fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Долгорочните дезинформациски наративи на Кремљ

Руската пропаганда која засилено делува во светот уште по анексијата на Крим во 2014 година, генерално ползува неколку долгорочни наративи врз кои ги темели дезинформациите. Класифицирани според европската литература за препознавање и борба со дезинформациите, се опишуваат како „Елити наспроти рајата“, „Изгубен суверенитет“, „Традиционални наспроти модерните вредности“, „Нацизам“, „Неизбежен колапс“, „Хахаганда“…Во оваа анализа појаснуваме дел од нив, пишува „Вистиномер“...

ТОП 5 теории на заговор во С. Македонија за минатата година

Пропаганда од Кремљ за војната во Украина, вакцини, Кју-анон, климатски промени, како и теории на заговор за различни моќни лица, беа најсподелуваните теми претходната година. Штетното влијание на вакцини и намалување на сериозноста за климатските промени се теми што се повторуваат секоја година, а други како движењето Кју-анон беа особено популарни во 2023та. Константа е честата поврзаност на темите...

Не постои никакво сценарио за замолчување на Палчо и „Десна“

Целата објава изнесува тврдења кои не се засновани на никакви докази, туку исклучиво на произволни изјави и толкувања. Објавата има за цел да манипулира со јавноста и да го испере од одговорност првоосомничениот за убиствата, Љупчо Палевски-Палчо. Тврдењето дека некој нешто исценирал за да го замолчи Палчо и неговата партија Десна, се само производ на бујна фантазија. За случајот...

Лажно тврдење дека Џо Бајден е мртов и заменет со брат близнак, кој не постои

Со помош на Google Image Reverse Search, нашиот тим откри дека видеото не ја прикажува Наоми Бајден. Видеото ја прикажува Кас Теаз, позната креаторка на содржини на ТикТок. Со илјадници следбеници, Теаз јасно укажува во нејзината биографија на ТикТок дека нејзиниот профил е сатиричен. Теаз физички не наликува на Наоми Бајден, вистинската внука на Џо Бајден, пишува „Вистиномер“ во...

Снимка од грабеж во Англија во 2016 година претставена како снимка од нападот во Контролата на летање

Деталите од фотографијата не кореспондираат со денот и времето кога се случил нападот. Поради тоа, Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа е од снимка од 2016 година. Станува збор за инцидент кој се случил во Англија, а во кој две лица нападнале човек на неговото работно место за да го ограбат, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го...

Палевски не бил ослободен во Турција, во затвор е во Баликесир

Тврдењето дека Палчо бил ослободен во Турција  е неточно, тоа не соодветствува со фактите и со изјавите и информациите кои доаѓаат од официјални лица и институции. Спротивно на тврдењето во објавата, има потврда од Републичкото јавно обвинителство Баликесир, Турција, за која на 29 декември информираше македонското Министерство за правда, дека на Палевски му бил одреден привремен затвор од 40...

Настанот со малолетникот од Тетово кому му пукнала петарда во устата, не е регистриран во билтенот на МВР

За време на новогодишната ноќ на малолетник во Тетово му пукнала петарда во устата и детето било однесено во болница. Но, наспроти известувањето на повеќе медиуми дека во „билтенот на СВР Тетово се нашол настанот со малолетник кому во устата му пукнала петарда“, таков настан не бил пријавен во полиција, МВР, ниту пак, го има полицискиот билтен, пишува „Вистиномер“...

Руско бомбардирање на „руската“ Одеса

Рускиот претседател Владимир Путин и на маратонскиот медиумски спектакл по пауза од една година поради војната во Украина, не пропушти да каже дека „Русите и Украинците се еден народ“, дека „Одеса е руски град“. За цинизмот на Путин доволно говори тоа што ноќта пред интервјуто, а и денови потоа, „руската Одеса“, беше цел на крвав напад со дронови и...

Бура од дезинформации го „поплави“ убиството на Вања

Свирепиот, антицивилизациски чин со двете ѕверски убиства што предизвика колективна тага и траума во општеството, неизбежно се рефлектираше на социјалните мрежи, податливи да се истури гневот, да се шират најразлични шпекулации и дезинформации. Трагичниот настан се најде во годишното обраќање на претседателот Пендаровски кој констатира дека крајот на 2023 година ни ја донесе најголемата тага во последната деценија, а ...

Ватикан не одобри, туку даде благослов за истополови бракови

Ватикан не одобрил истополови бракови, ниту, пак, одобрил римокатоличките свештеници да венчаваат хомосексуални парови, како што тврди оваа објава. Она што Ватикан го одобри е давање благослов на паровите „кои се во невообичаени ситуации, како и истополовите парови“, но без каква било ритуализација или да се остави впечаток на брак. Доктрината на Ватикан во врска со бракот не се...

