fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Лажна вест е дека Владата купила пет џипови Мерцедес Г класа

Изутринава портпаролот на Владата на својот Твитер профил соопшти дека лажна вест е споделуваната информација на социјалните мрежи дека Владата го обновила возниот парк со пет џипови Мерцедес Г класа. „Владата никогаш не објавила, ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“ напиша портпаролот. Инаку...

Вистиномер: Куп невистини за ковид вакцините и наводниот медиумски молк

Отворен повик за антиваксерство во однос на вакцините против ковид-19 се шири на Фејсбук од страна на медиум на македонски јазик од странство, при што голем дел од тврдењата се невистини, а на други им недостига поширок контекст, пишува Вистиномер.мк во новата анализа, која што подолу ја пренесуваме во целост. Објава на Фејсбук од онлајн медиумот „Коложег“ шири куп невистини...

Еувсдисинфо: Руски медиуми половина лага продаваат како цела вистина

Про-Кремљ медиумите ја совладуваат уметноста „речиси и да не лажат“. Неколку од овие медиуми внимателно известуваат буквално за секој случај на евидентирани несакани ефекти на вакцината на Фајзер, додека исто толку внимателно избегнуваат какви било извештаи за проблеми со руската вакцина Спутник V, пишува во последниот напис „Еувсдисинфо“, што го пренесува „Критинк“. Државната новинска агенција „РИА Новости“ воведе ознака „Pfizer,...

Стојановски: Повикувањето на насилство и говорот на омраза се кривични дела и офлајн и онлајн

Јасно е дека ако има кршење на закони, мора да се спроведат мерки и во и вон интернет. Ако некој крши закон онлајн, тоа мора да се истретира исто како да се случило офлајн. И компаниите што управуваат со социјалните мрежи се свесни за тоа и затоа преземаат низа мерки, за да се заштитат себеси од последици, односно, да...

Вистиномер: „Хакнатите“ документи од ЕМА за вакцините биле манипулирани пред да се појават на интернет

Повик за внимание околу кампањата за употреба на вакцината против ковид-19 од производителот Фајзер-БионТек е пласиран на социјалната мрежа Фејсбук, но со испуштање на важни факти за тоа што се случувало во меѓувреме со украдените материјали од серверот на Европската медицинска агенција. Без тие информации, не може да се расправа околу вистинитоста на содржината во постот, пишува Вистиномер.мк во...

Вистиномер: Не постои „спасено шверцувано бебе“, ниту, пак, таква операција на спасување

Монтирана фотографија од наводно „спасено шверцувано бебе“ во тело на обработено мртво животно, наменето за продажба во месарниците, се користи за ширење дезинформации дека станува збор за спречена трговија на деца и тоа од симпатизерите на наводната армија на Q-аноните, т.е. на теориите на заговор и симпатизери на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пишува Вистиномер.мк во својата нова...

Фејсбук не донира пари ако споделите или коментирате на 13 години стара фотографија од бебе

Бебето кое е прикажано на сликата воопшто не е болно од рак на кожа, а веќе не е ни бебе, затоа што фотографијата е стара 13 години. Според пребарувањата на Гугл, јасно се гледа дека оваа фотографија нема никаква поврзаност со дете болно од рак на кожата, ниту со Македонија. Оваа фотографија, заедно со уште две слични, првично се...

Вистиномер: Полициската акција во Вевчани искористена за дезинформации спакувани во политички памфлет

Во објавата што е преполна со лажни вести (наводна дискриминација по национална и верска основа),  е испуштен главниот контекст. Полициската интервенција за растурање на вевчанскиот карневал е спроведена врз основа на важечки мерки и правила за заштита од корона вирусот, односно заштита на јавното здравје, пишува Вистиномер. Пост на Фејсбук на македонски јазик на група Млади за Македонија шири невистини за состојбите во...

Со едукативни видеа од доктори, Јутуб ќе се бори против дезинформациите за ковид-19

Јутјуб работи со врвни здравствени организации со цел создавање едукативни медицински видеа за платформата во обид да се спречат дезинформациите за ковид-19, се вели во објава на Јутуб блогот. Со новиот тим за здравствено партнерство ќе раководи д-р Гарт Греам, новиот директор на Јутуб и глобален шеф на партнерствата за здравствена заштита и јавно здравје. Грем неодамна беше главен здравствен...

Вистиномер: Тврдењата дека има нешто чудно во брзиот развој на вакцината против ковид-19 се дезинформации

Во својата нова анализа, Вистиномер.мк се осврнува на пост на Фејсбук профил што ја предупредува јавноста против употреба на вакцината против ковид 19 само затоа што била развиена за 10 месеци. Во објавата, која е манипулација и дезинформација, се наведува дека станува збор само за две алтернативи. Првата е дека немало вакцина, туку нешто друго или дека ја имало вакцината...

