fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

„Часовникот на Судниот ден“ останува 90 секунди до пропаста на човештвото

„Часовникот на Судниот ден“ кој симболично покажува колку светот е блиску до апокалипса и истребување на човештвото, останува на 90 секунди „до полноќ“, што е најблиску досега откако беше создаден, соопшти панелот од меѓународни научници. Часовникот секоја година го поставува Билтенот на атомските научници кои велат дека „застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат светот кон глобална катастрофа“. Минатата година, Билтенот го...

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува...

Истражување на Метаморфозис: Загрижувачки тренд на дезинформации, граѓаните бараат да се преземат мерки

Ширењето дезинформациите од година в година достигнува загрижувачки трендови. Граѓаните ги детектираат дезинформирациите, воедно ја губат довербата во медиумите и бараат од властите да се преземат мерки за нивно спречување. Ова се само дел од заклучоците од последното истражување на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, насловено како „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија...

Не е вистина дека НАТО ги повлекол сите безбедносни сертификати

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации информира дека досега се нема случено повлекување на безбедносни сертификати дадени на македонски функционери, воени лица, разузнавање и МВР од страна на НАТО, ниту пак, за такво нешто има какви било индиции. Потврда дека информацијата што се споделува на социјалната мрежа X е  неточна добивме и од Министерство за одбрана, пишува „Вистиномер“ во...

Содржината кон Запад, коментарите кон Исток: Што се објавува на Фејсбук за НАТО и ЕУ

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во нивните зборови. Опозициските партии,...

Ердоган не ставил услов за екстрадиција на Палевски

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, не постои услов поставен од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за испорака на припадници на ФЕТО во замена за екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Претседателот Стево Пендаровски го демантираше ова и рече дека најголемиот дел од нив не се во земјава, но...

Не е точно дека може да се направи „регенерација на сите органи“ со микропроцесори од калај

Вистиномер рецензира објави на социјалната мрежа Фејсбук во кои се тврди дека секој орган може да се регенерира без лекови, преку обраќање (комуникација) на клетките со програмски јазик. Ова е дезинформација. Интервјуа со ваква тематика од основачите на ПЗУ за алтернативна и комплементарна медицина, ординација Центар за биоинформатика – Ревит Скопје и со истото или други неточни тврдења се...

Администрацијата на Бајден не ги отстранила орелот и знамето од американскиот пасош

Пасошите на САД со променет дизајн уште го содржат и орелот и знамето на САД, само на различна страница. Тие почнаа да се издаваат во 2021 година, со одлука од времето кога претседател на САД беше Доналд Трамп, така што не е точно дека администрацијата на Бајден ги сменила, ниту пак дека ги отстранила орелот и знамето, пишува „Вистиномер“...

Екстремно ниските температури не ги негираат глобалното затоплување и климатските промени

Објава на Фејсбук повторува класична невистина – дека екстремно ладни зими на тлото на Европа го негира постоењето на климатските промени, предизвикани од глобалното затоплување. Во објавата се споделува  фотографија – температура карта на која се прикажани речиси сите европски земји, а на секоја држава се испишани екстремно ниски температури во Целзиусови степени, но без да се цитира ниту...

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и демонска. Но, ова видео не е снимено во црква во Украина, ниту е некако поврзано со религија, како што...

Не е вистина дека е ослободен таткото на убиената Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е осомничен за делото грабнување во случајот со убиството на неговата ќерка, не е ослободен, туку во моментов се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ изјави дека за Александар се бара мерка куќен притвор, нагласувајќи дека постапката за укинување на притворот може да потрае. Според тоа, тврдењето...

Кликбејт наслов дека мајката на починатото девојче од Кичево се огласила со шокирачка изјава

Мајката на починатото двегодишно дете од Кичево воопшто се нема огласено со некаква шокирачка изјава за јавноста, туку станува збор за изјава што ја дала во полициска станица пред полициски службеници уште кога детето се повредило. Не се познати околностите зошто таа кажала дека детето се повредило при детска игра, ниту дали била запознаена за тепањето кое претходело. Насловот...

