fbpx
Таг: долг

таг: долг

ММФ: На Атина ѝ требаат многу повеќе пари од актуелната процена

Mеѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека европските кредитори на Грција ќе мора да ѝ обезбедат „многу повеќе“ средства отколку што покажуваат сегашните процени, кои се неопходни за отписот на долгот, а кој е потребен за да се стабилизира финансиската состојба на земјата. ММФ во новиот дополнителен извештај за нивото на задолженост на Грција, исто така наведува дека имајќи ги предвид...

Грција не ја исплати втората транша од долгот кон ММФ

Грција го пропушти рокот да ја врати и втората транша од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави портпаролот на ММФ, Гери Рајс. Атина требало синоќа, до 22 часот, да му врати 456 милиони евра на ММФ, но не се ни очекувало дека тоа ќе го направи откако веќе пропуштила да ја плати претходната транша од долгот од 1,5 милијарди...

Јункер: Ако Грците гласаат со „не“ на референдумот, тоа ќе ги ослаби позициите на Атина

Гласањето со „не“ на референдумот во Грција в недела ќе ги ослаби позициите на Атина драматично, а ако се гласа „да“, тоа ќе значи - тешки преговори. Ова на прес-конференција во Луксембург го изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел, рече дека во разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, му објаснил дека сака луксембуршкото претседавање со...

Грците поделени меѓу стравот и гордоста

Два дена пред отворање на гласачките места во Грција, сè уште е неизвесно дали ќе надвладее поддршката за грчката влада или, пак, поддршката за мерките на кредиторите за да се осигури останувањето на Грција во еврозоната. Анкетата на весникот „Етнос“ покажува мала предност на гласачите што ќе гласаат за мерките на кредиторите пред оние кои се против нив. Според анкетата, 44,8 отсто од...

ММФ: Можно е да се отпише дел од долгот на Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека можеби ќе биде неопходно да се отпише дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го враќа поради слабеење на структурните реформи и пад на буџетскиот дефицит, пишува во соопштението на ММФ. Фондот ја намали прогнозата за порастот на Грција од 2,5 на нула проценти во 2015 година, истакнувајќи...

Пресврт во Грција: Ципрас ги прифаќа европските предлози со мали измени и сугестии

Грција, се чини, ја менува песната и ги прифаќа сите предлози од договорот предложен од европските партнери. Грчката влада испрати ново писмо до европските институции и до шефицата на ММФ, Кристин Лагард, во кое отворено ги прифаќа сите услови и реформи што кредиторите ги предложија изминатиот викенд. Информацијата ја пушти новинарот на „Фајненшал тајмс“, Питер Шпигел, а нејзината веродостојност ја...

Истече времето, Грција не ја плати ратата, неизвесноста сè поголема

Истече времето за Грција и во Вашингтон и во Брисел. Грчката влада не ја исплати ратата од 1,6 милијарда евра од долгот кон ММФ, европската финансиска помош не е обновена и државата останува без финансиски средства, со огромен долг кон меѓународните институции. Со ова државата е во „дифолт“, односно нема да може да врши сервисирање на долговите ниту, пак, да...

Бесплатниот превоз ги задолжи училиштата

Од  денеска почнува уписот во средношколските центри во Штип, следен со неизвесност не само за тоа дали ќе има доволно ученици за да се пополни квотата, туку и со фактот дека уписите можат да донесат нови долгови за училиштата. Имено, училиштата и Општината Штип веќе должат 400.000 евра за неплатен превоз на учениците што доаѓаат од соседните градови. Законот предвидел...

Грција во нов јуриш за договор со европските кредитори

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, најави дека Грција нема да ја плати следната рата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доколку не биде постигнат договор со европските партнери. Во интервју за американската телевизија „Си-Ен-Ен“, грчкиот министер истакна дека Атина веќе нема да може да ги плаќа ратите како досега бидејќи претходно постоел договор дека Атина ќе добива финансиска помош за да...

