fbpx
Таг: Египет

таг: Египет

Египет го отвора граничниот премин Рафа со Појасот Газа

Египет денеска повторно ја отвори границата со Појасот Газа, откако овој граничен премин беше два месеца затворен. Граничниот премин Рафа ќе биде отворен четири дена, а Палестинците ќе можат да се движат во двете насоки. Шефот на граничниот премин, Калед ал Шер рече дека околу 20.000 лица поднеле барања да преминат во Египет, а меѓу нив има Палестинци на кои...

Египет воведе строги закони за борба против тероризмот

Египетскиот претседател, Абдул Фатах ал-Сиси ги одобрил новите строги антитерористички закони, поради зголемените закани од џихадистички напади во земјата, јавуваат светските медиуми. Новите закони предвидуваат воведување на специјални судови и дополнителна правна заштита за војската и полицијата при употреба на сила. Исто така, се воведува и смртна каза за секој што ќе биде прогласен за виновен поради организирање и водење...

Најмалку 93 жртви на топлотниот бран во Египет

Најмалку 93 лица починале во текот на минатата недела како последица од топлотниот бран кој го погоди Египет, а високите температури се очекуваат да продолжат и во наредните денови. Пораст на температурите се очекува во недела, а во Каиро според прогнозата за метеоролозите, максималната температура ќе достигне 42 степени. Поголемиот дел од жртвите на топлотниот бран се стари луѓе. Меѓу нив...

Египет: 61 жртва на топлотен бран

Најмалку 61 лице починале за период од три дена како последица на топлотниот бран кој го погоди Египет, а околу 600 лица се хоспитализирани. Министерството за здравство соопшти дека 21 лице умреле во вторникот, додека од топлината во неделата и во понеделникот починале 40 луѓе. Поголемиот дел од жртвите се стари луѓе, се наведува во соопштението на министерството. Според податоците на министерството,...

Петнаесет загинати во бродска несреќа на реката Нил

Најмалку 15 луѓе загинале во судир меѓу товарен и патнички брод во реката Нил во Египет, јавуваат светските агенции. Според информациите, семејство и пријатели на млада брачна двојка најмиле брод за нивната свршувачка и испловиле северно од Каиро, каде и се случила несреќата. Од египетското министерство за внатрешни работи соопштиле дека во реката биле пронајдени 15 безживотни тела, додека шест лица...

Каиро: Пет лица се повредени во експлозија кај италијанскиот конзулат

Двајца полицајци и тројца случајни минувачи се повредени во експлозија пред конзулатот на Италија во Египет. Оштетен е дел од зградата во која е сместен конзулатот на Италија во Каиро. Сè уште се истражува причината за експлозијата, а неименуван претставник за агенцијата „Мена“ изјавил дека експлозијата е предизвикана од автомобил-бомба и оти штетата на зградата е огромна.

Претседателот на Египет во инспекција на војската во Синај

Инспекција на силите за безбедност на Синајскиот Полуостров, каде тие се борат со борци кои ја поддржуваат групата Исламска држава, денеска изврши египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Сиси се сретна со претставници на армијата и на полицијата. Тој го посети главниот штаб на војските во Северен Синај и беше запознат со операцијата што се води против џихадистите. Силите за безбедност...

Државниот египетски обвинител повреден во експлозија

Египетскиот државен обвинител Хишам Баракат е повреден откако е фрлена бомба на неговото возило, а одговорност за нападот презела мала група која се нарекува „Народен отпор на Гиза“. Египетската државна новинска агенција јави дека Баракат добил полесни повреди во експлозија на бомба која погодила конвој на возила, меѓу кое и возилото на обвинителот. Во нападот повреден е член на обезбедувањето на...

Бомбаш-самоубиец се саморазнесе кај храмот Карнак во Египет

Најмалку четворица Египќани се повредено откако бомбаш-самоубиец се саморазнел во автомобил во близина на храмот Карнак, позната туристичка локација во Јужен Египет, јавуваат безбедносните извори и очевидци. Меѓу повредените се сопственик на продавница и еден полицаец, соопштија безбедносните служби. Полицијата спречила двајца бомбаши-самоуици кои сакале да го нападнат храмот. Комплексот храмови Карнак е едно од најголемите светилишта во светот и се смета за...

Египет: Извештајот на ХРВ е политизиран

Египетската влада го отфрли извештајот на „Хјуман рајтс воч“(ХРВ) за масовното кршење на човековите права и го окарактеризира како неточен и политизиран. Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Њујорк, во понеделникот, по повод првата годишнина од владеењето на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, оцени дека е зголемено насилството на безбедносните сили и оти западните земји тоа...

