fbpx
Таг: џон кери

таг: џон кери

Кери: Можно е Британија никогаш да не замине од ЕУ

Одлуката на британските гласачи Велика Британија да ја напушти Европската Унија, може и никогаш да не се оствари, оцени американскиот државен секретар Џон Кери. Американскиот државен секретар, по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон, рече дека Британија не брза да го почне процесот на излегување, иако за тоа се изјаснија 52 отсто од Британците. - Ова е еден многу „комплициран развод“....

Кери утре во посета на Брисел и на Лондон

Американскиот државен секретар, Џон Кери, утре ќе ги посети Брисел и Лондон, по историскиот референдум во четвртокот, на кој Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија. Се очекува Кери да упати пораки со поддршка од Соединетите Американски Држави до Лондон и до Брисел. Тој во Брисел треба да има средба со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ,...

Кери: Русија и Асад да го почитуваат примирјето во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е неопходно да се направи сè за да се воспостави вистински прекин на непријателството во Сирија, да се овозможи достава на хуманитарна помош и да се обноват мировните преговори. Кери ги повика Русија и сирискиот претседател Башар ал Асад да го почитуваат примирјето, предупредувајќи дека трпението на Вашингтон е при крај. - За продолжувањето на...

Кери: Создавањето кинеска воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море е провокација

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска во Улан Батор изјави дека евентуалното создавање на кинеска зона на воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море, САД ќе го сметаат за провокативен и дестабилизирачки чин. - Воведувањето на таква зона над делови од Јужното Кинеско Море ќе го сметаме за провокативен и дестабилизирачки чин, кој автоматски ќе ги зголеми тензиите и ќе ја доведе...

Одложена конференцијата за израелско-палестинскиот мировен процес

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска рече дека меѓународната конференција, предвидена за 30 мај во Париз, на која требаше да се поттикне израелско-палестинскиот мировен процес, е одложена за летово. - Американскиот државен секретар Џон Кери не може да дојде на 30 мај. Конференцијата ќе се одржи летово. Оваа иницијатива е неопходна – изјави Оланд. Конференцијата, која ја предложи Франција, треба да ги заживее мировните преговори.

Кери и порача на Европа итно да ги спречи нападите

Американскиот државен секретар, Џон Кери изјави дека Европа се соочува со итна ситуација и оти мора да ги спречи новите напади на екстремистите. Кери рече дека последните напади во Брисел, во кои загинаа 31 лице, а повредени се 340, покажуваат дека Исламска држава претставува сериозна закана и за земјите кои не се зафатени со војна. - САД бараат дополнителни проверки и...

Кери повика на уште посилно спротивставување на тероризмот

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Брисел повика на посилна борба против тероризмот и милитантната група Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападите во кои се убиени 31 лице, а повеќе од 270 се ранети. Официјални американски извори потврдија дека меѓу загинатите се наоѓаат и двајца американски државјани. Кери им изрази сочувство на граѓаните на Белгија. Американскиот државен секретар претходно...

Русија и САД ќе го наведат Асад да донесе „правилна одлука“

Русија и САД на разговорите во Москва договорија да го искористат своето влијание на страните во сириските судири за да ги уверат во забрзување на напорите за наоѓање политичко решение. Државниот секретар на САД, Џон Кери, по четиричасовниот состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Москва и Вашингтон следните неколку дена ќе се обидат да го наведат сирискиот претседател...

Кери: ИД изврши геноцид

Американскиот државен секретар, Џон Кери, обраќајќи се во Стејт департментот рече дека милитантите на Исламска држава извршиле геноцид против христијаните, Јазидите и другите етнички групи во подрачјето што го држат под контрола. - ИД е геноцидна сама по себе, според идеологијата и дејствувањето, според тоа во што верува и што прави – рече Кери. Американскиот државен секретар во Вашингтон рече дека ИД е...

Кери следната недела во посета на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Џон Кери, разговараа за подобра координација во функција на одржување на прекинот на огнот во Сирија. Лавров и Кери во телефонски разговор потврдија дека американскиот државен секретар наредната недела ќе отпатува во Русија, соопшти руското министерството за надворешни работи. Од Кремљ и претходно во текот на денот сигна потврда дека официјална Москава...

Кери на средба со саудиските и со европските претставници за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе ги посети Саудиска Арабија и Франција поради разговорите со саудиските и со европските претставници за конфликтите во Сирија, Јемен и во Либија. Стејт департментот соопшти дека Кери денеска ќе го посети саудискиот град Хаар ел Батин, кај североисточната граница со Ирак и со Кувајт, каде 20 земји ја завршија тринеделната антитерористичка воена вежба. Кери потоа од...

Кери: Егзодусот на бегалците во Европа е глобален проблем

САД сметаат дека егзодусот на бегалците од Блискиот Исток во Европа е глобален предизвик, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. - Тоа не е проблем на некој друг. Тоа е тест за сите нас – истакна Кери во Вашингтон на заедничката конференција за новинари со германскиот министер за надворешни работи, Франк Волтер Штанмајер. САД сметаат дека бегалската криза е глобален проблем,...

Кери: Имаме план Б ако не се одржи примирјето во Сирија

САД за неколку дена ќе знаат дали ќе се одржи примирјето во Сирија кое треба да стапи на сила в сабота, а ако политичките тензии не сопрат, постои план Б, рече американскиот државен секретар, Џон Кери. - Докази за тоа ќе бидат потезите во следните неколку дена. За месец или два ќе знаеме дали процесот на транзиција е навистина сериозен......

Кери и Лавров постигнале прелиминарен договор за прекин на огнот во Сирија

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска изјави дека со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, успеале да постигнат прелиминарен договор за прекин на огнот во Сирија. Кери, како што пренесуваат агенциите, навел дека со Лавров зборувал утрово и изразил надеж дека претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, ќе остварат разговор во текот на наредните денови...

Кери: Русија да престане со бомбардирањето во Сирија

Американскиот државен секретар, Џон Кери, побара од Русија да го прекине бомбардирањето во Сирија и да воспостави прекин на огнот во земјата. - Русија многу директно ми навести дека е подготвена на прекин на огнот. Иранците пред два дена во Лондон потврдија дека сега ќе поддржат прекин на огнот - истакна Кери. Тој додаде дека набргу ќе биде јасно кој...

Кери ја повика Русија да престане да ги бомбардира сириските бунтовници

Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Москва да престане со бомбардирањето на сириските бунтовнички групи, откако разговорите меѓу опозицијата и претставниците на Дамаск пропаднаа во Женева. Кери на својот руски колега, Сергеј Лавров, во телефонски разговор му рекол дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН повикува на безусловен прекин на огнот во Сирија за да се овозможи хуманитарната...

Кери: Можно е одложување на мировните преговори за Сирија

Мировните преговори за Сирија кои се планирани за следната недела, би можеле да бидат одложени за еден или два дена „од логистички причини“, изјави американскиот државен секретар, Џон Кери. Кери појасни дека одложувањето на преговорите, во кои посредуваат ОН, може да се случи поради праќање на поканите до учесниците во преговорите. Претходно со американскиот државен секретар се сретна специјалниот претставник на...

Кери: Асад е магнет за терористи и мора да си оди

Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека САД не бараат промена на режимот во Сирија, но дека Башар ал-Асад мора да замине од позицијата. Кери во интервју за московските медиуми го нарече Асад „магнет за терористи“ кој не може да остане на позицијата претседател во иднина. - Овде сум за да разговарам со Путин за Сирија и за нашата потреба со...

Кери: Одлуката за сириската влада мора да биде наскоро

Одлуката за тоа каква транзициона влада ќе биде формирана во Сирија мора да биде донесена во текот на наредниот месец или два, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Тој на заедничка конференција за новинари со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Њујорк, рекол дека малку е веројатно дека до средината на јануари ќе почнат разговорите помеѓу сириската опозиција и...

Кери на разговори во Москва за наоѓање решение за сирискиот конфликт

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Џон Кери, денеска е во посета на Москва, каде ќе има разговори со рускиот државен врв, како дел од политичкиот процес за ставање крај на војната во Сирија, пренесуваат светските медиуми. Кери во моментов е на разговори со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, а во текот на денот ќе им средба...

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...