Но, да се вратиме на конкретното и наводно позитивно киви. Најнапред, постојат контроверзи за тоа дали откако е завршен тестот, двете линии на него се навистина отцртани. Дефинитивно се гледа дека е отцртана контролната линија, што всушност означува негативен резултат, а потоа е намонтиран фрагмент од видеото каде се гледа фотографија на која и втората линија се гледа бледо.
Дали киви некогаш може да биде позитивно на ковид? Може ли да се претпостави дека ако брзиот тест еднаш потфрли, тогаш ќе потфрли и кога ќе се користи кај луѓето? Одговорот е негативен.
Во видеото што го рецензираме, се користи брз антигенски тест, а не ПЦР тест. Во С. Македонија ковид позитивните случаи се откриваат со ПЦР тест, а не со антигенски тест. Тоа е дополнителна причина зошто со овој тест не би можело да се манипулира со бројката на заразени. Освен тоа, доколку нечиј антигенски тест е позитивен, задолжително е да се потврди со ПЦР метода. Значи, молекуларниот тест, а не брзиот антигенски тест е начинот на кој се регистрираат случаите позитивни на коронавирусот.
Антигенските брзи тестови се наменети да бидат користени на начин што во нив ќе се испитува примерок од човековите нос и грло, а не од храна и пијалоци кои имаат различни карактеристики. Така, Кока-Колата што ја испитуваше австрискиот пратеник, има многу киселкаста PH вредност, која може да го оштети тестот, особено затоа што самиот пратеник воопшто при тестирањето не користеше бафер, супстанца која има за цел да ја одржува PH вредноста стабилна во текот на експериментот.
Истата логика може да се преслика и на случајот со кивито. Погрешната употреба на рапидните тестови може да води до лажни позитивни резултати, но не покажува дека тестовите не се ефикасни или дека имаат недостаток. Многу едноставно, тестот само истражува објект кој не е погоден за него.
Сергеј Орлов, физичар, објаснува за странските проверувачи на факти дека тестот се состои од специфични протеини кои реагираат на активни супстанци. Ако се открие таква активна супстанца, протеинот ја менува бојата. Кока Колата содржи киселини кои влијаат врз протеините и ја менуваат бојата. Рапидните антигенски тестови се многу точни кај човечки примероци од носот и грлото. Значи, тестот треба да се спроведе според упатствата од производителот. Злоупотребата на антигенските тестови со овошје или пијалоци или нивното користење во погрешни услови за PH, ги прави резултатите неверодостојни и бескорисни.
„Кока колата не е супстанца која е наменета да се тестира со овој тест и затоа не можеме да го сметаме методот за валиден. Физиолошката ПХ вредност во телото е строго регулирана на вредноста 7. Од друга страна, кока колата е многу киселкаста, со ПХ вредност 2.2 која што ги уништува поголемиот дел од протеините. Било кој тест базиран на протеини, нема да функционира со Кока кола или ќе даде лажни резултати“.
Австриското министерство за социјални работи објасни дека храната може да ја промени ПХ вредноста во материјалите земени за тестирање од грлото и затоа на тие што се тестираат им се препорачува да не јадат или пијат два часа пред тестот. Дополнително на ова, сите резултати од антигенскиот тест се потврдуваат со ПЦР метода за да нема никакви дилеми во точноста на резултатот.
Професорот Томас Декер вели дека е невозможно да се каже како тестот ќе реагира на човечки примерок, ако се тестира на храна.
Тестот е дизајниран да комбинира антитела и антигени во специфични услови, услови кои се попречени и пореметени со присуството на храна. Тоа е како да наполните резервоар на дизел автомобил со плин и да очекувате да тргне, изјави Декер.
Оттука скандалозно манипулативно е да се тестираат супстанци како храна и пијалоци на антигенски тест, спротивно на упатствата дадени од производителите на антигенските тестови. Со тоа всушност не се докажува дека тестовите се безвредни или дека не покажуваат точни резултати, туку едноставно не се користат за намената за која се произведени. Причината поради која што тестовите покажуваат и втора линија покрај контролната, е тоа што високата киселост на кивито и кока колата, предизвикуваат да се уништи или оштети тампонскиот слој и позитивното обележување станува видливо.
Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...