Државните ревизори откриле неправилности околу парите и имотите на политичките партии

-

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави Конечните извештаи за извршена ревизија на Финансиските извештаи за 2018 година на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Забележани се неправилности околу недвижниот имот и тековите на парите, односно приходите и расходите, со акцент на уплатата на членарината.

За сите три политички партии е изразено мислење со резерва во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиските извештаи и усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики, се наведува во Ревизорските извештаи.

Во Ревизоскиот извештај за сметката за редовно работење на СДСМ се вели дека дел од наследените градежни објекти се со нерешен сопственички статус и тие не се воведени во евиденција, а месечната членарина од секоја општинска организација во целосен износ се уплатувала директно на трансакциска сметка, поради што нема целосен увид и потврдување на поединечно уплатените суми.

Државните ревизори препорачуваат да се доуреди начинот на прибирање, уплата и известување за примените членарини, како и да се продолжи со утврдување на сопственоста и евидентирање на објектите.

Во извештајот за сметката на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за 2018 година се нагласува дека во оваа година била поведена судска постапка за забрана за оттуѓување, ставање под хипотека или закуп на дел од недвижниот имот (се мисли на објектот на седиштето на партијата во Скопје), што не било евидентирано во деловните книги на партијата.

ДЗР исто така бара доуредување на актите за евидентирање и прикажување на приходите и расходите, како и изворите на финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но и регулирање на уплатата и евиденцијата на членарини.

Во извештајот за сметката на ДУИ за 2018 година се вели дека за дел од фактури од добавувачи не е приложена соодветна поткрепувачка документација, а и не бил извршен попис на патничките возила што ги користи ДУИ врз основа на договори.

Ревизорите им препорачуваат на ДУИ да обезбедат комплетна документација како прилог на фактурите од добавувачите и да извршат попис на средства од друг субјект и означување на постојаните средства со инвентарни броеви.

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...