Косовски оџи не објавувале за Вања, туку лажен провокаторски профил

Во објавата се повторува веќе расчистената невистина дека за Вања Ѓорчевска, која беше грабната и убиена во близина на Скопје, наводно пишувале косовски оџи. Не постоеја никакви косовски оџи кои напишаа коментар за Вања, туку тоа беше лажен профил кој злоупотреби фотографија на оџа од Албанија. Вања не излегла од територијата на Македонија, туку дента кога беше киднапирана, била...

Нема докази дека Украина во војната со Русија губи по 30 илјади војници месечно

Поранешниот јавен обвинител на Украина, Јуриј Лученко изнесува шпекулативни податоци за бројот на убиени и повредени војници. Впрочем и самиот во неговата изјава ги повикува властите на Украина да ги објават точните бројки на настрадани војници, што потврдува дека тој ги немал и не говорел врз основа на официјални податоци. Украина не ги соопштува бројките за своите загинати и повредени...

Печалбарите што заминале за Германија и Швајцарија, ја посетиле државата за празниците, не се нови иселеници

Во насловот од објавата која ја рецензираме, се пропушта контекстот, затоа што се вели дека 11 илјади печалбари за една недела „заминале“ во Швајцарија и Германија. Од текстот, пак, станува јасно дека тие се враќаат во Германија и Швајцарија, дека во земјава биле само на посета за празниците и дека не станува збор за нови печалбари, туку за постоечки....

Светскиот економски форум за 2024 предвидува дезинформации, геополитички и климатски катастрофи

Светскиот економски форум (СЕФ) денеска го објави својот годишен извештај за очекувани глобални ризици за годинава, како и за блиската иднина. Експертите предвидуваат кризи во однос на геополитички тензии, економска нееднаквост, климатски промени и дезинформациите. Наодите на извештајот се добиени преку анкети со речиси 1.500 експерти од бизнис и академскиот свет, како и од владите и граѓанските организации. Повеќе од половина...

Дезинформациите од вештачката интелигенција како „најголема краткорочна закана за глобалната економија“

Според Светскиот економски форум (СЕФ), бранот на дезинформации кој произлегува од вештачка интелигенција може да влијae на идните избори и претставува најголема краткорочна закана за глобалната економија, соопшти Гардијан. Советот го свика годишниот форум во Давос следната недела, а во меѓувреме, во својот годишен извештај за глобални ризици изрази загриженост во врска со политиката која може да биде нарушена со...

Пет години се чека на бугарскиот центар за борба против дезинформациите

Донесовме одлука да создадеме координациски центар во Владата за борба против дезинформациите, соопшти бугарскиот премиер Николај Денков, одговарајќи на прашања од граѓаните поставени преку Фејсбук, известува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Овој координациски центар треба да работи заедно со европските институции, зашто и тие страдаат од многуте дезинформации. Исто така се разгледува прашањето дали треба да се донесе специјален закон“, рече Денков. За...

Долгорочните дезинформациски наративи на Кремљ

Руската пропаганда која засилено делува во светот уште по анексијата на Крим во 2014 година, генерално ползува неколку долгорочни наративи врз кои ги темели дезинформациите. Класифицирани според европската литература за препознавање и борба со дезинформациите, се опишуваат како „Елити наспроти рајата“, „Изгубен суверенитет“, „Традиционални наспроти модерните вредности“, „Нацизам“, „Неизбежен колапс“, „Хахаганда“…Во оваа анализа појаснуваме дел од нив, пишува „Вистиномер“...

ТОП 5 теории на заговор во С. Македонија за минатата година

Пропаганда од Кремљ за војната во Украина, вакцини, Кју-анон, климатски промени, како и теории на заговор за различни моќни лица, беа најсподелуваните теми претходната година. Штетното влијание на вакцини и намалување на сериозноста за климатските промени се теми што се повторуваат секоја година, а други како движењето Кју-анон беа особено популарни во 2023та. Константа е честата поврзаност на темите...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...