Пет наративи на Кремљ во позадината на лавина дезинформации за Украина во 2023 година

Прегледот на дезинформациите на најмасовната социјална мрежа во Северна Македонија, Фејсбук, покажува дека во 2023 година се следеле стриктно дел од руските дезинформациски наративи, а покрај тоа зголемeнa e и употребата на манипулирани видео содржини (deep fake), со цел да се поткопа угледот на украинското врвно раководство и да се деморализира населението. Преовладувачкииот вид на дезинформации се обидува вината...

Огнениот крст на божиќните украси во Летонија не е поврзан со нацистичката свастика

Летонија не го глорифицира нацизмот и фашизмот, а уште помалку тоа го прави преку новогодишни украси, како што сугерира објавата. Иако симболот на божиќните украси прикажани во видеото кое го споделува објавата изгледа како нацистичка свастика, тоа е угунскруст (огнен крст), кој потекнува од летонскиот фолклор и историја. Огнениот крст кој со милениуми се користи во фолклорот на летонската...

Ковачевски: Свесноста за манипулациите со информации и влијанија е поголема од кога било

Перспективите за борба со дезинформации, односно борбата против странските информациски манипулации и влијанија од кои дезинформациите се само дел, во 2024 се подобри од која било година претходно, вели во интервју за „Цивил Медиа“ премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Ваквиот оптимизам во врска со борбата против дезинформациите, Ковачевски го брани со тоа што Северна Македонија е дел од...

Шпекулации и произволни тврдења за двојното убиство пласирани како факти

За случајот со двојното убиство има приведени и осомничени, најдени се телата на убиените и подготвена е кривична пријава. Не е точно дека осомничените за убиствата сами се предале, дека полицијата не реагирала веднаш по пријавите за исчезнувањето на Вања и Панче, дека возилото на Панче слободно се движело до денот кога била грабната Вања. Во врска со автомобилот...

Графички изменето видео злоупотребено за да се исмее Бајден

Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември), објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина...

ЕУ презема мерки против социјалната мрежа „Х“ поради дезинформации

Официјални претставници на Европската Унија соопштија дека се сомневаат оти социјалната мрежа „Х“, претходно позната како Твитер, ги прекршила правилата на Унијата во неколку области, меѓу кои и во спречување на нелегални содржини и дезинформации. Би-би-си пренесува дека во објава на „Х“, еврокомесарот Тиери Бретон рече дека социјалната мрежа која е во сопственост на Илон Маск се сомничи и за...

Дезинформациите со злоупотреба на вештачката интелигенција можат да бидат штетни за изборите

Последната сесија од денеска одржаната меѓународна конференција „е-Општество.мк“, што Фондацијата Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат, беше посветена на проблемот на дезинформациите и злоупотребата на вештачката интелигенција за штетно влијание врз демократијата, односно, поконкретно врз изборите и размислувањето на гласачите. На темата „Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес“ говореа: Јан Цингел, основач и претседател на „Strategic analysis”...

Би-би-си: Лажни видеа ги шират руските лаги до милиони гледачи на ТикТок

Руска пропагандна кампања која вклучува илјадници лажни кориснички сметки на ТикТок што шират дезинформации за војната во Украина, е откриена од страна на Би-би-си. Видеата рутински привлекуваат милиони прегледи и имаат очигледна цел да ја поткопаат поддршката на Западот, пишува Би-би-си. Корисниците во неколку европски земји биле подложени на лажни тврдења дека високи украински функционери и нивните роднини купиле луксузни автомобили...

Купишта невистини за грабнувањето и убиството на Вања

Објавата шири низа невистини во врска со грабнувањето и убиството на Вања. Не е вистина дека имало втор обид за киднапирање, не е вистина дека мајката го пријавила исчезнувањето на ќерката ден пред нејзиното киднапирање, не е вистина дека таткото не го пријавил исчезнувањето на неговата ќерка и не е вистина дека полицијата нема докази од снимки од камери,...

Бојана Зориќ: Медиумската писменост и младинскиот развој се суштински во справувањето со странското мешање и безбедносните предизвици

Безбедносните проблеми на Западен Балкан сега исто така се поврзани и со дезинформациите и лажните вести кои имаат тенденција да го дестабилизираат регионот и може да го попречат остварувањето на најважните стратешки цели на Западен Балкан. За оваа и за други теми Порталб.мк разговараше со Бојана Зориќ, експерт за безбедносни прашања во Западен Балкан. Таа нагласува дека безбедносните предизвици...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...