fbpx
Таг: долг

таг: долг

Меркел ѝ должи на својата партија 9.500 евра

Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ должи на својата партија Христијанско-демократска унија, 9.500 евра за членарина, објави неделникот „Билд ам зонтаг“. Весникот објаснува дека долгот настанал бидејќи партијата не ја известила Меркел дека се промениле прописите, според кои таа мора да исплаќа повеќе за членарина. Портпаролката на партијата потврди дека Меркел должи за членарина, но не сакаше да го открие износот. Таа додаде...

СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

„Уште не уплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра. Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани во земјава“, се вели во соопштението на СДСМ. Според нив, единствена грешка кај бројчаникот што...

Јавниот долг на Македонија ќе може да се следи во реално време

Јавниот долг на Македонија отсега може да се следи во реално време преку бројчаник што е поставен на страницата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Според последните информации, јавниот долг изнесува 49,18 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) и долгот на секој граѓанин е 2.088 евра. Она што може да се забележи е дека тој долг постојано се зголемува. Лидерот на опозицијата,...

Наумов: Режимската МРТВ тоне во долгови побргу и од Владата

  Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, денеска на прес-конференција рече дека огромните долгови на Македонската радио-телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива. - Раководството на МРТВ за само две години долгот на основа на даноци го има зголемено за повеќе од трипати. Во јануари 2014 година, долгот изнесувал речиси 600.000.евра, а во...

Владата бара УЈП да ѝ дозволи на МРТВ да го плаќа долгот на рати

Владата на итна седница попладнево донела заклучок на УЈП и на МРТВ да им се укаже да спроведат законска постапка за одложување на даночниот долг, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, објави „Телма“. Тоа значи да се репрограмира долгот, односно да се создаде можност тој да се плати на повеќе рати, а сметката на јавниот сервис да биде одблокирана. Според последата листа на...

Наумов: Самоволното задолжување мора да престане за доброто на државата

И покрај одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на Државната изборна комисија, министерот Ставрески запиша нови 13,382 милиони евра и го зголеми јавниот долг за нето-износ од речиси 10 милиони евра - се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Според него, со петте одржани аукции, направен е нов нето-долг од 56 милиони...

Исклучена струјата на Агенцијата за храна и ветеринарство на Меџитлија

Канцеларијата на Агенцијата за храна и ветеринарство сместена на граничниот премин Меџитлија остана без електрична енергија откако ЕВН, и покрај предупредувањата, не успеала да си го наплати долгот од оваа државна институција. Струјата била исклучена вчера околу 16 часот, во период кога граничниот премин од грчка страна бил под блокада. Зоран Атанасов, советник од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, потврдува дека...

Наумов: Ќе гледате на бројчаник како ги враќаат вашите украдени пари

Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска го посетил Крушево. - Со години медиумите го кријат криминалот на Груевски и на „фамилијата“  затоа што нивната послушност била платена со 20 милиони евра ваши пари, пари на граѓаните. Затоа без слободни медиуми и без услови за фер медиумско известување, не може да има...

Граѓаните должат повеќе од една милијарда евра на картички и за кредити

Граѓаните должат вкупно 1,11 милијарди евра за потрошувачки кредити и за кредитни картички , покажуваат податоците на Народна банка за декември 2015 година. Во однос на ноември, најголемо зголемување има кај потрошувачките и кај станбените кредити. Народната банка донесе мерки со кои од оваа година банките ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта, како што неодамна истакна гувернерот Димитар Богов, е банките...

Заев ќе става бројчаник за враќање на украдените пари како на Тајмс сквер

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вчера, одговарајќи на прашање во емисијата „Нова дебата“ на „Нова ТВ“ за тоа дали постои план за лоцирање и за враќање на сите народни пари, рече дека кога ќе дојде на власт СДСМ, ќе изгради споменик на кој ќе се покажува колку народни пари се вратени во буџетот. „Јас, колку што знам, станува збор за...