Единаесет смртни казни за навивачи од Египет

Судот во Египет денеска осуди 11 мажи на смртна казна поради учество во насилство на фудбалскиот стадион во 2012 година. Еден е осуден во отсуство. Седумдесет и четири лица загинаа во судирите и во стампедото на стадионот во Порт Саид во 2012 година, откако навивачите упаднаа на теренот. Властите по настанот го ограничија бројот на навивачите на фудбалските терени.

Египет го тргна Хамас од листата на терористички организации

Египетскиот Апелациски суд денеска ја поништи правосилната одлука со која палестинското исламистичко движење Хамас беше класифицирано како терористичка организација. - Оваа одлука беше поништена поради тоа што судот кој ја донел, немал надлежност да одлучува за такви работи – изјави неименуван судски претставник. Судот на 28 февруари пресуди дека Хамас е терористичка организација, а активностите на исламското движење што го контролира појасот Газа,...

Мубарак повторно на суд

Поранешниот египетски претседател, Хосни Мубарак, повторно ќе оди на суд во ноември за убивање демонстранти за време на востанието од 2011 година, кога беше соборен од власт, соопшти денеска Врховниот суд на оваа земја. Судијата ја уважи жалбата на обвинителството против претходната пресуда, со која е одбиена тужбата против Мубарак. Мубарак, кој владеше со Египет речиси три децении, веќе три години...

Египет: Доживотен затвор за 69 исламисти

Египетскиот суд денеска им одреди доживотна казна затвор на 69 исламисти поради палење на една црква во близина на Каиро, во август 2013 година. Во насилствата, кои на 14 август 2013 година избија во градот Кердеса, запалени беа црква и полициска станица. Претходно истиот ден, владините сили извршиле напад на два демонстрантски кампа во кои се наоѓаа приврзаниците на Морси, при пто се...

Египетски милитанти нападнале црква и полиција

Исламските милитанти вчера извршиле напади на двата најголеми града во Египет. Бомбашки напад е извршен во Каиро, а црква била мета на нападот во Александрија. Во експлозија на бомба на мост кој води до каирскиот кварт Замалекм, каде се наоѓаат многу амбасади, загина еден полицаец. Уште двајца полицајци и еден цивил се сериозно повредени. Во Александрија, милитантите од минибус пукале на црквата, ранувајќи еден...

Џихадистите ја нападнаа египетската војска – 32 загинати

Најмалку 32 лица загинаа, од кои 15 војници и двајца цивили во петте симултани напади на војската на северот на египетскиот полуостров Синај, каде војската се бори со локалниот разгранок на Исламска држава, соопшти египетската полиција. „Терористите со автоматско оружје и со ракети нападнале пет контролни пунктови што го држи војската – соопштија локални претставници на полицијата. Властите го користат терминот...

Египет ќе гради нов град сличен на Дубаи

Египет сака да го изгради вториот Дубаи. Според замислата, новиот град не само што ќе му биде соперник на најлуксузниот бизнис-центар во ОАЕ и во светот, туку и ќе ја намали пренаселеноста на Каиро. Во градот Шарм ел Шеик денеска се одржа церемонија за потпишување договор со ОАЕ за изградба на новиот „административен главен град“ на Египет. Градот ќе се наоѓа 45 километри...

Водачот на ИД повика да се урнат египетските пирамиди

Водачот на Исламска држава повика на уништување на египетските пирамиди и на сфингите. Како што јавува порталот „Ал Алам“, Абу Бакр ал-Багдади изјавил дека уништувањето на историските споменици претставува религиска должност. Според интерпретацијата на екстремните исламисти, религиските скулптури, идоли и светилишта се резултат на материјалната корупција на раната муслиманска вера за предметите повеќе да се обожаваат од Господ.

Египетски суд го прогласи Хамас за терористичка организација

Египетски суд денеска ја прогласи палестинската организација Хамас, која го контролира појасот Газа, за терористичка организација. Пресудата ја донел египетскиот Суд за итни постапки, со кој претседава судијата Мохамед ел-Сајед. Египетскиот суд минатиот месец го забрани дејствувањето на военото крило на Хамас, бригадата Изедин ал-Касам, која, исто така, е прогласена за терористичка оргнизација. Денешната пресуда дополнително ќе го изолира Хамас, кој...

Египет тргна во одмазда по масакрот на ИД врз Коптите

Египетската армија соопшти дека изутринава извршила воздушен напад врз цели на Исламска држава во Либија, еден ден откако ИД објави видеоснимка од егзекуција на 21 Египќанец. Цели на нападот биле кампови за обука и складишта за оружје. Армијата во соопштението наведува дека нападот бил „одмазда за крвопролевањето и за убијците“. Претходно, египетскиот претседател, Абдел Фатах ал-Сиси, рече дека во Египет има „соодветен одговор“...

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Израел оваа недела ги информираше претставниците на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во јужниот град на Газа,...