Еувсдисинфо: Руски медиуми половина лага продаваат како цела вистина

-

Про-Кремљ медиумите ја совладуваат уметноста „речиси и да не лажат“. Неколку од овие медиуми внимателно известуваат буквално за секој случај на евидентирани несакани ефекти на вакцината на Фајзер, додека исто толку внимателно избегнуваат какви било извештаи за проблеми со руската вакцина Спутник V, пишува во последниот напис „Еувсдисинфо“, што го пренесува „Критинк“.

Државната новинска агенција „РИА Новости“ воведе ознака „Pfizer, Inc.“ за да им помогне на своите читатели да го насочат вниманието на опасностите од вакцината на САД и Германија.

„Ирска бележи повеќе од 80 несакани ефекти на вакцината Пфајзер“,

„Киргистан ја отфрли вакцината Пфајзер“; Агенцијата на ЕУ ја одобри вакцината Пфајзер под притисок “.

„Еден мртов во Белгија по вакцината од Фајзер “,

„Десет мртви во Германија од вакцината Фајзер “, „23 мртви во Норвешка“ – сите овие наслови се појавија помеѓу 14 и 19 јануари.

Слична е сликата и во другите медиуми во Русија. „Газета.ру“, еден од најголемите новински сервиси во земјата има слични написи:

„Десетици смртни случаи во Норвешка по вакцината Фајзер “;

„Најмалку десет мртви во Германија “.

Државниот радиодифузен сервис известува: „Докторот почина од внатрешно крварење по вакцината Фајзер “. Вакви и слични примери може да се прочитаат и на RT.com , Спутник и RIAFAN.

Познато е дека не само вакцините, туку кој било лек има несакани ефекти. Но, провладините руски центри на дезинформации избираат изолирани инциденти, селективно и манипулативно известуваат, креирајќи слика на голема катастрофа.

На пример, Норвешка, всушност, регистрирала бројни смртни случаи на стари лица, изнемоштени пациенти по приемот на вакцина. Но, нема докази за каузална врска помеѓу примената вакцина и смртните случаи. Овие написи се полни со полувистини, во нив има многу малку од вистината, а многу други работи освен вистината, се вели во написот на „Еувсдисинфо“.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...