fbpx

Вистиномер: Со вакцината против ковид-19 нема да станете половина човек, половина демон!

-

Објава на Фејсбук шири невистини за вакцините дека вакцината против ковид-19, наводно, преку генетски инженериг ја менува ДНК во организмот на оној којшто ја прима. Со злоупотреба на терминологија од медицинската наука, се прави лажна корелација меѓу вакцинацијата и демоните, се доведува во заблуда населението дека вакцинирањето е, всушност, процес во којшто човекот ќе стане половина демон! Луциферејс (luciferase) е безопасен ензим којшто свети кога ќе оксидира и на ниеден начин не е поврзан со Луцифер, пишува Вистиномер.мк.

Вистиномер.мк  во својата нова анализа рецензира пост што демонстрира апсолутно непознавање на медицинската наука, а дополнително помешано со семантичка манипулација, односно злоупотреба на зборот „luciferase“ (истиот збор се доведува во корелација со Луцифер, што е комплетно погрешно и, како што ќе се види во продолжение, нема врска со Луцифер). Постот има за цел да ја убеди јавноста во лажно и скандалозно тврдење – дека ако се вакцинирате, ќе станете половина човек, половина демон, нагласува Вистиномер.мк.

Три вакцини, против пресвета троица
Со првата, започнува процесот на мутација и генетичкиот инжињеринг.
Со втората се изменува самата ДНК на организмот.
Со третата се надградува ДНК со друга демонска спирала Luciferase и човекот станува нефил, пола човек, пола демон, каде што демонот му ја зема власта на човекот врз неговиот организам, т.е. телото. Кој има ум ќе разбере, се наведува во постот.

Според Светската здравствена организација (СЗО), ДНК вакцина вклучува директно внесување во соодветни ткива на плазма којашто содржи ДНК секвенца, која ги енкодира антигените за кои се бара имун одговор.

Ова значи дека, за разлика од конвенционалните вакцини, кои користат цел патоген или фрагмент, ДНК вакцината вклучува инјектирање на мал дел од генетскиот код на вирусот (ДНК или РНК), за да стимулира имун одговор кај пациентот без никаква инфекција.

Оваа процедура не создава генетски модифицирани организми, како што дезинформира постот што го рецензираме. Генетски модифициран организам претставува организам во кој еден или повеќе гени (исто така, наречени трансгени), се спојуваат со генетски материјал од друг организам со ДНК технологија.

МРНА вакцините функционираат на начин што во телото внесуваат РНК молекула, којашто предизвикува клетките да произведат протеин, којшто наликува на еден од виралните протеини кои го сочинуваат SARS-Cov-2 вирусот, предизвикувачот на ковид-19. Потоа, клетките го препознаваат виралниот протеин и креираат имун одговор на него, примарно со генерирање на антитела. Модификувањето на ДНК не се случува со овие вакцини.

За сервисот на проверка на факти на Асошиејтед Прес, доктор Дан Кулвер, пулмолог од Клиниката Кливленд, потврдил дека не е возможно мРНА вакцината да ја промени човековата ДНК.

Во постот што е предмет на оваа рецензија, лажно преку илустрација се тврди дека со третата вакцина, наводно, се надградува ДНК со друга демонска спирала luciferase (луцифераза) и човекот станува нефил, пола човек, пола демон, каде што демонот му ја зема власта на човекот врз неговиот организам, т.е. телото.

Но, што е всушност луциферазата?

Тоа е безопасен ензим којшто свети кога ќе оксидира. Тој природно се создава во инсектите светулки и предизвикува тие да светат. Но, што бара овој ензим во вакцината за ковид-19? Пост од Медицинскиот центар во Тексас објаснува дека го користеле овој ензим за визуелно да потврдат дека се создаваат антитела против ковид-19. Според нив, ова може да ја забрза дијагностиката за 12 пати споредено со други методи и да помогне да се потврди ефикасноста на вакцината.

Луциферазата (luciferase) се користела и за да се открие исходот на терапиите за канцер. Според изведените студии, овој ензим не предизвикува значајни промени во метаболизмот на клетките. Така што, тој е безопасен и на ниеден начин не е поврзан со Луцифер.

Со злоупотреба на терминологија од медицинската наука, се прави лажна корелација меѓу вакцинацијата и демоните, се доведува во заблуда населението дека вакцинирањето е, всушност, процес во којшто човекот ќе стане половина демон!, се нагласува во новата анализа на Вистиномер.мк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...