Египетската армија соопшти дека изутринава извршила воздушен напад врз цели на Исламска држава во Либија, еден ден откако ИД објави видеоснимка од егзекуција на 21 Египќанец.

Цели на нападот биле кампови за обука и складишта за оружје.

Армијата во соопштението наведува дека нападот бил „одмазда за крвопролевањето и за убијците“.

Претходно, египетскиот претседател, Абдел Фатах ал-Сиси, рече дека во Египет има „соодветен одговор“ на активностите на ИД.

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) вчера објави видеозапис од егзекуција на египетски христијани, Копти, кои неодамна беа киднапирани во Либија.