fbpx
Таг: експлозија

таг: експлозија

Нова експлозија во Кина

Кинеските власти покренаа истрага за најновата експлозија во провинцијата Гуанси, еден ден откако во серија експлозии на поштенски пакети загинаа седум лица. Експлозија утринава одекна и во станбена зграда во градот Лијужум, јавија државните медиуми. Причината за експлозијата не е позната и засега нема информации за жртви. Полицијата уапсила осомничен за 17 експлозии, за кој се сомнева дека ги испратил поштенските пакети. Не...

Експлозија во фабрика за оружје во Чешка

Силна експлозија одекна во фабрика за оружје во Чешка, а локалните медиуми наведуваат дека најмалку три лица загигнале. Фабриката се наоѓа на 60 километри јужно од Прага, во местото Влашим. Портпаролот на пожарникарната служба, Ладислав Холомачик, изјави дека несреќата се случила во 12.35 часот по локално време и дека по експлозијата не избил пожар.

Пет лица загинаа во експлозија на фабрика за пиротехника

Најмалку пет лица загинаа, а три се повредени во експлозија која се случила во фабрика за пиротехника во Свероисточна Шпанија. Причината за експлозијата во фабриката, која се наоѓа во близина на аеродромот во градот Сарагоса, не е позната. Звукот од експлозијата во фабриката која произведува ракети за огномет се слушнала на подрачје на целиот град. Во несреќи во фабрики за пиротехнички средства...

По експлозијата во Тианџин, владини функционери обвинети за негрижа

Кина поднела обвиненија против 11 владини функционери одгoворни за пристаништето во Тианџин, за негрижа, во врска со големата експлозија, која се случи на почетокот на овој месец, a во која загинаа 139 луѓе, јавуваат светските агенции. Засега нема информации дали на обвинетите функционери им е одреден притвор, а како што јавува „Би-Би-Си“, 12 извршни директори биле притворени, од кои најголем...

Авганистан: 11 загинати во серија експлозии

Најмалку 11 лица, од кои 10 деца, загинаа, а 18 се повредени во серија експлозии кои се случија на гасниот терминал во Херат, на западот на Авганистан, соопшти портпаролот на регионалната болница. Детонациите се слушнале во целиот град, а фотографиите кои се објавени на интернет прикажуваат дека огнот се издига високо. За сега не е познато дали станува збор за напад...

Бомбашки напад на зградата на египетската државна безбедност

Зградата на египетската државна безбедност во Каиро, утрово била цел на напад со автомобил бомба, соопшти министерството за внатрешни работи на Египет, јавуваат светските медиуми. Според првичните извештаи, во експлозијата на автомобилот-бомба биле повредени шест полицајци, а додека информации за загинати нема. Експлозијата оставила кратер на улицата пред зградата на државната безбедност, а според сведочењата на жителите на областа Шубра,...

Нова експлозија во Бангкок

Уште една експлозија денеска одекна на пристаништето за траекти во Бангкок, но нема повредени, јавуваат локалните медиуми. Тајландската полиција денеска соопшти дека вчерашниот бомбашки напад, во кој загинаа повеќе од 20 лица, бил изведен „многу професионално“, така што засега немаат можност да утврдат за каков експлозив станува збор, ниту пак има траги кои упатуваат на тоа како бомбата била активирана. Меѓу...

Властите во потрага по осомничените за нападот во Банкок

Тајландскиот премиер Прајут Чан-оча изјави дека локалните власти се во потрага по осомничените за бомбашкиот напад кој се случи вчера во Банкок, во кој загинаа 22 лица, а 140 се ранети. - Ги прегледавме снимките од камерите за надзор и видовме неколку осомничени. Многу е јасно кои се бомбашите, но не можам сега да откривам премногу. Мора да ги најдеме...

Невремето го отежнува санирањето на катастрофата во Тјенцин

Невремето и грмотевиците денеска ги отежнуваат напорите за санација на последиците од експлозијата и пожарот во складиштето во Тјенцин, а експертите стравуваат дека поради дождот може да дојде до ширење на големи количини опасни материја, или до хемиска реакција и нови експлозии. Жителите на пристанишниот град Тјенцин, пожарникарите, полицајците и официјалните претставници утринава, на шестиот ден од несреќата со минута...

Бројот на жртвите во експлозијата во Банкок се искачи на 19

Силната експолизија која се случи во близна на верски храм во Банкок уби најмалку 19 лица, а повредени се над 123. Во центарот на Банкок се уште владее хаос, а полицијата потврдила дека се работи за бомбашки напад. Помеѓу загинатите има и државјани на Кина и Филипини. Медиумите пренесуваат дека пронајдени се уште две бомби, една во внатрешноста на храмот, а...

