fbpx
Таг: ДПА

таг: ДПА

ДУИ и Беса во водство кај гласачите Албанци, покажуваат анкетите

На изборите на 11 декември, 13,4 отсто од граѓаните Албанци ќе гласаат за Демократската унија за интеграција (ДУИ), а 10,2 својата доверба ќе ѝ ја дадат на Беса, покажале резултатите од истражувањето на Институтот за креирање политики и добро владеење, пренесува „Телма“. Според анкетата, Демократската партија на Албаниците (ДПА) се наоѓа на третото место со 6,3 отсто од гласовите на...

Тачи: Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак ги наместат изборите, ние нема да ги признаеме

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја оцени како важна и успешна. Тој рече дека со еврокомесарот разговарале за тоа дали се исполнети условите за избори на 11 декември, - Мојот став е дека дел од условите за изборите се исполнети. Но, кога ќе се објават официјалните резултати, ако има еден факт што потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ...

ПДП: Разочарани сме од денешното однесување на пратениците

Партијата за демократски просперитет (ПДП) е длабоко разочарана од однесувањето на пратениците во однос на донесување на законите што би ја зацврстиле акцијата и позициите на СЈО, пишува во соопштението на партијата. „Сметаме дека однесувањето на пратениците на ДУИ и на ДПА го потврдува општото убедување на Албанците дека однесувањето на овие две политички партии е диригирано со палката на нивниот...

Села: Во декември се стемнува рано, па и изборите нема да бидат фер и демократски

„Во декември ќе се гласа во темнина, бидејќи од 16 часот се стемнува, а во ваква ситуација, кога поголемиот дел од лидерите на политичките партии и функционерите се во ризик дека ако ги изгубат изборите ќе завршат во затвор, влегуваат во избори со одбранбен инстинкт, така што тие нема да бидат фер и демократски“, вели Зијадин Села од Движењето...

Груевски: Прифативме сè што бараше СДСМ, само за да има избори на 11 декември

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порано ја напушти денешната лидерска средба во Клубот на пратеници, на која се договараат деталите за изборите што би требало да се одржат во декември. Тој рече дека за неговата партија се прифатливи сите услови што ќе ги предложи СДСМ само за да не им дадат можност повторно да ги одложуваат изборите. - Ни се потврди по...

Ибраимовски: Бев повикан во СЈО за изборните криминали на Јанкулоска во Шуто Оризари

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски, по сослушувањето во СЈО изјави дека бил повикан во врска со „криминалните избори во општината Шуто Оризари, односно во втората изборна единица“. Тој посочи дека му е драго што почнале да се докажуваат изборните криминали во изборната едница во којам како што нагласи, носител на листа од владејчката...

Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

Кога правото зборува, политиката треба да молчи. Ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, по распитот во Специјалното јавно обвинителство. Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван. Во СЈО сè уште е претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во...

Чарлс Купчан „ги преслуша“ лидерите на четирите политички партии

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во одвоени средби се сретнаа со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбите се разговарало за излез од политичката криза, политичките предизвици со кои се соочува државата, евроатланските интеграции и членството на Македонија во НАТО. Од владејачката...

Заев: Убеден сум дека договореното ќе биде исполнето и на 11 декември да има избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека условите од договорот што претставниците на четирите политички партии го постигнаа на 20 јули ќе бидат исполнети навреме и дека на 31 август тој и останатите тројца партиски лидери ќе го потврдат 11 декември како датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Заев, кој денеска беше во посета на Охрид, рече...

Движењето за реформи – ДПА бара Уставниот суд да ја преиспита уставноста на измените на Изборниот законик

Движењето за реформи - ДПА од Уставниот суд бара да се преиспита уставноста на измените на Изборниот законик, со кој се предвидува проверка на 39.502 гласачи. Според партијата на Зијадин Села, измените што ги договорија четирите политички партии го кршат правото на глас загарантирано со Уставот каде се предвидува сите граѓани над 18 години кои се државјани на Македонија да...