Наумов: Секое бебе се раѓа со 2.000 евра долг

Во малите и во средните претпријатија ќе инвестираме до 50 милиони евра државна помош, за разлика од власта во заминување која одвојува едвај 200.000 евра, истакна претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, кој заедно со претседателката на комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со организацискиот секретар на СДСМ, Миле...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е меѓу најмалку задолжените земји на континентот

„Македонија останува една од најмалку задолжените земји во Европа според „Еуростат“. СДСМ има проблем кога земјата не е задолжена како во нивно време“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Од владејачката партија велат дека за СДСМ е несфатливо како е можно во Македонија постојано да се работи, да се реализираат проекти,...

Наумов: Имаме историски најголем јавен долг кој надминува 4 милијарди евра

„Македонија има историски најголем долг во апсолутна вредност откако е осамостоена. Вчера добивме официјален податок од Министерството за финансии дека на 31 декември 2015 година имаме историски најголем јавен долг кој надминува 4 милијарди и 224 милиони евра“, вели доплнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. - Само во овие последни месеци, односно во последните 90 дена од минатата година, оваа Влада...

Од 1 јануари државата мора во рок од 60 дена да им плати на фирмите

Органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, фондови, агенции, дирекции, бироа, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од државата, имаат законска обврска во рок од 60 дена да го намират долгот кон приватните компании со кои склучиле договори за испорака на стоки, давање услуги или извршиле работи за одреден паричен надоместок. Овие предлог-измени на одредби од Законот...

СДСМ: Со новото задолжување, Груевски им остава огромен долг на младите

Пред заминување од власта, Никола Груевски сака да ги задолжи граѓаните на Македонија со дополнителни 500 милиони евра, обвинува СДСМ. Од партијата велат дека со одлуката за нова евро-обврзница од половина милијарда евра, Груевски сака неговите расипнички и недомаќински политики да ги натовари на грбот на сите граѓани во Македонија. „За Никола Груевски не е доволно тоа што за речиси 10...

ЛДП: Владата да престане да се задолжува

„Надворешниот бруто-долг на Република Македонија, заклучно со вториот квартал на 2015 година, изнесува 7 милијарди и 100 милиони евра, што е речиси 71 отсто од БДП на државата. Овие податоци на Народната банка јасно ја отсликуваат катастрофалната економската состојба на државата во која нè втурнаа Никола Груевски и неговата влада во заминување“, велат од Либерално-демократската партија. „Овие факти, за жал,...

Грција и исплати 3,4 милиони евра на ЕЦБ

Грција денеска и испрати на Европската централна банка 3,4 милијарди евра долг, откако министрите за финансии на еврозоната одобрија исплата на правата транша од 23 милијарди евра нова помош за Грција. Ратата која се состои од 3,2 милијарди евра главница и 200 милиони евра камата утринава е уплатена, како и 7,16 милијарди евра за враќање на заемот за премостување кој ЕЦБ...

Долгот на фирмите и на граѓаните кон УЈП е 283 милиони евра

На најновата листа на должници што ја објави УЈП, се наоѓаат 3.700 компании и 1.000 физички лица. Нивниот долг изнесува 283 милиони евра и е за 3 милиони евра поголем во однос на минатиот месец. Меѓу должниците се и јавните претпријатија „Македонија пат“, „Македонски шуми“ и „Македонска радио-телевизија“.  

Грција враќа 6,8 милијарди евра од долгот

Грчката влада утринава дала налог за отплата на 6,8 милијарди евра од долгот кон кредиторите, соопшти министерството за финансии. Станува збор за пари кои Грција им ги должи на Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и на Централната банка на Грција. ЕЦБ ќе добие 4,2 милијарди евра, а ММФ 2,05 милијарди, кои се заостанатата рата што требаше да биде исплатена до 30 јуни....

Лагард: Нема успех без реструктуирање на грчкиот долг

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, денеска изјави дека учеството на оваа меѓународна финансиска институција во европскиот пакет за помош на Атина, е од пресудно значење за ублажување на товарот од грчкиот долг. Таа одговори категорички „не“ на прашањето дали планот за спасување на Грција е одржлив без реструктуирање на долгот на таа држава. - За да учествуваме, ни треба...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...