fbpx

Бројот на жртвите во Кина се зголемува, се слушаат нови експолозии

-

Нови експолозии го потресуваат градот Тианјин во Кина, каде во експлозија во складиште со хемиски производи која се случи во средата загинаа 85 лица.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека се слушнале седум нови експлозии и дека од нив повторно се разгорел оган, а во воздухот можат да се видат црни облаци од чад.
Издадена е наредба да се евакуираат жтелите во радиус од три километри од местото на несреќата.

Кинеската влада објави дека според новиот биланс во експлозијата загинале 85 лица, но најверојатно тој број нема да биде конечен.

Помеѓу жртвите има 21 пожарникар, што е најголем број на загинати пожарникари во една несреќа во Кина во последните 60 години.

Членовите на семејствата на пожарникарите кои се водат како исчезнати упаднаа на прес конференцијата на кинеската влада и побараа одговори за судбината на нивните најблиски.

Кинеското министерство за заштита на природната средина вчера соопшти дека покрај местото на експлозијата најдени се трагови од цијанид и други опасни супстанци.

Концентрацијата на штетни материјали кои се пронајдени во два канализациони одводи е осум пати поглема од вообичаеното ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
udemy paid course free download
download redmi firmware
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy course