решение за кризата во која се наоѓа Грција откако истече рокот за нова финансиска помош и беше организиран референдум на кој граѓаните ги отфрлија мерките за штедење, свикаа уште еден самит в недела, овојпат со сите 28 земји-членки, бидејќи вчеравечер не беше постигнат договор.
Канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата...
Утре вонреден самит на ЕУ посветен на Грција
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за утре свикаа вонреден самит на Европската унија, посветен на Грција.
Двајцата лидери се договориле дека одлуката на грчкиот народ мора да се почитува.
За исходот од референдумот, Оланд и Меркел денеска ќе разговараат во Париз.
Во текот на денешниот ден, вонреден состанок со најблиските советници и со клучните министри во владата ќе...
Кинеските власти со нов закон ја зголемуваат контролата над информатичката безбедност
Контроверзниот закон за национална безбедност, со кој се затега владината контрола врз многу области од секојдневниот живот, добил зелено светло од кинеските законодавни органи, пренесуваат светските медиуми.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, законот во голема мера ја дефинира националната безбедност како следење на сè, од финансии и компјутерска безбедност до религија.
Според кинеските државни медиуми, законот ќе ги „штити фундаменталните интереси на...
Грчката влада демантира дека ги прифатила сите услови
Грчката влада демантира дека ги прифатила условите на кредиторите и тврди дека се работи за нејзин нов предлог испратен до европските институции и до ММФ, заедно со писмо од премиерот Алексис Ципрас. Според информации од грчката влада, писмото што го испратила Грција е нов предлог со серија измени на договорот и на реформите што ги предлагаа европските институции, како што правела...
ЕК: Нема нови предлози за Грција
Европската комисија нема да ѝ претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева.
Комесарот за економски и за монетарни прашања на Европската унија, Пјер Московиси, претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози за Грција.
Прес-службата на ЕК вчера соопшти дека Јункер денеска ќе одржи прес-конференција за Грција во...
Државата дава по 2.000 евра дневно за мигрантите
Во првите пет месеци од оваа година, Министерството за внатрешни работи (МВР), кое е надлежно за Прифатниот центар за странци во населбата Гази Баба, потрошило 6,8 милиони денари или околу 111.000 евра за сместување на илегалните мигранти, затеканти од полицијата на територијата на земјата, велат за „Мета“ од Министерството.
Според помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, оваа...
Денеска нова „бомба“ и протестен марш до Министерството за финансии
Денеска пред Владата во „Кампот на слободата“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе објави нова „бомба“. Се очекува со „бомбата“ да се обелоденат начини на кои власта ги трошела парите од буџетот.
Објавувањето на разговорите се очекува да почне околу 14 часот, а со почеток во 18 часот, „Граѓаните за Македонија“ ќе одржат протестен марш од кампот до Министерството за финансии.
Откако...
Тежок март за Грција
Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, е дециден дека ако европските партнери се обидат повторно да ги вратат условите од меморандумот за штедење, грчката влада ќе ја одбие финансиската помош од 7,2 милијарди евра. Независно од обврските и од финансиските потреби на владата, според Варуфакис, нема да дозволат по никаква цена да се вратат на она што го прифатила...
Министерството за финансии исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари
Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година.
Станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари што имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки.