fbpx
Таг: џон кери

таг: џон кери

Лавров и Кери: Треба да се заврши листата на терористичките групи

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, се договориле дека е неопходно да се финализира листата на исламистички терористички групи. Во телефонскиот разговор пред посетата на Кери на Москва, тие се согласиле дека одлуките за Сирија треба да бидат спроведени и пред одржувањето на новиот состанок посветен на кризата во Сирија.

САД даваат дополнителни 24 милиони долари за помош на бегалците во Европа

Вашингтон одобри 24 милиони долари дополнителна помош за бегалците во Европа, изјави државниот секретар на САД, Џон Кери, во Атина. Помошта ќе биде дадена преку УНХЦР, а ќе се употреби за прифаќање, храна и за сместување на бегалците, како и за помош на властите во проверување и во процесуирање на бегалците при доаѓање во Европа. Кери во Атина го посети центарот...

Џон Кери пристигна во Атина

Безбедносните прашања, бегалската криза, енергетската соработка, но и спорот за името ќе бидат дел од клучните теми што денеска во Атина ќе ги отвори американскиот државен секретар, Џон Кери. Кери, кој во Грција доаѓа директно од Кипар, утринава ќе се сретне со премиерот Алексис Ципрас, а потоа и со својот грчки колега, Никос Коѕиас. Очекувањата се дека Кери доаѓа со намера да...

Кери: Нема пораз на ИД без пешадија

Американскиот државен секретар, Џон Кери, предупреди дека за успехот на борбата против Исламска држава се потребни сириски или арапски трупи на терен, затоа што милитантите не може да се поразат само со воздушни напади. - Мислам дека знаеме дека Исламска држава нема да биде целосно поразена со воздушни напади, без испраќање некои трупи на теренот, кои се спремни да се борат против...

Русија ќе возврати на проширувањето на НАТО кон исток

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе возврати на проширувањето на Северноатлантската алијанса кон исток. НАТО денеска ја повика Црна Гора да се приклучи кон Алијансата и да стане нејзина 29. членка. Песков рече дека санкциите што Русија ги вовела кон Турција поради соборувањето на рускиот борбен авион се поинакви од тие што Западот ги воведе кон Русија поради украинската...

Кери на 4 декември во посета на Грција

Американскиот државен секретар Џон Кери идната недела доаѓа во Атина на средби со грчкиот државен врв. Клучна тема ќе бидат билатералните и регионалните прашања, како и состојбата со бегалската криза. Дали спорот за името и македонско-грчките односи ќе бидат спакувани во торбата на Кери, останува да се види. Кери пристигнува во Атина на 4 декември, по неговата посета на Србија...

Кери: Милитантите на ИД се психотични монструми

Милитантите на Исламска држава (ИД) се психотични монструми, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, кој денеска е во посета на Париз, на средба со францускиот претседател, Франсоа Оланд, јавуваат светските медиуми. Посетата на Кери на Париз, како што пренесува „Би-Би-Си“, е за да се демонстрира поддршката што Вашингтон му ја дава на својот клучен сојузик по терористичките напади. Претседателот Оланд вчера соопшти дека...

Ципрас и Кери разговараа за спорот за името

Спорот за името меѓу Македонија и Грција се најде на агендата на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на американскиот државен секретар Џон Кери. САД изразиле поддршка за наоѓање решение, додека грчката страна уверила дека постои волја за решавање на спорот во рамки на грчките црвени линии за сложено име. Според информациите од кабинетот на Ципрас, Кери изразил подготвеност...

Американското знаме се развиори на Куба, по 54 години

По повеќе од половина век, денеска на Куба се развиори американското знаме пред амбасадата на САД во Хавана. Церемонијата ја предводеше американскиот државен секретар Џон Кери. Американското знаме беше спуштено од 1961 година. Државниот секретар Кери, сепак немал средба со претседателот Раул Кастро, ниту пак со поранешниот претседател Фидел Кастро.Тој пак, во отворено писмо ги обвини САД дека, на Куба и должат...

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...