Вистиномер: Стара изјава на Стивен Хокинг се употребува за манипулации против вакцините

Изјава на познатиот физичар и космолог Стивен Хокинг, дадена во 2016 година, по речиси пет години повторно се актуелизира и се употребува во погрешен, манипулирачки и наведувачки контекст, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Објава на Фејсбук преку сензационалистички и неточен наслов со големи букви тврди дека Хокинг „го шокираше светот“. СТИВЕН ХОКИНГ ГО ШОЌИРАШЕ СВЕТОТ: Мутираните вируси во вакцините се...

Вистиномер: Со вакцината против ковид-19 нема да станете половина човек, половина демон!

Објава на Фејсбук шири невистини за вакцините дека вакцината против ковид-19, наводно, преку генетски инженериг ја менува ДНК во организмот на оној којшто ја прима. Со злоупотреба на терминологија од медицинската наука, се прави лажна корелација меѓу вакцинацијата и демоните, се доведува во заблуда населението дека вакцинирањето е, всушност, процес во којшто човекот ќе стане половина демон! Луциферејс (luciferase)...

„Амазон“ го прекина хостирањето на контроверзната социјална мрежа „Парлер“

Parler
Технолошките компании „Амазон“ (Amazon), „Епл“ (Apple) и „Гугл“ (Google) преземаа чекори за суспендирање на социјалната мрежа „Парлер“, која се претставува како алтернатива на „Твитер“ и „Фејсбук“ и која им послужи за координација на учесниците во немирите во Вашингтон во средата. „Епл“ и „Гугл“ први објавија дека ја отстрануваат апликацијата од своите продавници затоа што истата не ги прегледувала објавите на...

Вистиномер: Нострадамус не предвидел зомби апокалипса и вградување чипови во 2021 година

На крајот од секоја година, секој би сакал бар малку да знае што го чека во следната, па затоа објавите на порталите и социјалните мрежи за хороскоп и разни пророштва носат публика и се многу читани. Но, тоа не им дава право на медиумите да објавуваат сензационалистички и лажни хорор предвидувања кои само додаваат на стравот и чувството на...

Вистиномер: Дезинформација е дека секој што ќе качи температура ќе биде убиен во концентрационен логор

Во вирален пост на Фејсбук, лажно се тврди дека извесни таканаречени „сатански слуги“ ќе изгласаат закон во САД, по што ќе ја искористат Американската федерална агенција за менаџмент на кризи (FEMA) и секој што ќе се искашла или ќе пројави покачена телесна температура ќе биде ставен во концентрационен логор и ќе биде убиен, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа,...

Вистиномер: Брзите тестови за ковид-19 не се наменети за сок од киви или за Кока Кола

Во новата анализа, Вистиномер.мк разобличува дезинформација во врска со тестирањето за ковид-19. Анализата ја пренесуваме подолу во целост: Во постот што го рецензираме се тврди дека италијански научници тестирале киви со ковид-19 тест и тестот бил позитивен. Сличен експеримент неодамна спроведе и австрискиот пратеник Михаел Шнедлиц, кој во брзиот антигенски тест наместо материјал од носот или од грлото на суспектен пациент,...

Вистиномер: Дезинформација е дека спикерот Џафери бил пијан на седница

Пост на Фејсбук шири лажна вест дека спикерот на Собранието, Талат Џафери, бил пијан на седница. Станува збор за седницата која се одржа на 24.12.2020, а која траеше цела вечер, до доцните утрински часови. На седницата се расправаше за спорот меѓу Владата и Макпетрол, односно преземањето на ГАМА од страна на државата, пишува Вистиномер. Постот за кратко време стана вирален...

Вистиномер: Не постојат никакви пилоти што признале запрашување на население од воздух

Дезинформациите за „кемтреилс“ сега се проширија со нова варијанта – дека некакви си уапсени пилоти признале оти запрашувале население со хемиски супстанци и поради тоа три големи европски земји ќе ја тужеле Светската здравствена организација (СЗО). Проверката на факти откри дека такво нешто не постои, уште помалку дека светската агенција Ројтерс емитувала таква вест, пишува Вистиномер.мк во новата анализa,...

Вистиномер: Видео со измислен превод манипулира дека Бил Гејтс зборува за чипирање со вакцини

Видео од американскиот милијардер Бил Гејтс, со лажен превод на неговиот говор, масовно се шири на социјалната мрежа Фејсбук, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што ја пренесуваме во целост. Во објавата на видеото стои текстот „Bil Gates за вакцините и БАЛКАНЦИТЕ“ и еден ден по објавата веќе имала над 150 споделувања и над 30 реакции. На видеото е прикажан Бил...

Борел: Странското мешање и дезинформации штетни за нашата борба против пандемијата и за демократијата

Одредени странски фактори, сеедно дали се држави или недржавни чинители, спроведуваат дезинформациски кампањи, намерно ширејќи лажни или заведувачки информации. Тие го прават тоа за да нѐ ослабат и да ѝ нанесат штета на нашата способност да одговориме ефикасно на кризата. Но ЕУ веќе одговара и мора да одговара на ваквите напади, порачува Жозеп Борел, Високиот претставник на ЕУ за...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...