fbpx

По експлозијата во Тианџин, владини функционери обвинети за негрижа

-

Кина поднела обвиненија против 11 владини функционери одгoворни за пристаништето во Тианџин, за негрижа, во врска со големата експлозија, која се случи на почетокот на овој месец, a во која загинаа 139 луѓе, јавуваат светските агенции.

Засега нема информации дали на обвинетите функционери им е одреден притвор, а како што јавува „Би-Би-Си“, 12 извршни директори биле притворени, од кои најголем дел од компанијата „Руихаи интернешнл логистикс“, која била сопственик на магацинот кој експлодираше.

Како што пренесува кинеската државна агенција „Ксинхуа“, обвинителите сопштиле дека владини функционери се сомничат дека му дозволиле на „Руихаи“ да го изгради ризичниот магацин за хемиски материи во пристаништето и покрај тоа што знаеле дека со тоа се крши безбедносната регултива и и помогнале на компанијата да ги заобиколи безбедносните проверки што е надвор од бараните стандарди.

По експлозијата, која се случи на 12 август, 34 лица се уште се водат како исчезнати, повеќе од 500 луѓе се се уште во болница, а илјадници не можат да се вратат во своите домови.

Најмалку три станбени комплески се наоѓаат во радиус од еден километар од магацинот, што е спротивно на кинеските закони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...