fbpx

Тачи: Не сум баба Ванѓа да знам дали ќе има лидерска средба

-

Сега е моментот да се прекине политичката криза и да се договори датум за избори и сега сите заедно треба да работиме на тоа, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд.

– Зборувавме за тоа дека е крајно време Македонија да ја надмине кризата, но и за стратешките определби на државата – рече Тачи по средбата со Нуланд.

На новинарско прашање дали по посетата на Нуланд може да се очекува лидерска средба, Тачи рече дека „не е баба Ванѓа“, но дека логично е да се очекува такво нешто.

Нуланд прво се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој не даде изјава.

По средбата со Тачи, Нуланд замина во седиштето на СДСМ на средба со Зоран Заев, а потоа таа треба да се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во седиштето на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...