Ципрас: Нема да има трет меморандум за штедење, ниту нови намалувања на платите и отпуштања

Грчките реформи и европските барања се повторно во судир на работните состаноци на техничките групи и на претставниците на грчката влада и на европските институции. Според информациите во Грција, преговорите на бриселската група викендов се одвиваат во затегната клима, без да има позитивен или попустлив став кон грчките предлози за реформи. Разговорите се оценуваат како тешки и европските претставници не...

Грција денеска треба да врати уште една рата од долгот кон ММФ

Грција денеска треба да плати рата од 340 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд, пишуваат грчките весници. Се очекува в понеделник Атина да плати  580 милиони евра, а останатите 350 милиони на ММФ ќе му бидат префрлени околу 20 март. Минатата недела Атина на ММФ му ја плати првата рата од 310 милиони долари за враќање на кредитот од 1,5 милијарда евра.

Парите за панорамското тркало може да спасат 516 Тамари

Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да се платат оштети за...

ММФ го поздрави предвременото отплаќање на долгот

Меѓународниот монетарен фонд го поздрави предвременото враќање на кредитната линија за претпазливост за Македонија. - Ја поздравувам одлуката на Македонија за предвремено враќање на заостанатите обврски кон Фондот, што го покажува подобрениот пристап на земјата до меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме продолжување на блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти - изјави Кристин Лагард, директорка на ММФ. Република Македонија...

Предвреме отплатен долгот кон ММФ

Република Македонија предвреме го отплати долгот за кредитната линија за претпазливост во износ од 312 милиони американски долари кон ММФ, со што заштеди пет милиони евра, информираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Со вчерашната трансакција во Вашингтон, во износ од 174 милиони долари, е исплатен целиот долг од оваа кредитна линија и тоа е направено поради порастот на...

Германија против грчкото барање за нов заем

Германија денеска го отфрли грчкото барање за продолжување на финансирањето од еврозоната за шест месеци, оценувајќи дека тоа не претставува вистинско решение и дека не одговара на критериумите поставени од еврозоната, пренесуваат медиумите. Од друга страна, Европската комисија го оцени како „позитивен сигнал“ потегот на официјална Атина, кој, како што наведуваат оттаму, „отвара пат за компромисно решение“. Берлин смета дека финансиската...

ММФ не преговара со Атина за отпис на долгови

Меѓународниот монетарен фонд досега не преговарал со Атина за отпис на долгот на земјата. „Постои утврдена рамка за долгот во сегашната програма за спас и нема преговори за нејзина промена, соопштија од фондот. Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, во изјава за италијанскиот весник „Република“, рече дека Атина почнала преговори со ММФ во врска со нејзиниот предлог за замена на...

МНР: Го плативме долгот кон ОН

Според Министерството за надворешни работи, не се точни информациите дека Македонија, поради неплатена членарина, го изгубила правото на глас во Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации. Од МНР информираат дека долгот е намирен и наскоро тоа ќе биде нотирано во ОН. - Имавме две недели рок да платиме. Во однос на плаќањето на членарината кон ОН, неопходниот износ е намирен...

МНР заседава поради долгот на Македонија кон ОН

Во Министерство за надворешни работи во моментов во тек е состанок за новонастанатата ситуација со долгот кон ОН. Имено, на нашата земја ѝ е одземено правото на глас на Генералното собрание на Обединетите нации поради долг кој изнесува 24.606 американски долари, се вели во писмото кое е испратено на 12 јануари од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, пренесува „Радио Моф“. Ваквиот...

Москва ќе побара Киев предвреме да го врати долгот од три милијарди долари

Официјална Москва размислува да побара од Украина предвреме да го врати долгот бидејќи властите во Киев не испочитувале низа услови за добивање кредит од Русија во износ од три милијарди долари, јавуваат извори од руската влада. Според истиот извор, актуелната економска и финансиска ситуација во Украина укажува дека низа параметри кои биле услов за добивање на рускиот кредит не се...

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година. „Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од Брисел, во две транши исплати 3,1 милијарди долари од заостанатиот долг. „Газпром“ и „Нафтогас“, во октомври...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...