Попоски го испрати Орав: Македонија ќе се приклучи на унија поинаква од денешната

„Идното членство на Македонија во Европската Унија е добар канал за насочување на долгорочните реформи. Ние ќе се приклучиме на унија што ќе биде многу поинаква од денешната“, истакнал вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, на прошталната средба со евроамбасадорот во заминување, Аиво Орав. „Амбасадорот Орав беше целосно ангажиран во нашата соработка, било на полето на реформите, политиките на ЕУ...

Договор нема, преговорите продолжуваат утре

Без договор заврши маратонската преговарачка сесија на работните групи на политичките партии со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список. Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време. - Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да...

Тачи: Не сум баба Ванѓа да знам дали ќе има лидерска средба

Сега е моментот да се прекине политичката криза и да се договори датум за избори и сега сите заедно треба да работиме на тоа, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд. - Зборувавме за тоа дека е крајно време Македонија да ја надмине кризата, но...

Тачи: По средбите со странските претставници, ќе се знаат решенијата за излез од политичката криза

По средбите на македонските политички лидери со германскиот специјален преставник Јоханес Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе станат поизвесни. Ова го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на брифинг со новинарите, синоќа, по прославата на годишнината на неговата партија, која се...

ДПА: Малкуте буџетски средства за Aлбанците ДУИ ги претвoра во ништо!

Пратеникот Беким Фазлиу од ДПА денеска на прес-конференција во Собранието рече дека антиалбанскатa владина политика на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, најјасно се гледа при донесувањето на буџетите и на буџетските ребаланси. Според Фазлиу, единствениот случај каде Албанците се дискриминирани повеќе отколку при донесувањето на државниот буџет, се случува кога се носи буџетскиот ребаланс. - Со ребалансот на буџетот, и оние неколку проекти предвидени...

Тачи и Суомалаинен разговарале за политичката криза

Мендух Тачи, претседателот на ДПА, денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со Нина Суомалаинен, шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата се разговарало за политичката криза во земјава, како и за начините за нејзино решавање. Од партијата информираат дека Тачи ги презентирал ставовите на ДПА за излез од политичката криза, но и начините за забрзување на процесот...

Без опозиција, денеска во Собранието ќе се гласа за новиот универзитет „Дамјан Груев“

Пратениците во Собранието на денешната пленарна седница, без учество на опозицијата, по скратена постапка ќе дебатираат и ќе гласаат за оформувањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“. Од опозицијата велат дека откако оформувањето на овој универзитет повторно е ставено на дневен ред во Собранието, тој е дополнет со три факултети. Според опозицијата, незаконски е основањето на новиот универзитет да влегува во процедура...

Завршија билатералните средби во Пржино, партиите далеку од договор

Завршија билатералните средби на претставниците на четирите најголеми политички партии со посредниците од Европската Унија и од САД. Ниту еден од претставниците не е премногу оптимист и никој не сака да даде прогноза кога може да се очекува некаков напредок. Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во изјава за медиумите рече дека денеска соопштиле дел од нивните иницијативи, но немале можност да...

Тачи не верува во одржување на лидерска средба

„На лидерската средба што се најавува за деновиве нема што да се понуди за излез од кризата. Таква средба би била несериозна и не верувам дека ќе се одржи“. Ова на брифинг со новинарите, го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по синоќешната ифтарска вечера, која традицонално ДПА ја одржува во Тетово. Решението за излез од политичката криза, според Тачи, е...

Тачи по средбата со Хајндл: Обидите да се оживее Договорот од Пржино може да завршат неуспешно

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, не е преголем оптимист дека обидите на меѓународната заедница и на специјалниот пареник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл, ќе завршат успешно и додава дека „враќањето на старата власт е најголемиот проблем што сега го имаме“. - Не сакам да излезам политичар кој нема надеж за понатаму. Инсистирањето на...