Таг: ДЗР

таг: ДЗР

Фондот за иновации за две години потрошил 750.000 евра на хонорарци, утврдиле ревизорите

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави ревизорскиот извештај за Фонд за иновации и технолошки развој за периодот од 2019 до 2021 година, а во однос на кофинансираните грантови за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој. Извештајот за работата на Фондот во овој сегмент, според она што го утврдиле ревизорите, изобилува со неправилности во работата,...

АНАЛИЗА: Даноци и давачки за животна средина – како се наплаќале и каде завршувале парите?

Јавни претпријатија наплаќаат вода, а немаат дозвола за управување на вода. Граѓаните и фирмите плаќале за регистрација на возила, но не се знае дали вистинските суми за даноци биле уплатени на сметка на Министерството за животна средина, пишува Порталб.мк. Ревизорскиот извештај кој под лупа ги става даноците за животна средина во функција на политики за заштита на истата, открива...

Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за фирма-добавувач која има склучено...

Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ. Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата. Исто така согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата...

Во Македонија нема тело што врши контрола на спроведувањето на мерките за климатска акција

Државниот завод за ревизија бара од државата да преземе активности за создавање предуслови за непречено функционирање на национално тело што ќе биде задолжено за контрола и координација на имплементацијата на проекти и прашања поврзани со климатската акција во Македонија. Оваа ревизорска препорака за формирање Национално тело за климатски промени е доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, при...

Законот за климатска акција годинава нема да се донесе, морало да се доусогласи со Енергетската заедница

Ново одложување на донесувањето на Законот за климатска акција во земјава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот од годинава ветија дека законското решение ќе влезе во владина постапка за усвојување до крајот на првиот квартал од 2022 година, по што би се испратил на гласање во Собранието. Сепак, од министерството сега велат дека Законот за климатска...

ДЗР: Институциите недоволно и нецелосно работат за подобрување на родовата еднаквост

Иако уште во декември минатата година беше поддржана од меѓународните организации UN Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ и УНДП, Националната стратегија за родова еднаквост 2021 – 2026 година сè уште не е донесена од страна на Собранието на РСМ. Покрај тоа, на национално ниво не се целосно спроведени мерките и активностите кои се планирани и поставени со донесената тековна...

Ревизорите со критики за спроведување на мерките за ублажување на климатските промени во земјава

Многу зборување и ветувања, но малку реализација на дело. Државниот завод за ревизија (ДЗР) со серија на критики кон властите во врска со спроведувањето на мерките и политиките за ублажување на влијанието на климатските промени во земјава. Развојот на правната и стратешката рамка за координирана климатска акција во земјава се одвива со задоцнување од три години, а до денешен ден...

Ревизорите откриле недоследности во работата на Стоматолошкиот клинички центар

Државниот завод за ревизија денеска ги објави ревизорските извештаи од извршената ревизија во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар. Ревизорите утврдиле дека несоодветно бил применуван Законот за јавни набавки, потоа, дека е нарушена независноста на единицата за внатрешна ревизија, пописот не е спроведен во целост, не е воспоставена евиденција на потрошувачката на залихи по организациони единици и пациенти, а не е...

Порталб анализа: Јавни претпријатија, државни фирми и општини добивале „буџетска помош“ без критериуми и контрола

Иако се работело за милионски суми на пари кои се трошеле од Буџетот за помош на фирмите и на граѓаните во ковид здравствената криза – дел од средствата односно економските мерки не содржеле податоци за тоа како биле планирани, искористени, неискористени, колкав бил износот на имплементација, а постоеле и математички неусогласености, пишува Порталб.мк. Ова е само еден од наодите на Државниот...

Ревизорите бараат учесниците на изборите до 4 ноември да достават извештај за трошоците во кампањата

На веб-страницата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) засега се објавени само седум извештаи, а до ревизорите најдоцна до 4 ноември сите учесници во изборната кампања треба да достават Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборната кампања. Овој извештај до ревизорите треба да го покрие периодот од денот на отворањето на трансакциската сметка...

