fbpx

Владата бара УЈП да ѝ дозволи на МРТВ да го плаќа долгот на рати

-

Владата на итна седница попладнево донела заклучок на УЈП и на МРТВ да им се укаже да спроведат законска постапка за одложување на даночниот долг, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, објави „Телма“.

Тоа значи да се репрограмира долгот, односно да се создаде можност тој да се плати на повеќе рати, а сметката на јавниот сервис да биде одблокирана.

Според последата листа на должници што УЈП ја објави на 10 февруари, МРТВ ѝ должи на државата повеќе од два милиони евра.

Единствена точка на дневен ред на владината седница денеска било решавањето на состојбата со МРТВ, откако даночниците денеска ја блокираа сметката на јавниот сервис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...