Силна експлозија во Банкок, петмина загинати и 20 повредени

Пет лица загинале, а околу 20 се повредени во голема експлозија која денеска одекнала во близина на верски храм во главниот град на Тајланд, Банкок, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на извештаите на локалните медиуми. Репортерот на „Би-Би-Си“, од местото на настанот јавува дека во областа Чилдом каде се случила експлозијата владее хаос, а делови од човечки тела можеле да...

Нова експлозија во Кина

Нова силна детонација утринава се случи во близина на складиштето во северното кинеско пристаниште Тјанџин, каде минатата недела во серија експлозии загинаа 114 лица, а 70 исчезнаа. Во извештајот се наведува дека после новата експлозија се подигнал бел чад. Издадена е наредба за евакуација на војниците кои се ангажирани во близина на местото на несреќната. Во гаснењето на огинот...

Бројот на загинати во Тианџин достигна 112 лица

Билансот на загинати во експлозијата во кинескиот град Тианџин порасна на 112 лица, јави кинеската новинска агенција „Синхуа“. Во инцидентот, кога во складиште за опасни хемикалии во средата изби пожар, а потоа се случија низа експлозии, повредени се повеќе 750 луѓе, а 85 пожарникари и понатаму се водат како исчезнати. Помеѓу 112 загинати има најмалку 21 пожарникар, што оваа несреќа ја прави...

Бројот на жртвите во Кина се зголемува, се слушаат нови експолозии

Нови експолозии го потресуваат градот Тианјин во Кина, каде во експлозија во складиште со хемиски производи која се случи во средата загинаа 85 лица. Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека се слушнале седум нови експлозии и дека од нив повторно се разгорел оган, а во воздухот можат да се видат црни облаци од чад. Издадена е наредба да се евакуираат жтелите во...

Кина: Пожарите сè уште беснеат, спасен еден пожарникар

Пожари сè уште горат во пристаништето што се наоѓа во кинескиот град Тианјин и 36 часа по експлозијата, а спасителите пронашле еден преживеан пожарникар во пепелта. Се работи за пожарникарот Зоу Тим, кој има 19 години. Официјално лице претходно соопшти дека 17 пожарникари загинале, а Министерството за јавна безбедност наведе дека 18 други се водат како исчезнати. Тим на воени експерти ги истражуваат отровните...

Сараево: Експлозија на Илиџа искрши стакла на куќа и оштети автомобили

Во сараевската населба Илиџа минатата ноќ се случила силна експлозија, од која биле оштетени возила и искршени стакла на една од куќите, но нема повредени, пренесува агенцијата „Срна“. Полицијата открила кратер во дворот на лицето со иницијали Е.М., каде што се случила експлозијата. Полициските службеници прават увид и работат на расветлување на овој случај. Се верува дека експлозијата настанала од бомба...

Во експлозијата во Кина загинаа 44 лица, повеќе од 500 повредени

Бројот на загинати во силната експолозија во складиштето со опасен материјал во кинескиот град Тианјин се зголеми на 44, додека повредени се повеќе од 500 лица, јави утрово кинеската новинска агенција „Синхуа“. Полицијата во Тианјин соопштила дека почетната експлозија ја предизвикала пратка во еден од магацините, а дека раковдството на компанијата е приведено. Околните населби на третиот по големина град во...

Експлодирало складиште со нафта во Кина

Во градот Тианјин, јужно од Пекинг, експлодирало складиште со нафта што предизвкикало големо оштетување на околните згради. Според првичните информации, дошло до помала експлозија во еден од резервоарите, но верижната реакција резултирала со огромна експлозија. Сè уште не е позната причината за експлозијата. https://www.youtube.com/watch?v=zEberOX33_Y   https://www.youtube.com/watch?v=aSjif0gcufM

Најмалку 47 загинати во експлозија на пазар во Нигерија

Најмалку 47 лица загинале во експлозија што денеска околу пладне одекнала на пазар во државата Борно, во североисточниот дел на Нигерија, јавуваат светските агенции. Експлозијата се случила на сточниот пазар во градот Сабон Гари на југот на Борно, а покрај за загинати, агенциите јавуваат и за најмалку 52 повредени лица. Според првичните информации, одговорна за нападот најверојатно е милитантната исламистичка организација...

Експлозија во близина на СВР Скопје

Експлозија ноќеска одекнала во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи Скопје, во населбата Аеродром. Инфромацијата за „Мета“ ја потврдија од СВР Скопје, од каде најавуваат повеќе детали за случајот во скоро време. Според првичните неофицијални информации, најверојанот станува збор за детонација на експлозивна направа. Во експлизијата, првично нема настрадани лица, а дел од медиумите јавуваат за оштетени автомобили.