„Порталб.мк“: За три години, 50 милиони евра се насочиле за развој на општините – дали и како се трошеле парите?

Почист воздух, подобра водоводна и канализациска мрежа, патишта... Милионски суми на средства секоја година се префрлуваат од централно на локално ниво. Во периодот од 2017 до 2019 година од централно ниво на општините се трансферирале скоро 50 милиони евра за програми и проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, пишува „Порталб.мк“. Станува збор за високи износи доделени...

Загуби на вода за пиење – дел од општините молчат, дел се свесни за огромните загуби што се прават во системите

Општините со најголеми загуби на вода за пиење во водоводните системи во Северна Македонија не се премногу расположени да зборуваат за огромниот проблем што го имаат во нивната инфраструктурна мрежа. Од седумте општини за кои Државниот завод за ревизија објави дека во 2019 година имале најголем процент на загуби на питка вода, „Мета.мк“ во два наврати во изминативе 12...

ДЗР: Во Управата за водење на матични книги за една година згрешени 21.957 изводи

Управата за водење на матичните книги издала 21.957 изводи со погрешно внесени податоци во текот на 2019 година, што е 4 отсто од вкупниот број издадени изводи за таа година, откриле државните ревизори при контролата на работењето на оваа институција. „Управата ја нема утврдено одговорноста за надоместување на трошокот во случај на настаната грешка при издавање на изводите, поради што...

Само 0,3 отсто од собраниот отпад лани во Скопје бил селектиран, „Комунална хигиена“ вели не е исплатливо

Во острите критики што ги упатија државните ревизори кон државните и општинските власти во однос на третманот и справувањето со пластичниот отпад се најде и скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Тие тврдат дека јавното комунално претпријатие (ЈКП) од Скопје врши третман на пластичен отпад, иако не ги исполнува минималните технички критериуми за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка...

Ревизорите тврдат: Преземените мерки во последните три години не го намалија аерозагадувањето

Иако претставуваат позитивен чекор, со преземените активности во изминативе три години не се постигнати утврдените цели и посакуваните ефекти во однос на намалување на загадувањето на воздухот, заклучил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот извештај за извршена ревизија за следење на препораките што ги дале ревизорите во 2018 година на тема „Квалитет на воздухот - кооперативна ревизија“. „Надзорот и...

Ревизорите потврдија: Пластиката не се селектира, погоните за рециклирање мора да увезуваат отпад

Диви депонии на секое ќоше, преполни контејнери со отпад по населбите, рекордни количества на создаден отпад на национално ниво. И покрај ваквата состојба со отпадот во Македонија, инсталациите за рециклирање на пластичен отпад во земјава мораат да увезуваат отпадна пластика од странство за да обезбедат ефикасно работење во третманот и преработката на пластичниот отпад. „Од страна на надлежните институции на...

Општините во земјава повторно тонат во долгови

Вкупниот износ на пријавени обврски на единиците на локалната самоуправа во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски во Министерството за финансии со состојба на 31.12.2019 година изнесува 3,3 милијарди денари (53,7 милиони евра), открива Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Извештајот на усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија за 2019 година. Ревизорите утврдиле дека во декември...

ДЗР ги објави извештаите: Како се трошеа парите за реклами за изборната кампања 2020?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите од медиумите и другите прaвни субјекти за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештаи доставиле 19 правни субјекти, меѓутоа два од нив („Јени Балкан“ и „РФМ Радио“) само известуваат дека не емитувале...

ДЗР ги објави партиските извештаи, ВМРО-ДПМНЕ добила најмногу донации за кампањата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите на политичките партии за вкупните приходи од примени донации на трансакциските сметки за финансирање на изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 година. Партиите доставувале по два извештаи, еден од денот на отворање на трансакциската сметка до крајот на десеттиот ден од изборната кампања и вториот од единаесетиот ден од изборната кампања...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...